Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Контактни леќи или очила?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од OrdinaryGirl, 26 јуни 2010.

  1. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Немај гајле, ќе се навикнеш со здравје да си ги носиш и пази да не ги изгубиш :D
    И еден совет, ако немаш навика до сега, почни да си носиш огледалце со тебе во чанта. Ако ти засмета нешто во око можеш убаво да видиш што како или пак ако почнат да ти солзат очите да не се размачкаш (ова од лично искуство, на почетокот ми се случи да идам по улица со размачкана маскара како три дена да сум плачела)
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Девојки јас имам еден проблем...
    Во петокот кога ги земав леќите, ги ставив за прв пат. It took me a while, ама мисијата беше успешна. Ги поносев неколку саати, па потоа ги извадив затоа што требаше да се бањам (сестра ми ми рече да не спијам и да не се бањам со нив). Ги ставив во кутичиња со течност и се до денес не ги чепнав.
    Денес пробав пак да ги ставам, ама овојпат мисијата не беше успешна... Пробав шест пати на десното, и два пати на левото, ама секојпат кога ќе ја ставев леќата, имаше воздух помеѓу неа и зеницата и ме глоцкаше. Дури два пати кога се обидов да трепнам ми се слизна леќата од окото, самата си се извади.
    Се измачив, а десната неколку пати ми се сврте, и сега не знам која страна требаше да ја ставам од кај окото...
    Зезнав работа, а? :?:
    Не знам во што е проблемот - дали во моето ставање, или до леќите е.
    Сестра ми ми рече дека не сум била многу нежна со нив, и може сум ги уништила, и сега ќе треба да купам нови. :worried:
     
  3. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Најчесто јас кога ќе осетам дека имам воздух меѓу леќата и окото, значи дека сум ја ставила од погрешната страна. :) Не паничи, не е ништо страшно, ништо не им се случило на леќите ;) :D Другпат така кога ќе осетиш, само извади ја леќата, измиј ја со течноста за леќи и стави ја од другата страна.
    Ќе се навикнеш со вадењето-ставањето за некој ден, не се секирај, многу брзо експерт ќе станеш :) Само внимавај на хигиената, и еден совет од лично искуство-не ги бриши рацете со меки крпи кои оставаат малечки влакненца на прстите.
    Ајде со среќа :hug:
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Karamella

    Karamella Активен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    23
    100% би рекла за очила, јас носам. Дека можите да си одберите кои ви стоат убаво и дури и на вас делуваат во изгледот, а леќите мислам дека ги зацрвенуваат очите ама и можите да си смените бојата на очите и таму водат. Ама имаат и рок на носење па затоа си се држам на очилата! :)
     
  5. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Ако не ти е скината леќата, нема потреба да купуваш нови. Кога имав меки колку што се сеќавам имаше едни мали цртки на нив кои ја обележуваа надворешната страна. Знам дека е тешко на почетокот и дека напнува во бесвест. Прво убаво отвори го окото и придржи го капакот со некое прсте. пробај уште неколку пати и сигрно ќе ти успее.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Пак јас :tmi:
    Денес го направив вториот обид да ги ставам леќите.
    Ја проверив десната, нема линии како што ми кажа Марама, значи не е уништена. Пробав да ја ставам, ама не се залепи, па ја свртев од другата страна. Овојпат самата си се залепи, имаше малку воздух меѓу леќата и зеницата, ама кога почнав да трепкам, убаво си легна.
    Мисијата беше успешна, ама окото почна премногу да ми солзи! Се убив од „плачење“. Толку многу ми солзеше што мислам дека и леќата ќе ми отпаднеше. Да напоменам дека леќата беше чиста, ми стоеше во течност, плус ја измив пред да ја ставам, а рацете претходно три пати ги измив. Значи не е проблемов во хигиената. Освен солзењето, некако ме скокоткаше кога го движев окото и ја осеќав кога трепкав, особено го осеќав горниот раб од леќата како ми се трие со капакот од окото кога го затварав.
    Можно ли е да не ми пријаат леќиве? :worried:
    Едноставно, моиве очи да се само за наочари?
     
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Ана во првата недела на окото му треба време да се навикне. Сепак, станува збор за надворешено тело, кое на окото му е тешко да го прифати.
    Мене ми требаше цела недела за да почнам да се се навикнувам, без трепкање и солзење.
    За да се навикнеш, секој ден зголемувај го времето за кое ти се леќите во очите. Ако денес ги носиш два часа, утре носи ги четири. Пробувај погледот да го фокусираш на едно место и да не трепкаш постојано.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Баш како што ти кажа старфиш, солзењето е многу нормално. Треба постепено да го навикнеш окото, па во времето кога ги носиш леќите немој да правиш нешто што премногу ќе те замара. После недела дена, нема да имаш вакви проблеми.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    Ако ја чувствуваш леќата, затвори го окото и нежно масирај го капакот.
    Така леќата ако ти е малце изместена или има воздух меѓу леќата и зеницата, ќе се намести убаво.
    Ако не се намести, извади ја и повторно стави ја. ( и мене на почетокот ми се случуваше истото ) :)
    Во врска со солзењето, може да е од што не си сеуште навикната на нив.
    Но ако при секое ставање, прекумерено ти солзи окото, консултирај се со очниот лекар окулу тоа.
    Можеби си алергична на растворот со кој се одржуваат контактните леќи.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Да ви кажам денеска низ што поминав. :sweat:

