Конзумеризмот значи дека зголемена побарувачка и зголемено производство на услуги и продукти му носат среќа или задоволство на потрошувачот правејќи го "зависен" од поголемо трошење, најчесто непотребно. Модната индустрија моментално е најголемиот загадувач после нафтата. Обседнати сме со феноменот на "fast fashion", купуваме неквалитетни, ефтини ствари само за да го задоволиме нашиот апетит. Не лажат лесно маркетиншки трикови и голем дел од луѓето не се облекуваат за удобност туку да прикажат материјалност. Инфлуенсерите се капа на се. Уште еден маркетинг кој не убедува дека токму тоа парче е потребно за наша среќа. Истражувања покажале дека луѓето купуваат импулсивно, не размислуваат колку тоа им е потребно ниту дали ќе го облечат. Кредитните картички го продлабочиле џебот, па тешко е да се воспостави контрола. Големи брендови како Зара, направија богатство продавајќи ефтини изработени парчиња за 10 пати поголема цена. Прашањето ми е.. Што мислите, колку е застапен конзумеризмот во нашата земја?, Колку сте вие зависен потрошувач и како успевате да ги контролирате апетитите наметнати од опшеството? Дали ги цените локалните квалитетни изработки и колку пати сте ги поддржиле истите?
Пребарав да видам дали има тема за конзумеризам... си ја отворила вчера Одлично. Само мислам дека треба да се префрли на Општи дискусии, затоа што не е ограничена само на мода и стил. @RainBow ? Он топик: Дефинитивно сме конзумеристичка земја. И на форумов има еден куп теми кои го поткрепуваат тоа тврдење. Најеклатантен пример е: Што последно си купивте? (лични слики) Според моето и однесувањето кое го гледам околу себе, слободно можам да кажам дека најмалку 50% од предметите кои ги купуваме, не ги купуваме затоа што реално ни требаат, туку оти сакаме да ги имаме. Колкумина од вас имаат дома предмети кои не сте ги употребиле година+? Колкумина од вас имате дома предмети чија употреба ви е 'потребна', еднаш - два пати годината? Ако ништо повеќе, сигурно имате фенси чинии 'за гости'. Глобалниот економски систем е така поставен. Да купуваш оти сакаш, а не оти ти треба. Заради тоа што пазарот е огромен, луѓе кои се борат за опстанок, морат да измислуваат начини за да го продадат производот, за да зароботат пари и за и тие да купуваат работи кои не им требаат, ами ги сакаат, често оти се статусен симбол. Најголемиот проблем кој излегува од конзумеризмот, е неконтролираното трошење на ресурсите кои ги имаме на планетава и ексесот на ѓубре и разни загадувачи на почвата, водата и воздухот. 7 и пол милијарди луѓе сме на планетава. А видете ја статистикава за распределба на капиталот во САД. Key Facts. According to the latest Fed data, the top 1% of Americans have a combined net worth of $34.2 trillion (or 30.4% of all household wealth in the U.S.), while the bottom 50% of the population holds just $2.1 trillion combined (or 1.9% of all wealth). Непоправливи сме... И искрено, ме загрижува тој факт.
Aко е темава само за мода, има веќе една таква. https://forum.femina.mk/threads/Цената-на-т-н-брза-мода.29794/#post-4739109
Во право сте за општи дискусии е. Овде може да спаѓат и технолошките гаџети, потребата од најнови телефони, пренатрупаноста со козметика и сл. Луѓе на рати земаат телефони со камата, за да е најновиот. Сигурно познавате и некој што реновира дома на секои 3-5 год. непотребно. Во различни форми и кај секој според сопствените желби, ама е дел од нашето секојдневие. Додека на друга страна го имаме минимализмот како можеби дури и претеран екстремизам, overconsumption е феномен за многу нерационално искористување на средствата.
