1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кондиломи

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од onegirl, 19 март 2010.

  1. lepew

    lepew Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Благодарам многу за сугестијата, ако може да ми дадете контакт од докторот и чисто информативно да ми кажете дали е Никола Пановски доктор по гинекологија или кожен доктор?
    Е сега, знам дека сум досадна :tmi: ама ме интересира дали терапијата со ласер е безболна и дали е доволен само еден третман, затоа што прочитав дека кога се работи за одстранување на кондиломи со течен азот потребно е седум дена да се оди на контролни прегледи.....?
    Исто така ме интересира ризикот од пренесување на кондиломи на детето кога станува збор за пораѓај по природен пат, затоа што имам прочитано дека доколу жената има кондиломи, а треба да се пораѓа, тогаш е задолжително пораѓањето да се изврши со царски рез. Но дали постои ризик тие да се пренесат и доколку се одстранети, зошто веќе еднаш сме ги имале и сме носители на тој тип на вирус?
    Proleterka и ти ли беше на ласерско одстранување на кондиломи кај д-р Никола Пановски? И колку време ќе треба да ја пиете витаминската терапијата со партнерот?
    Благодарам уште еднаш и поздрав
     
  2. bik-skorpija

    bik-skorpija Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    3
    Е сега вака прво да ти одговорам тебе Lepew др Никола е гинеколог има ординација кај дисконтот на Тинекс и Вучко во Аеродром во црвена кула на приземје мислам дека е, терапијата се изведува со претходна анастезија на самото место со игла каде се наоѓаат кондиломите :sweat: .Не е болно малку е нели шубе кога ке помислиш да те боцкаат таму ,ама не боли како анастезија на заб :doh: .Мора да ги отстраниш пред пораѓај, зошто логички ако се пренесуваат од допир кожа со кожа кога ке помине детето низ вагината постои ризик за пренесување.Мене ми требаше еден третман се зависи од бројот на кондоломи и зафатеноста.Јас пред да се породам ги горев со азот и излечена отидов на пораѓај,и фала му на бога синчето е добро, природно се породив. Поздрав :hai:

    Proleterka мене ми дадоа витамини Куркумин и печурки шир таке! Поздрав и до тебе :hai:
     
  3. proletka

    proletka Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Драга Лепев, да и јас отидов кај докторов на ласер. Значи мене сега ми се појавија и гинекологот мој ми препорача да одам на горење со азот. Одев кај Анчевски на два третмани ама не бев задоволна зошто додека едното ти го уништиле после друго ке се појави и затоа решив да одам на ласер. За докторов случајно мајка ми дознала и отидов кај него значи на ласер. Тој тврди дека со помош на витаминската терапија ке се победи вирусот и нема да има никави проблеми за понатаму. А треба да ги пиеме мислам 3 месеци витамините, исти се како тие што ги кажа бик-скорпија. Ке одам на преглед по 15 дена така да ке знам точно колку долго треба да ги пиеме.
    Јас многу се потресов од ова и бев исплашена и прашав дали кога ке сакам да имам дете можам и него да го заразам од ова. Ми рекоа дека не е така затоа што како и да е ти го носиш во себе и се храни од твојата крв и затоа најважно е да се победи вирусот. Така да се надевам дека ова ке ми помогне и нема никогаш повеќе да имам слични проблеми. Поздрав
     
  4. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    Поздрав и до тебе...
    Јас 4 пати ги горев со течен азот,ама безуспешно кај докто Крцковски и си дадов многу многу пари...Што и не беше фер а ме испрати кај него дотичниот доктор Гроздановски од Систина...Цело лето се малтретирав...И на крај се спасив има една крема се вика Вартец и може да се најде во соседна Грција чини 22 евра и што е најбитно може дома да се нанесува и зависи колкав временски период нормално со препорака од доктор ... Јас имав болки само два дена и после супер,веќе нема ништо...Мој совет е тоа...
    А нашиве доктори се безобразни и се однесуваат неетички,сакаат да ни наметнат нешто од што они ке имаат корист ретко кој ти дава опции за да избереш сама,освен кога ке почнеш да читаш по форуми па ке дознаеш се што треба и нетреба...
    тоа е мој совет
    поздрав 8)
     
  5. bik-skorpija

    bik-skorpija Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    3
    Поздрав и до тебе,ти благодарам за одговорот. :hai: Колку време веке е поминато од кога си ја користела таа крема зошто кондиломите нели знаат да се вратат :puke: ?Јас би платила и 100 евр да знам дека е ефикасна. Задоволна сум и од ласерот не ми се појавиле веке 9 месеци. :x :sweat:
     
  6. mocka

    mocka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    da toa e niskorizicen virus i decko mi ima bradavici no toj ne saka da odi na doktor znam kako tie no ne e strasno poz
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.086
    Допаѓања:
    155.548
    Се тешиш дека не е страшно?!
    Па страшно е да ти кажам право.
    Не можам да разберам како во 21 век некој не сака да оди на лекар од срам,а е за сопствено здравје.Според мене тоа е дел и од културата и од хигиената.
     
