сите што имаат проблем со кондиломите би ви препорацала на време да ги третирате.јас пред две години имав 2 на препоните за кратко време ми се намножија и по гениталиите.кога отидов на гинеколог докторот ми препорача ласерско или крио лекување .само со еден крио(азот) тртман сите ми ги исцисти .воопшто не болеше ниту беше скапо(2000)денари..и повеке не ми се појавија
Ајде и јас да си кажам кондиломи ми се појавија пред околу две години, на почетокот имав само 2 кои беа ептен мали, во пределот на усните на вагината и не им обрнав мн мн внимание. Но како одминуваше времето тие се зголемуваа и се појавуваа нови. Се направија како грозд. Најнапред мислев дека е некој гинеколошки проблем,но гинекологот ме прати на кожно ( не ми текнува како се вика докторката- воедно и проф. на медицински ) Ми закажа третмани за горење на народно наречените брадавици, на две недели еднаш. Мене ме болеше (ама најверојатно бидејќи беше не ептен нежно место). И после неколку третмани се изгубија, НО кога ќе ми ослабе имунитетот повторно се појавуваат и јово на ново горење. Е сега, листав едно книжуле за бабини деветини (лечење со тревки , билки) и најдов за кондиломми неколку начини. Јас го користев начинот на горење со есенција за туршија (на чепкалка за уши една капка и само се премачкува, пече малце ама се сушат од корен). Друг начин (јас не го испробав) е со чешне лук, да се издлаби колку што е голема брадавицата и да се стави над неа и да отстои така една вешер и после сама ке се исуши. Инаку кондиломите се вирус кој живее во нашето тело и никогаш не може да се излечи. На секој пад на имунитетот ке се појавуваат.Тоа е ист вирус како што е херпесот и него не можеш да го излечиш, може само да спречиш негово појавување. Поздрав и поддршка до сите кои имаат ваков проблем, се надевам дека ви помогнав со оето искуство
Во периодот кога мене ми се појавија , јас не бев сексуално активна, а велат се пренесуваат само преку сексуален однос Ако не преку тоа , јас не знам како сум ги добила
здраво да ви се надоврзам на темава, вака дечко ми веќе 2 години ги има кондиломите на пенисот ама на почетокот беа многу мал број а засега не можам да кажам дека не се намножени тоа многу. ја зедов кремата од Грција ја имав пишано погоре и ке почне да ја користи се надеваме дека ке му поминат иначе на почетокот имавме секс бес кондом и можам да кажам дека кај мене се немаат нафрлено дали е до имунитетот не знам но откако отидов на доктор-гинекологот ми забрани секс без кондом значи задолжително кондом заради да не се нафрлам и јас. инаку кондиломите се лечат и тоа како затоа е потребно време и секако девојките кои имаат вакви кондиломи задолжително на гинеколог а тоа се однесува и за оние на кои партнерот има кондиломи. бидејќи ако партнерот има кондиломи а девојката нема може да дојде до појава на цин1.2.3.и сл. здравјето е важно и на прво месо пред се позззззззз
На последниот ПАП тест пред да забременам немав ништо освен кандида, а еве сега пред два месеци ми се појави брадавица, не е на гениталиите, туку од страна, ама беше мала и порасна. Не знам дали е тоа кондилом, ама колку што видов слики на тоа ми личи.Можно ли е да е само обична брадавица што ми се појавила дека сум бремена, бидејќи ми се појави една и на лицето близу носот , ама не изгледа исто како таа доле. Не ми се верува да имам ХПВ а до сега ни еден ПАП да не покаже? Некое ваше искуство?
Mислам дека не е кондилом, кондиломите брзо се шират и се како гроздови, а два месеци поминале и не се зголемиле.
И гинекологот така мислеше, вика немаш повеќе само едно ти е , па и јас се тешам дека после пораѓањето ќе се повлече како и што се појави.