Живеам во Холандија и овде лугето се многу штедливи. Секонд хенд ородавници се нормална ствар и за облека и за мебел и за техника. Почнав да се менувам откако живеам тука, бавно но дефинитивно. За мк имам малку поспрдно мислење, таму заб нема некои да поправат оти им е скапо ама за телефон најнов не им е скапо или нокти. Исто и кај мажите. Статусни симболи се она што е нормален обичен производ во друга земја. Ем сиромашен народ во споредба со Европа, ем сакаме да се фалиме што имаме. Зависна не знам дали сум, ама сакам да си угодувам. Баш ме брига што велат инфлуенсерките, она што го купувам не го наоѓам на нивните страници. За нешто не фрлам пари, а за нешто да..пазам да не сум безглава кокошка ама не сум ни испосник кој е скромен или скржав за да штеди. Локалното е поскапо од масовното, и за нешто давам пари без грижа на совест, а ако е претерано според мене , не купувам и точка. Никој не влијае директно врз мене, реклами не гледам, на инфлуенсери не верувам, купувам по сопствен осет , не само облека туку и книги и храна. Техника не обичам, само ако мора.
На што мислиш дека се должи тоа? Зошто цело општество ни труе со живеење за да види комшијата? Дали дека е мала земја, ама од друга страна и Словенија е мала земја, па ваков менталитет не е.
Комбинација на балканскиот менталитет со безбројните реклами кои луѓето ги впиваа откако почнаа да ги гледаат на сателитските канали и странските списанија доцните 1980-ти и во текот на деведесетите, а подоцна и преку интернет. Психологија е тоа, ако го користиме/имаме истиот продукт кој што згодната манекенка/манекен го покажа на телевизија/филм/спот и нас животот ќе ни биде така убав и лесен како на реклама. Тоа оди несвесно, но добро е да се освести и да се свати плиткоста на сето тоа бидејќи токму засилениот и прекумерен конзумеризам води кон чувство на незадоволство (повеќето луѓе имаат ограничени средства и време на располагање).
Баш затоа што повеќето немаат, патат од комплекс на ниска вредност. Срам им е дека немаат, па мислат дека ако создадат илузија дека имаат, луѓето повеќе ќе ги ценат и посакуваат. Она клишето од Fight Club: "We buy things we don't need, with money we don't have, to impress people we don't like." Но често се случува и кај луѓе што од раѓање имаат се', да не можат да го променат тој менталитет и начин на функцинирање. Се' си остава трага во однесувањето кај човекот, и воспитувањето, и околината, и изложеноста на одредени работи, и карактерот. Па дури и интелигенцијата има улога. Лично најчесто купувам кога нешто ми притребува, со исклучок на книги. Никогаш не сум следела мода, но сум била под туѓи влијанија, на пример долг период во средно носев исклучиво широки панталони затоа што бев во фаза кога се пронаоѓав во хипхоп културата. До ден денес не купувам парче облека со секоја плата (ко што доста мои познанични прават) затоа што ем не ми е потребно толку облека, ем не секогаш наоѓам нешто што ми се допаѓа а да вреди за цената. Пред година ипол си купив нов мобилен затоа што стариот кој го користев 4 години ми го искршија случајно и немав друг избор. Нов немам намера да купам се' додека не морам, сега за сега повеќе од одлично ме служи овој што го имам. Немам кола, ниту сакам да имам. Не носам накит. Шминка ретко користам, па уште поретко купувам. Од козметика имам есенцијални нешта купени за ефтини пари, не затоа што не си ја вреднувам кожата, туку затоа што сметам дека се сосема квалитетни. Не правам нокти, немам желба. Се шишам ко ќе дојде на ред и не правам ништо друго со косата, немам желба. Дома се подновуваме у принцип или кога ќе има некаков проблем или кога нештото максимално ќе биде искористено. Не сум љубител на рендом нешта, украси, тракатанци, ствари што немаат корист, само да треба да ги чистам од прашина. Почитувам дизајн, така да доколку се решам да купам на пример навлака за перница, изборот би бил навлака со некаков патерн, наместо клот боја. Нештата што ми се потребни, најчесто сакам да имаат нешто интересно кај нив, посебна естетика која ќе ме натера баш тоа да го купам. Единствено нешто што почесто купувам, а ми користело само во моментот на засега еднократното користење се книги. Да, ми причинуваат задоволство, но од друга страна пак само се натрупуваат, ми зафаќаат доста простор, собираат прашина и прашање е дали некогаш повторно некоја од нив ќе препрочитам, сепак има толку многу други книги за читање. Секако останува опцијата да ги препродадам или подарам. Тоа е битка која еден ден ќе морам да ја извојувам. Се' на се', почитувам минимализам и есенцијализам и поготово од 2020 навака се' трудам да ја практикувам таа филозофија (језда е невозможно кога делиш дом со други), ама си сакам и дизајн. Не мора се да биде еднобојно и хардкор минималистичко. Во принцип, главната поента позади минимализмот е да ги примаш сите нешта кои ти значат нешто, а да ги отфрлаш сите кои ништо не ти менуваат. Проблемот настанува кога не можеш да ја направиш разликата. Пред да купиш нешто ново и пред да зачуваш нешто старо, прашај се: "Дали ова нешто навистина ми треба? Колку корист ќе имам од истото? Дали истото ќе го користам и после 90 денови? Дали е есенцијално нешто за мене?". Како и со се' останато во животот, така и со материјалните нешта бидете: mindful, very intentional, extremely selective.
