За да се зачлениш во црква 100 евра? Факт е дека тој што сака да помага на луѓе нема да земи ни пари ни ништо ќе ти речи колку шо имаш толку, ја претераја луѓето, чиниш сите имаат биоенергија и незнам какви глупости, искрено вервам во Господ и се друго, ама ценовник за во црква преглупо ми е, истото го направија и со кревањето леб спевањето и сл, ако не платиш 150 денари нема ни да ти испеј. Дно дна, незнам шо да кажам друго, црква со ценовник Не си ги давајте парите по вакви психопати, за 30 илјади денари ќе ви ги исчисти гревовите, можи не чини ама смешно ми е вкрај
Била некоја кај овој демонов? Прашувам за да дознаам што прават на средбите што им наплакал по 3000 на видување?
Леле Абре кое одење кај овој лаж невиден Па уште и ценовник ставил како во кафана да одат луѓето.. ц ц
Zal mi e sto za vakvi luge nemozat da se vovedat zakoni. A seriozno treba lugeto sto na ovoj nacin se bogatat na debelo da bidat kazneti.
Чисто ме интересира за ваквите како овој и за оние скиентолози дали постои закон? Дали можат да се гонат кривично? Даваат фискална после просветлувањето/баењето и сл?
Леле... хахахха темава... Не знам нишо во врска со овој Ропаков.. АМА... за некоја (не)среќа иам неколку пријателки на фб шо изгледа имаат вишок пари, страшно се „побожни“ и објавуваат слики од „сеанси“ кај „месијава“. Муабетот ми беше тоа шо... со неверување гледам колку добри риби одат кај овој ремен (каиш ) на тие собиранките тоа не е нормално.... нема шанси да не ги знаат од дома паѓам во искушение некогаш да појдам чисто ради нив .. ама не знаев дека има вампирот има тарифа хаххах така да... нека цркнат сите на куп !!!
Ако дошло ред кај Кајшаров да одам, подобро да си платам сеанси на психолог, поефтино ќе ме фати.Срамота е да одиш на психолог и отворено да разговараш за проблемите со стручно лице ама да плаќаш тешки пари на шарлатан ,,да те чисти од гревови'' е сосема во ред.Македонија, 2017, дами и господа. Јас овој го замислував како некој многу харизматичен маж со длабок глас, после гледав интервју со него, па кога извади едно тееенко гласче, искрено комичен ми е.А, можеби и харазматичен си е човекот штознам, не сум го запознала за да кажам, на крај краева толку луѓе да врткаш во транс да паѓаат околу тебе па и пари да им зимаш за тоа мора да те бива за манипулација. Мада на мене со таа брадичка и сатенско сако повеќе ми личи како за на ,,Фолк фест Валандово'', а не на пастир ама тоа мој впечаток си е.
Пастир ли е, пастув ли е, не се знае. Немој сега некое божество да ми пише грев за ова од погоре, па чувај Боже, да треба да одам кај маѓесников на сеанси.
познавам пар т.е.е пар и нивна поширока фамилија кои се членови на „сектата“. Мене со мојот мозок не ми е јасно што прават таму ( т.е.е тотална мистерија ми е) образувани, имошни луѓе без здравствени проблеми, за психолошки не знам но вака не сум приметила. Едно совршено семејство, сите вработени со високи примања, доктори, електраши, и економисти. Е сега пријателиве-младиве се многу позитивни, морални, добри личности, урбани ликови, не се забегани, не трујат за господ и за кајшаров едниственио знам дека му се едни од најстарите и најблиските членови.
Aуууу, крипи... врло крипи. Народов сериозно треба да се поучи и што повеќе да се искоренуваат верувања во глупости - од верување во магии и разменување броеви на гатачки и бајачки, па сè до верување и барање некаква помош во вакви преваранти како Иван Исцелител, оној Павлов и дотичниов. Ценовников Ова треба да е незаконски и кривично да се гони...
Мене овој КЕШаров не ми личи ни на С од свештеник. Треба да оди во лудница. Не само тој, туку и Иван Исцелител и сите останати секташи како нив. Ќе му плаќам јас толку пари на него за да се онесвестам кога ќе ме исцелува. И овој Иван Исцелител мрднатиот ти вика мораш на твојот ред да си бидеш за да ти се фател лекот.
Дали јас сум единствениот кој не гледа посебен проблем во постоењето на Кајшаров - во земја со неколку религии, десетици деноминации, илјадници гатачи, бајачи и исцелители, зошто толкава омраза упатена конкретно и само кон овој човек? Само затоа што не е од „вашите“, односно проповеда нешто поинакво од она во кое вие верувате? Затоа што има ценовник за „услугите“ кои ги нуди? Па побогу, на форумов има цела тема за ценовникот на услугите на МПЦ, кој не само што постои многу пред Кајшаров воопшто да се појави, туку и претрпе покачување во 2015 година. Затоа што заработува на маката на другите и им „продава“ празни ветувања и ветар и магла? А во што се неговите ветувања попразни од оние на било која друга личност или организација која наплаќа за „духовни“, нематеријални и неопипливи услуги? Да, и за мене Кајшаров е преварант - но, не поголем од сите други кои се занимаваат со спиритуализам и религија, а за истото наплаќаат.