    На vilma, 2468 и RainBow им се допаѓа ова.
  8. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    Па поминаа 6 месеци,но имам другарка што ја користела и поминати се од тогаш 5 години така да има ефект а не е скапа...Во споредба со горење или ласерски третмани...Мене во Гинекомедика за со Ласер ми побараа 250 евра,не беше нормална таа а за 22 евра се среди целата работа и фала богу ги нема...
    поздрав 8)
     
  9. bik-skorpija

    bik-skorpija Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    3
    Девојце немој да спиеш на тоа уво :!: .Ако им е местото да бидат таму ке се раѓаме со нив.Во денешно време како што се расте и се менува неможеш да знаеш во што ке прераснат :tmi: .Под хитно и двајцата на лекар ке си прочиташ на форумов погоре се ти е објаснето убаво и каде и како можеш да ги отстрниш :geek: .Мажите се егоисти и не сакаат да ги гледаат таму доле( :rofl: ниту еден не е сигурен со својот ПАТЛАК :P ),како тоа некој да го гледа :tmi: и да им го чепка најсветото нешто.Немој да чекас на лекар под хитно и пап тест ПОЗДРАВ :hai:
     
  10. missA

    missA Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    здраво девојки,
    имам проблеми со генитални брадавици и ме интересира дали можете да ми кажете во која ординација сте ги третирале истите со течен азот и колку третманот чини
    поздрав и однапред благодарам
     
  11. bik-skorpija

    bik-skorpija Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    3
    Поздрав missA прочитај низ форумов по детално и одлучи сама кој метот ке го користиш.Сите имаме различни искуства факт е дека секој лекар си влече за тоа от што он има корист.Немој азот зошто тоа е фрланње пари без везе ке ти се вратат пак назат.Пробај или со ласер мене ме чинеше 3000 ден ама имаф само пет за горење парите зависат од бројот и колку ти се проширени.Пробај и со таа крема што ја препорача погоре Podarok од Грција.Колку побрзо подобро за тебе и направи пап тест за да видис за HPV и обавезно витамини. :hai: ;)
     
    На missA му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nikolinamitrova

    nikolinamitrova Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    И јас имав исти проблем.Лутав и барав чаре за кондиломите.Се пробав .Бев на два третмана со радиобранови и фала богу ги немам више.Кожната докторка ми рече дека нема да ми се повторат.
     
  13. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    Од пред некое време имам осетено вакви, меѓутоа, за некој ден исчезнуваат и мислев дека се од бричот :(
    Зарем мора на доктор?
     
  14. nikolinamitrova

    nikolinamitrova Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    И на мене така ми почна па ја ај денес ај утре па се намножија.Под итно на доктор
     
  15. missA

    missA Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    повторно јас, мегутоа сакам овојпат да го споделам искуството на лечење на кондиломите... макар е малку рано да се каже дека денес бев на ласерски третман :) , меѓутоа сакам уште сега дури ми е свежо искуството да прераскажам :)
    точно е дека е малку поскапичко, мене ме фати 8000 ден. меѓутоа јас имав 7-8 кондиломи и уште толку ситни и мали, се каам што на време не отидов да ги лечам од многу причини меѓу кои е серазбира и тоа дека поевтино ќе ме фатеше :)
    докторот прво го боцка секој кондилом поединечно со анестезија а потоа со ласер ги гори кондиломите
    единствена болка во целиот тој процес е болката од иглата (што и не е којзнае колку голема), другото не го осеќаш
    искрено ви благодарам на сите за советите, навистина немав идеа во кој правец да го движам третирањетно на овој проблем
    оние што го имаат овој проблем, се надевам дека ќе ви биде од корист ова текстче
     
  16. oven-skorpija

    oven-skorpija Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    здраво го прочитав форумот можеби илјада пати и си имам мака
    дечко ми има кондиломи и баш видов за кремата вартец и ја набавив и сакам да прашам како се нанесува колку пати и ако можеш да ми пишеш дали е дозволено однос за време н ннесувањето на кремата и така
    бидејќи по порачка ми беше земена и не ми кажаа како да се употребува
    ај те молам мн пиши ми
    поз
     
  17. missA

    missA Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    драга овен-скорпија, сакав да те прашам дали од грција (како што беше сугерирано во форумот) ја имаш набавено кремата, или сепак почнале да ја донесуваат и кај нас
    јас со ласер ги третирав моите кондиломи, но сепак би сакала да набавам (за не дај боже) од таа крема
    поздрав :)
     
  18. oven-skorpija

    oven-skorpija Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    да дирекно од грција бидејќи долго време ја барав овде во македонија и ја немам најдено
    ама проблемот е во тоа што упатството е на грчки и не знам како се нанесува и затоа прашувам, а на интернет најдов упатство ама некако не сум сигурна бидејќи упатство од доктор и препорака не е исто како од интернет
    затоа само грција за таа крема е спасот
    и кошта само 20 евра а тука кај нас за ласер и течен азот е оган и пламен односно колку пари моментално му требаат на докторот толку ти зема
    поз и порачај си мој совет
     
    На missA му/ѝ се допаѓа ова.
  19. deprimirana

    deprimirana Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    2
    а тие се појавуваат надворешно или внатрешно???? и какви симптоми има?
     
  20. oven-skorpija

    oven-skorpija Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    надворешни се и обично се во вид на карфиол или пак имаат боја на месо значи мали се, и се простираат на нежните делови на пенисот и вагината и надворешно со голо око се гледаат.
    најважно е дека се лечат со зајакнување на имунитетот и со терапија секако, а денес е напредна технологијата нели.