Темата не е разлика меѓу култ, секта, религија, туку конкретно за дотичниот, пропаднат поп пејач, измамник и порно актер и како може да немаш никаков проблем кога станува збор за него? Кој што сака нека си проповеда, нека наплаќа, ама пред се барем нека има чисто минато @Bender Rodriguez
Де бре стварно ќе го ставите во ист кош овој секташ и христијанската црква само за да се правите дека многу сте оупен мајндет? Која глупост. Значи секој еден психопат може да си направи сектичка со реклама дека истерува демони и ќе биде иста како христијанската црква? Мене не ми е толку чуден овој, колку што ме чудат луѓево кои одат кај него.
Никој не му е крив на народот што оди кај него. Не ставил тој пиштол на чело на никој да му дава пари. Додека има овци, нека ги стрижи.
Ели, јас веќе реков дека немам никакви симпатии кон Кајшаров, ниту кон тоа што тој го прави. Меѓутоа, ми сметаат двојните аршини кај другите на темава, кои ги изнесуваат како аргументи против него. На пример, зошто е во ред МПЦ да има ценовник за своите „услуги“, ама не е во ред да го има Кајшаров? Зошто е во ред МПЦ и ИВЗ да бидат регистрирани како верски заедници и на тој начин да избегнуваат секакво плаќање данок и државна контрола на приходите кои ги прават, а не е во ред Кајшаров да ја регистрира својата црква и да ги искористи поволностите на Законот за верски заедници за да не му се оданочуваат приходите? Зошто само тој го „лаже и краде“ народот, а останатите религиозни заедници, секти, бајачки и врачови можат да го прават истото? На темава досега не видов ниту еден валиден аргумент кој конкретно важи само за Кајшаров, а не би важел за сите останати кои „продаваат“ духовни услуги.
Кога ќе видиш... песнава и не е толку лоша, убав глас имал типот. Туку, зошто на снимкава ми изгледа ко 15 години да има, колку е стар овој? Знам дека е поодамна ова, ама пак голема промена. Ете и тоа сум заборавила да кажам, прво бил пропали пејач, па биоенергетичар, сега е пастор, а утре who knows? Останува да видиме. Сепак најубаво му било да си остане на ова првото, можеби и ќе доживеел некаков успех. Вака, само може да доживее да го стрпаат во затвор.
Првиот спот му беше за една песна-БАКНУВАЈ МЕ,толку експлицитно бакнуваше со една манекенка некаде во 2000тата што тоа тогаш беше табу и гостуваше по сите емисии за забавна музика да се објаснува за спотот. Тогаш беше некој си даркер,изнашминкан со црни сенки,моливче итн. потоа изгледа заглави со дроги и замина на лечење во Бугарија и таму има научено од лица што го чистеле како да манипулира со народни маси. Заработува многу со тарифникот, но и донира така велат.
Sekoj koj sto ima cenovnik za duhovni uslugi za mene ne e verodostoen. Tuka spagaat i gatacki, bajacki, svesteni lica i Kajsarov. Ne zavisno za koja vera se zbori.
Овој работи на сличен начин како Church of Scientology. Плаќаш за да ти ''помогне, т.е. да те избави од парите'' Па нели парите се зло. Тоа е, кога човек има проблеми, си го бара чарето. А тие се тука да ти помогнат. Се навлекуваш се повеќе и повеќе, ти го перат мозокот и ти ги земаат парите. И МПЦ е слична организација, и само затоа што постои со векови, е прифатена и не обраќаме внимание. Инаку дечкото е многу харизматичен, исто како што беше и Рон Хабард. Ми се чини Хабард ги пленува луѓето со гласот.
Ххахаха навистина ли вака мислиш? Ниедна религија не проповеда убивање, жртвување на човечки животи, сатанистички обреди за разлика од 99% од сектите. Претпоставувам дека си атеист, тоа е твое право, но не мешај религија и секта бидејќи е сосема различно.
Vo sekta ne se samo luge sto mu se klanjaat na gjavolot. Sekta po definicija bi bila zdruzenie na luge cie veruvanje ne e globalno prifateno za religija. (Nekoj vid na mini religija). Ima i mnogu miroljubivi sekti vo svetot. Od hinduistickata religija proizleguvaat mn sekti, i propovedaat mir i ljubov. Sekta ne e po difolt veruvanje vo gjavolot! (Jas sum ateist, i ne znaci deka go ljubam gjavolit ili deka ne pocituvam religija, i, kako sto gledam sum poinformirana od povekevo vernici tuka.)
