Јас деновиве планирам да одам да ја купам, само ако може некој да ми каже како ја нанесува? Мојот гинеколог ми рече еден ден да ја нанесам следниот да правам пауза пошто била мн јака. Ама мн ми е страв пошто имам внатре и се надевам дека ќе има резултати однеа, последна опција ми е ласер... До сега имам потрошено околу 5000 и го молам господ да се спасам со кремава
Jas imav problem so Condilomi na anusot, uste sto ne probav ama nisto ne pomagase nitu Varumi(6dozi) nitu Laserski Gorenja, nitu elctorcoutter nitu tecen azot, nitu condilin15% . na kraj so Wartec mast (3dena mackanje po 2 pati) gi izgorev condilomite i fala na boga ne se povtorija(veke 1god od togas) probajte so WARTEC e moj sovet ja ima vo grcija 20evra. [mod-kirilica:1as4huo6][/mod-kirilica:1as4huo6]
те молам може ли да ми кажеш за колку време ти се изгубија???ја користам маста wartec веќе една недела.3 ден по 2пати мачкање а 4 дена пауза,така си пишува во упатството.од утре започнувам втора недела.ја купив 30 евра но за таа недела како да ми спласнаа кондиломите и не ме чеше повеке,како засушени се.се надевам дека во текот на неделава ке има уште подобрувања.
Мој совет не џиткајте пари по ласери или со течен азот, кремава е стварно ефикасна. Јас не сум од Ск а 2 месеца се влечев до Чаир на горење со азот и се изгубија тогаш за тогаш и пак се појавија кога престана терапијата. Ем еден куп пари потрошив ем малтретирање. Јас 3 дена ја користам маста и стварно има резултати. Се мачкам еднаш дневно, обично пред легнување мада гинекологов ми рече преку една ден пошто била мн јака, а упатството е на грчки и нз дали е исправно постапувам се надевам нема да има контра ефект. Некој др ако може да пише како ја користел?
sheron јас ја користам двапати дневно 3 дена по ред и 4 дена правиш пауза,така пишува во упатството а истото го прочитав и на нет.мене гинекологот не ми ја препиша,јас сум надвор од мк и кога почнаа да ми се шират веднаш ја купив на своја глава.се надевам не грешам и дај боже веке да поминат.
Ве молам тие што ја имате користено wartec може да ми кажете за колку недели ви исчезнаа кондиломите???
Вака го прочитав секое мислење во врска со темата но не најдов одговор за мојот проблем. За тоа кога точно ги имам добиено немам претстава но кога пред 6 месеци посетив гинеколог ми соопштија дека станува збор за кондиломи и нормално доста истражуваав на таа тема. Проблемот е што со дечко ми сме во врска веќе 2 години и двајцата со сигурност немаме сменето партнери и ако се земе во предвид фактот дека кондиломите се појавуваат 90 дена по активирање на ХПВ вирусот пак се исклучува можноста дека ми се сексуално пренесени затоа што веќе бевме година време сексуално активни. Инаку кондиломите ми излегоа на област која не беше спомената значи некаде измеѓу растојание меѓу аналниот и вагиналниот дел и е околу 4 цм одалечена од гениталиите. Ми рекоа дека е можно да го имам добиено вирусот со користење на некое јавно wc но вториот гинеколог кај кого бев пред 3 дена ја исклучи таа можност и тврди дека кондиломите се симптоми на ниско ризичен ХПВ кој е строго само полово пренослив вирус. П.С. Резултатите после земањето на брисот покажаа дека всушност немам ХПВ вирус. И сликите кои ги гледав на нет со таква инфекција воопшто не наликуваа на моите брадавици.. Плус не крварат нити ме чешаат туку само потекуваат за време на циклус.. Дали станува навистина збор за кондиломи или некоја друга инфекција?