Имам чувство дека тоа во Македонија е така зашто колку посиромашен народ толку поголема желбата да се истакне со нешто што го нема.Комплекси се во прашање.Да се има колку може повеќе, без разлика дали е функционално или не, за да се прикаже лажна слика пред народот. За обичен просечен човек конзумеризмот е купување глупост, до глупост, особено кога постојат зборовите "намалување" , "акција" и слично, а блек фрајдеј, реклами, инфлуенсери и сите попусти ми се негово олицетворение.Постои и тука и мислам дека сѐ повеќе и повеќе се раширува и масовно се промовира. Воглавно, конзумеризмот ми е одлика на алчноста и по малку и глупавост.Кога ќе се спомне зборот, ми доаѓа во глава сликата на оние снимки, сигурно ги знаете, кои снимаат како луѓе се тепаат за да влезат во продавница за блек фрајдеј и да зграпчат сѐ што им е при рака.Можеби претерана слика, ама ми е совршен приказ на тоа како можеме скроз да го исклучиме разумот и да припаднеме во масовното купување и таложење само зашто сме изманипулирани дека мора нешто да имаме. И не само што си правиме штета на себе си со тоа нерационално ги користиме парите, правиме непоправливи штетни и врз природата, како што спомна Вајлд погоре. За мене лично, квалитетот го надминува квантитетот, и се трудам реално да си ги согледам потребите и да се водам според тоа. Ако од нешто имам реална придобивка и знам дека се исплати, вложувам пари и не ги жалам, во спротивно ако нештото ме исполнува само 2-3 дена откога ќе го купам, значи дека не вреди и ме привлекува само рекламата.Освен ако не си милионер, за нас обичниот народ изборите се секојдневие и мора да се размислува дали се правилни за долг рок или не. Пример за мене, да речеме за мода, подобро ми е да купам 1 квалитетно скапо парче отколку 5 маици како крпи.Или подобар избор ми е да купам стручна литература со која ќе се надоградувам во тоа што го учам отколку да купам најнов модел на телефон кој ќе ми служи за фалење. Имам чувство дека и позади масовното купување често се крие подлабока психолошка потреба, да се најде комфорт, некој вид среќа и пополнување празнини во материјалните предмети, како и недостаток на само-контрола. Ми се допаѓа минимализмот, и иако себе си не би се нарекла минималист, сакам да целам кон него, за мене таа идеја е многу поздрава и сметам дека за да се одржи во живот е потребно повеќе труд и планирање отколку безумено трошење на тоа што го имаме( и немаме).
Мислев дека ќе ми пропадне темава, искрено, од што е не така интересна како "што последно си купивте?" Нејсе, во последно гледам е во подем естетската хирургија и хијалуронско пополнување на усни, кое мора да се одржава на секоја 2 месеци ако не се лажам. Страшно е колку се печали на женската несигурност со сопственото тело и изглед. Едно време беа ептен тренд пандора нараквиците (no offense), секоја втора купуваше приврзок. За што мислите дека вреди стварно да се троши? Што си ја заслужило својата вредност? Според мене електричните апарати, многу помагаат во секојдневието на човекот и за нив не треба да се штеди.
Со популарноста на и инфлуенсерството, некако маркетингот ни влезе многу повеќе во нашите животи отколку што сакаме. Колку и да се противиш во даден момент сигурно ќе те “погоди” пласираниот производ и ќе купиш нешто нешто не планирано. Јас се трудам да се бранам од вакви наметливи реклами, пазарејќи со список на потребни намирници, облека, производи. Работите што ги имам дома сакам да се што помалку а најквалитетни што може да си дозволам. За облека веќе посебно последниве години не купувам трендовски парчиња зашто тоа е пропадната инвестиција. Исто така не купувам воопшто украси, без разлика дали се (новогодишни, велигденски...) имам наследено елка и лампиони и освен сијалики кои знаат да се расипат, друго не купувам. На Јутуб порано гледав видеа како да станеш минималист и ми оставија многу впечаток, иако тоа е тесно поврзано со консумеризмот, т.е. е спротивно на него. Искрено има нешто ослободувачко во чувството кога не поседуваш еден куп непотребни предмети.