Здраво! да се надоврзам и јас на темава зошто како и вие мн. овде и јас ги имав истите проблеми пред некој месец, на сите ви препорашувам директно на гинеколог што порано толку подобро. ке ви раскажам и за моите проблеми и се што јас поминав и се надевам дека ке ви помогнам на сите кои ги имате тие проблеми. Најпрво мислев дека се некои ситни брункишки од бришење како што и мн. други го имаат истот о мислење за нив, подоцна приметив дека тие се шират дечкоми ги имал забележано и предходно ама не ни помислил на такво нешто јас еден ден вака пребарувајки на нет дознав нешто повеќе и се мислев неколку денови но се по опасно стануваше кога се бричав се подсечив болеше страшно.. еден ден се решив и отидов кога ми рече генекологот дека станува збор за ХПВ лошо ми падна ама ајде бидело веќе ме прегледа ми направи и ПАП тест а за кондиломите исто како и на предходната читателка ми препиша WARTEC од Грција ги нарачав едното е како кремче другото беше раствор 22 евра беше кремот а растворот 24 мислам. Ми рече да се бришам со бетадин за надворешна употреба и кантарионово малсо (мислам најногу поага за се и сешто) потоа гентамицин исто така и тоа е крем така се машкав 3 пати на ден потоа ми препиша едни вагиналети Polygynaks и повторно бев на контрола проблемот беше кај ене што се беа прошириле на грлото на матката потоа пак ми препиша уште два вида вагиналети канестен беа едните мислам а др. не знам точно и толку за мојата приказна :С . Ве молам сите кои имате проблем со кондиломите слободно прашајте ме мора да ги одстраните зошто се мн. преносливи и опасни за понатаму. Се надевам дека ке ви помогнам на сите. СО лесно нека е поззз...
А да те прашам, дали ти кажадокторот што е причината за нивната појава, односно како тебе ти се пренесени?
И јас имав и се надевам дека нема да ми се повторат. Меѓутоа сето ова ми создаде страв и незнам дали баш и со користење на кондом сум заштитена или и тогаш може да ми се пренесе ХПВ. Се надевам никогаш повеќе нема да имам слично искуство.
Прашав и во СДП,ама никој не одговори,па затоа ај тука. Кондиломиве се стрикно надворешни,или и внатрешни има? Ми се појави едно како брадавиче,така поголемко е,ама внатре во вагината,не на усни или од околу. Ќе одам на гинеколог,ама престрашена сум да не е кондилом,ќе цркнам.
мене на горниот дел на усните ми се направи како мозолче едно сношти го заприметив и незнам што е ? досега не ми се има направено...а не ме ни чеша ништо .... што можи да е?? леле само да не е кондилом??? ај пишете брзооо ...поздрав
да да па кондиломите се СПБ сексуално пренослива болест можно е долго време да живеат внатрешно и да не се примеќаат подоцна излегуват и надворешно можно е од некоја од бившите на партнерот можеби и од моиве никој не знае.. само се мислам дали е можно и од вц шолјите и така да не се пренесуват..
и јас како тебе се надевам дека нема да се повторат ни кондиломите ниту пак ХПВ да стане по опасен на мене ми препишаа шируп Zull Oxygen plus би ти го препорачала и тебе и на сите оние коии им е опаднат имуитетот овој е германски и доста е ефикасен зошто кондиломите го опаѓаат имунитетот и добро би било да се појачи..
веднаш на гинеколог, ако е внатре значи долго време живеал внатрешно а сега ќе излезе и ќе се прошири надворешно затоа оди и што побрзо одстрани ги грознилките..
Знам дека се сексуално преносливи , но сакам да нагласам дека во периодот кога ми се појавија јас не бев сексуално активна, нема од претходни мои или нечии, ако ме сфакаш. Затоа и на геникологот му беше чудно, а нормално и мене Поздрав
Немора да значи дека се појавуваат во истиот момент кога си се заразила со вирусот.Најверојатно си го имала вирусот од предходно а ти се појавиле во оној момент кога ти се намалил имунитетот.Тоа секако требало да ти го објасни и гинекологот што си го посетила.
и јас пијам витамини, 6 месеци треба да пијам, како терапија. Туку мене ми е страв сега да сум со некого интимна (си имам дечко, ама во никого повеќе немам доверба) за да не ми пренесе пак. Па затоа прашувам дали некој знае дали со кондом си доволно заштитен??? Јас незнам и само слушам различни муабети, никогаш не помислив дека вакво нешто ќе фатам и тоа не сум имала баш многу партнери.
и јас пијам витамини, 6 месеци треба да пијам, како терапија. Туку мене ми е страв сега да сум со некого интимна (си имам дечко, ама во никого повеќе немам доверба) за да не ми пренесе пак. Па затоа прашувам дали некој знае дали со кондом си доволно заштитен??? Јас незнам и само слушам различни муабети, никогаш не помислив дека вакво нешто ќе фатам и тоа не сум имала баш многу партнери.[/quya заштитена си со кодом осве ако кај партнерот не се претерено разнесени.. ако на оне делови на кои партнерот ги има кондиломите ако се покриени со кодомот заштитена си потполно. позз.. со лесно нека ни е на сите кои се справуваме со овие ..