Можеш да се смееш колку сакаш, но твоите елементарни непознавања се далеку од смешни, ако мене ме прашуваш. Зборот „секта“ означува подгрупа на даден религиозен, политички или филозофски систем, чии членови имаат ставови кои, во помала или поголема мера, се разликуваат од оние на „главната“ група од која потекнале, т.е. се издвоиле - за никакви убивања и жртвувања не станува збор. Патем, дали си знаел дека кога се појавило христијанството, тоа всушност било секта на јудеизмот? Да - поминало доста време пред да собере доволен број на следбеници и конечно да се етаблира како религија. Затоа и реков дека едниствената разлика помеѓу религија и секта е во бројот на следбениците што ги има - и, меѓу другото, во староста - односно, религиите најчесто настанале многу пред од сектите. Освен радикалните припадници на сите религии - радикалните исламисти, радикалните христијани и сите останати кои сметаат дека сите освен „нивните“ се неверници кои треба да се убијат. Од друга страна, не сум чул Кајшаров да повикува на убивање, свети војни, џихад, маченичка смрт, итн., а ти? Он само сака дел од колачот кој во моментов го делат „официјалните“ религиозни заедници во државава.
@Bender Rodriguez постоењето на Константин Кајшаров е противправно зашто МПЦ и ИВЗ имаат монопол врз нивните верници. Како ЕВН со струјата. Треба либерализација на пазарот на избавување од гревови. Слобода за пасторите!!!
Хахахахахах еве уште малце ќе ти се посмеам. Не се непознавања, тоа се непознавања за тебе и твојот тип на луѓе. Да, знам кога се појавило Христијанството но никаде не проочитав дека било секта а ниту зборот секта постоел во тоа време. Ако радикалниот ислам го сметаш за религија незнам што да кажам. А за радикално христијанство ниту сум слушнал ниту видел. Во Библијата никаде не пишува дека треба да се убиваат неверници, за Куранот незнам, некој муслиман нека каже. Секој може да каже дека во неговара религија неверниците ги убиваат но неговара религија не го вели тоа. Истражи прво што вели религијата а не некој хохоштаплер кој земал пушка и почнал да убива одреден тип на луѓе во името на својата религија која не го сака, прифаќа и проповеда тоа.
Спојлер: ОФТОПИК @Vitaly, навистина нема потреба да бидеш циничен во рекламирањето на своето непознавање на сопствената религија - башка што тоа го правиш во несоодветна тема. Прво, секта е латински збор и повеќе од сигурно постоел во времето на настанувањето на христијанството, кое настанало на просторите на Римската империја, чиј официјален јазик бил, замисли, латинскиот! Второ, христијанството било сметано за секта - и тоа како: и тоа не само од Римјаните, туку и од самиот Свети апостол Павле - кој пред да се конвертира, не само што христијанството го сметал за еврејска секта, туку и активно ги прогонувал христијаните. Впрочем, христијанството се одделило од јудеизмот, а сепак со него има доста заедничко - Стариот завет, на пример - што ти е школски пример за дефиниција на секта. Во однос на религиозниот радикализам - еве ти го значењето на зборот „радикализам“: И радикалисти има во секоја религија - разликата е што, во моментов, радикалните исламисти имаат многу поголема група на следбеници, па можат да дејствуваат врз основа на своите убедувања. А дека нема христијани кои цврсто веруваат дека треба да се убијат сите муслимани (па и други христијански деноминации) - има. Само, христијанскиве радикалисти ја шират својата омраза и доктрина воглавно по интернет. И те молам, пред да ми реплицираш со некоја небулоза, барем одвој 5 минути и провери на интернет дали тоа што планираш да го напишеш, проследено со „Хахахахаха“, држи вода. Барем во денешно време е лесно. А он-топик, не се изјасни зашто ти смета кешот на Кешаров, како што го нарече, а не ти смета кешот на МПЦ, ИВЗ, и другите „официјални“ организации?
А баш ме интересира тој на кого ќе даде 500 евра за да му се простат гревовите од овие глупости што ги прави. Значи по некоја логика треба бесплатно да биде и разговор со свештено лице, и посета на манастир/црква, и преспивање таму и крштевање... Е сега што треба и поповите да јадат тоа е друга приказна. Ама замисли ти имаш мака и сакаш да зборуваш со свештеник, а тој ти вика чекај сеа прво дај 100 евра да се зачлениш овде, па ќе дадеш уште 500 евра за карта во рајот и ќе правиме муабет. Баш кога нема да бараат пари, тогаш сам човек ќе остави од мерак за помош на црквата... Ама ова е право нехристијански и ептен скапо.... Ко со самиот Бог да разговараш. Туку прв пат го гледам овој човек и ќути што постои темава, да не се излаже некој да појде.
Мислам дека ова е чиста измама и земање на пари на кутри луѓе кои имаат мака и незнаат кој пат да го фатат! Човекот кога има мака се обидува да го најде лекот.Но, очигледно го бараат на погрешна адреса. Јас сум православна и верувам во Господ! На сите православни христијани им порачувам да се исповедаат кај свештеник,да постат и да се причестат! А, овој „пастир„ е измамник! Ми се гади! Вистински !