Јас сум некаде во средина би рекла. Облека имам повеќе од што носам, но ниту инфлуенсерки следам, ниту последна мода, купувам што ми фаќа око. Немам некој огромен "вишок" гардероба, а и ја носам долго секогаш, со години. Од друга страна, козметика купувам многу. Зошто ме радува, зошто уживам во неа, и да, и таму бирам квалитет наспроти квантитет, затоа позамашна сума е ако соберам се' заедно. Не купувам секој месец палета од 50 евра пример, ама ако ми се допадне палета од 50 евра, ја купувам. Апарати за домаќинство, немам се', сакам се'. Во план е се' да имам кога ќе се преселам во поголемо живеалиште. Технологија сакам, телефон купувам на 2г, некогаш некој месец помалку, некогаш некој месец повеќе, купувам флегшип. Зошто ми е мерак, затоа што сакам технологија, затоа што ја користам и уживам во неа. Имам и смарт часовник, и дслр и други гаџети, не ми е криво што ги имам ниту мислам дека ми се непотребни. Е сега, околу комплекси и фалби. Не знам што да кажам на ова, затоа што на социјални мрежи кои ги имам - фејс и инста, не објавувам скоро ништо, а и кога објавувам тоа пак е некоја слика од природа да речеме, врска нема со ништо погоре што набројав. Единствена социјална мрежа кај што зборувам што имам, што сум купила, што сакам да купам итн. е форумов, кај што па, не сум анонимна, ама не е дека баш ме знаат луѓево па ај да им се исчаталам. Не гледам зошто да се лишувам од работи кои не ми тежат финансиски на останатото живеење, а притоа ете ми прават ќеиф. Немам проблем ни секонд хенд облека да купувам, ама не сум наишла на асален секонд хенд, башка плус сајз во Скопје. И за крај, се' што купувам, кога веќе нема да го користам, оди на "проверка" кај мајка ми и сестра ми, ако и на нив не им е потребно, донирам оти секогаш некому е. Така и тие прават, немам ни карминче без врска да ми седи, да речеме утната боја, ги прашувам дали го сакаат, ако не го сакаат секогаш има некој што ќе го сака. Со претераниот конзумеризам не сум ок, затоа што нема поента и е вид на зависност, и функционира на принцип "батко Ѓорѓија", но дека ми е некаква кауза да се лишувам од свашта, не. И не трошам пари што ги немам, освен на колата, земав кредит, и пак исто ќе направам кога ќе и' дојде ден за менување.
Голич кабадаја се вика тоа по битолски. Ем нема, ем важен се прај. Зошто Кардашијанс да се пример за однесување? Оти не е ... не знам... Бил Гејтс, или Нил деГрас Тајсон? Стив Џобс носеше исклучиво фармерки и црни ролки, а имаше пари да не купи цела држава, сосе партали. Погрешни 'достигнувања' се на цена. Ама очекувано е... во глобален систем кој се базира на бесконечно зголемување на профит.
А зошто па мислиш дека Стив Џобс не е никому пример? Мислам, сериозно, човек кој е меѓу најзаслужните за технолошки конзумеризам, не иде како пример за анти-конзумеризам да го ставиме, нели? Не е темава за мода само, а модата е да речам најсериозен показател на тој ексесивен конзумеризам, затоа што цените на брзата мода се за секого достапни, за разлика од технолошката брза мода пример. Мене па не ми боде до толку очи конзумеризмот, колку не-рециклажата. Скоро се' може да се рециклира. И таа облека што го прави сметот, се' е тоа со можност за рециклажа. Јас повеќе проблем имам со производи за "една употреба". И сите ги користиме, и не рециклираме како што треба, зашто сепак мора и државата да се занимава со рециклажа, што дека ќе имам три канти дома, ако на крај ги измешаат во иста депонија. И пак ние од земјите во развој и неразвиените сме тие што највеќе придонесуваме за истово, развиените земји одамна скоро се' рециклираат. Но нашето ниво на свест, и на оние од Индија пример, не е до таму да рециклираме. Најголем дел од нерециклираниот отпад е од "земји од трет свет".