Aко биле кондиломи ќе си знаела со сигурност, многу брзо се шират и се како гроздови.За овие 6 месеци верувај ми ќе си приеметела ако се кондиломи.Плус, резултатот покажал дека немаш ХПВ.Не знам кај кои гинеколози си била, ама поубаво отиди во Систина, ќе платиш може повеќе, ама и точно ќе знаеш дали и каков проблем имаш
за кондиломите единствен спас е Алдара крема може да се купи ја има само во една аптека во кисела вода таму кај тинексот негде ..ако ја немаат моментално може да си ја нарачате ...цената е голема 7500 ден ама вреди ..јас толку пари издадов по горење со течен азот подобро уште на почетокот да ја земав..за една недела мачкање се помина..и не се појавија никогаш еве 2 години поминаа од тогаш и не се појавиле...купете ја многу е ефикасна не губете време со други масти и креми од кои после некое време пак се појавуваат ...
Jas samo sto ja kupiv kremava Aldara ja ima vo aptekite na Viola 6170 denari,ama seuste ne sum pocnala da ja koristam,ne znam tocno kako treba na kolku dena da ja stavam kolku pauza itn. Ada 21 dali ke moze da mi kazes kako ja upotrebuvase i dali e ima bolki posle premackuvanjeto,zasto i toa go imam slusnato.Inaku sto pati mi gi gorea i eve gi pak se pojavija pa resiv da probam so kremava. Navistina bi mi bilo od pomos da mi kazes kako si ja koristela,zosto mene nekako strav me faka..i dali primase nekakva druga terapija?
исто како мене и јас одев 100 пати да ми ги горат и повторно се појавуваа..ја купив алдарата(добро е намалена е малце поскапа беше тогаш) и се мачкав преку 2 дена на почеток,навечер пред да си легнеш ќе се намачкаш убаво и сабајле кога ќе станеш мора одма да се измиеш,инаку да пече малце е непријатно ама не е страшно....и така неколку пати се мачкав и ги снема од кога ги снема се намачкав на истите места уште еднаш за секој случај ....после тоа ништо дури ми останаа од тие пакетчињата не ги употребив сите...ќе видиш ќе ти помине засекогаш...мачкај се сега па пиши шо како ....ако имаш нешто да ме прашаш тука сум,паа со среќа ..поздрав
Фала ти најмногу Ада21,ја од понеделник ке почнам преку еден ден зошто стварно ми се намножија,па ке видиме како ќе биде,ќе ти пишам ако ме интересира уште нешто сепак ти си го поминала тоа..фала ти уште еднаш,поздравче
Ада21,ја можда сум досадна али ме интересира само уште нешто..насабајле да се мијам само со вода или и некаков сапун да користам..ти како правеше??на упатствово писшва вода и мек сапун али не знам каков е тој..
не си досадна дури се радувам што можам да ти помогнам,вака јас си купив од нивеа интимен гел за туширање и се миев со него ,убаво ќе се измиеш да не остане ништо од кремот... почна ли да согледуваш разлика? како ти оди? задоволна ли си? поззз се надевам скоро ќе ти помине како на мене
Fala ti najmnogu na cel svet))pocnuvam ja so lecenje ke te izvestam za rezultatite,ti si mi moralna podrska hahah,se nadevam se ke bide ko sto treba
mene mi pominaja od mast 5 fluorouracil - okolu 600 denari i vaginalni tableti fluorouracil okolu 500 denari i mienje na sekoi tri casa so gel Glizigen koj cini okolu 1200 denari....pozdrav
Заборавив да ве прашам дали само надворешни ви беа или имавте и внатрешни,ја ке одам на преглед за некој ден страв ми е да не се прошириле и внатре..имате ли информација внатрешните како се лекуваат??
јас мислев дека ги имав само надвор , но докторот кога ме гледаше ми кажа дека ги има и внатре и тоа на сите ѕидови на вагината во голем број( за време на бременост можат толку да пораснат што можат да претставуваат пречка за пораѓај по природен пат ). Ми препиша вагинални таблети 5- Флуороурацил кои претставуваат магистрален лек и треба да ги подготви фармацевт ( јас чекав една недела да ги изработат во Скопје ) , ти најверојатно ќе ги добиеш побргу ....Тие се ставаат секоја вечер пред спиење во вагината и се спие со нив , пожелно е да се чуваат во фрижидер....
vi garantiram samo so Wartec mast a tecnosta gi gori no potoa moze da imate bolki samo mast zemajte od grcija i nemajte grizi... [mod-kirilica:3tpb10t1][/mod-kirilica:3tpb10t1]