Мноогу поголем проблем за загадување е масовното производство.Со рециклирање се решава многу мал дел од проблемот, голем дел од производите воопшто не ни влегуваат во ланецот на рециклажа(општо зборам не за мода). Затоа и конзумеризмов го гледам како сојузник на загадувањето.
Веројатно социолошка и антрополошка анализа би дала одговори, ако ти беше за мене прашањето. Холанѓаните се посвесен народ од Балканците за НЕКОИ работи, за некои се исто несвесни, а за трети помалку свесни. Не живееле во војни одамна. Не живеат во сиромаштија. Не живеат со 25 % невработеност. Исто има улога нешто што се вика калвинистички 'менталитет' да речам, поврзано со калвинизмот како правец, иако не се религиозни сега, биле порано . Мал дел е религиозен сега. Според калвинизмот треба да си скромен, да финансираш добротворно загрозени групи, и да НЕ СЕ ФАЛИШ со богатството. А богатство имале натрупано како колонијалистичка сила од 17 век натаму. Има значи сијасет фактори. Сакаат да штедат. Не им треба ферари да се среќни . Сакаат да спортуваат. Баш баш ама баш ич не им е гајле "to keep up with the Joneses". Во мк друго вредности се на цена и така.
Добра поента Сите имаме склоност кон еднострано гледање. Џобс беше гонич робова за свои подредени вработени, со цел профит и примат во технологија. А фармерки и ролка @WildMk се уби боже досадни ако се исти секој ден. Јас ако го гледам маж ми секој ден во идентична блуза еве не е истата, ваљда ја перел Џобс по носење оти пот нели.. ќе му речам аман купи нешто другачије, отече со ова. Ама тоа сум јас, тебе може ти е супер
Среќа што ова за мене не важи и сеуште не сум подпаднала на тие реклами, инфлуенсерки и што ти уште не. Реално уште од мала сум учена на рационално трошење, поточно не ми дозволувале се што ќе посакам да имам, туку тоа што е неопходно, а сме имале за многу повеќе ама скромноста пред се. Веќе кога бев матурантка побарав поклон телефон да ми купат, тогаш само што испадна самсунг галакси с7 и татко ми не ме одби туку отиде и одма ми го купи затоа што друго и не ни сум барала, и тоа ми е најскапо нешто што сум го купила. Облека не обожавам да трупам без мера, на шопинг одам исклучиво два пати годишно еднаш зимно време и еднаш летно, и во тоа одење наеднаш земам се што мислам дека ми треба и завршува за мене пазарењето, ниту сум љубител на шетање по бутици, ниту пак следам последна мода. Исто козметика не користам никаква, ниту шминки, ниту креми, освен по некогаш знам да купам некоја маска за лице колку да ја освежам малце кожата. На кратко користам и купувам работи што исклучиво ми се потребни. Е сега во врска со тоа колку е застапен конзумеризмот кај нас можам да кажам дека премногу од тоа што го гледам околу мене. Не знам дали луѓето со тоа сакаат да се докажат колку имаат или нешто друго е во прашање, но луѓето сериозно трошат повеќе од колку што заработуваат и тоа на глупости. Имам во фамилија една ваква личност, буквално целата плата ја троши на гардероба и штикли, дури зема некогаш аванс за да купи нешто што го видела а во моментот нема пари, или од овие брзи кредити што се. Кај нејзе кога ќе отидам исто како во бутик да сум, пола од работите се уште со етикети и не ги носи ама ете ги купува само колку да ги има, е мене тој начин на опсесивно и ненормално купување не ми е јасен и со која цел се прави тоа уствари.
Со едноставното облекување поентата им е дека се троши многу енергија на комбинирање и размислување што да се облече. Во едно интервју беше кажано дека сакаат да си го поедностават животот и ако денот им е полн со други обврски мислењето што денес да се облече не сакаат да им прави проблем и троши време. Реално, многу време се минува пред плакарот, да имавме повеќе униформи за работа можеби светот ќе беше поедноставен. Од муабетот за Холандија погоре, можам да заклучам дека колку посиромашна земја и луѓе толку повеќе се дава на значење на материјални работи.