    Појдов во оптиката и сега ќе ги ставам леќите.Леле,леле никако,никако да не можам да ги ставам.Цели два часа се обидував,до мене оптичарот (целиот загрижен,се врти околу мене,ме мести,тој самиот се мести..Којзнае што си викаше во паметот што го снашло :rofl: ),татко ми,мајка ми сите помагаат тегнат,кој држи огледало,кој држи на окото,кој тегне свои очи-абе трагедии.ДВА часа да се потам,да ме мачам,абе душата ми излезе.
    Оптичарот виде-не виде ми вика „Оди прошетај се,многу се замори и пак ќе се обидеме,врати се‘‘.
    Излегов од оптиката кога ме фати една несигурност,еден страв,си викам-„Никогаш нема да успеам.Што ме снајде сега,како ги порачав,џабе ги фрлив парите‘‘. Буквално бев ваква- :sweat:
    Се вратив во оптиката после пола саат.Се обидов уште пет-шест пати и конечно УСПЕАВ.
    За едното око замислете НЕ МИ ТРЕБАА НИ 5 МИНУТИ ДА ГО НАВИКНАМ. :o
    Другото (кое ми е цилиндар) никако,никако да го привикнам.Ме копкаше нешто во себе(си викав како можев едното да го навикнам за секунда,другово никако) и после неколку часа се вратив.Ги однесов сите рецепти и триста чуда,кога увидоа дека направиле грешка во степените. :worried:
    Сега треба да чекам уште цел месец,за нов пар да стигне.
    Едниот пар ми остана ист,а за другото око ми даде друга леќа која е слична на таа мене што ми треба,за да вежбам.
    Сега ми е супер,воопшто не ми сметаат овие.Навистина се изненадив како можев толку брзо да ги навикнам.
    Единствено што ми прави проблем е ставањето и вадењето.Многу ми е тешко.

    И имам едно прашање...Кога сум нашминкана како да ја вадам шминката?
    Многу ми е страв да не ми влезе во око од тие млеката за чистење (затоа што многу често ми се случува) :worried:

    Добро заврши денов,добро. :x
     
  11. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски

    Јас вадам шминка само со влажни марамици.
    Млека, тоници и пилинзи правам од сабајле штом станам, кога не ми се сеуште ставени леќите, или навечер кога ќе ги извадам. :)
    Така е најпрактично.
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Здраво девојки :*
    Денес си ги земав новите леќи, 1 пар со рок од 3 месеци и со диоптер (-4) и во боја, ме чинеа 1800 ден со мал попуст од оптиката зошто од кај нив стално на секои 3 месеци купувам. Јухуууу с(т)реќна :P :D
    Сега иам вакви [​IMG]
    Исчитав погоре што сте пишувале и ќе кажам мое искуство. Како што пишав веќе, јас од мала носев очила и многу ми се зголемуваше диоптерот, па за да го запрат тоа мене ми дадоа да носам леќи. Значи благодарение на леќите мене ми се стагнира диоптерот. Но ете мој прв братучед (ко брат да ми е) имаше некој мал диоптер и му кажаа да не го оптоварува окото и воопшто ниту очила ниту леќи да не носи!!! :!: Значи се е индивидуално. Јас искрено се радувам да меѓунас има такви на кои им се поправил диоптерот од носење оптичко помагало (леќи ли очила ли, сеедно) но мислам дека тие случаи се многу поретки во однос на оние на кои ако еднаш им се појави диоптер понатаму само им расте.
    А за навикнувањето на окото во почетоците на користењето леќи, само полека и не се нервирајте. Јас првиот пат не дозволив ниту доктор да ми ја стави леќата. Седнав на еден стол, сличен како оние забарските, и само што човекот ме допре за капакот на окото јас почнав да вртам и окото да ми се вознемирува. И му реков “ ај докторе, кажете ми вие како треба, како е најлесно и како треба да направам, а јас сама ќе си ја наместам“ и така.... до сега никој не ми брцнал во око. Упорност и пробување, навика, смиреност и самата леќа ќе си го најде местото. ;) Внимавајте на лицето и опачината на леќата, тоа се гледа според свиеноста (треба да е како корпа од прслук) и на крпите кои оставаат влакненца на влажни раце.
    За шминкањето: прво се става леќа па се шминка око. За вадење шминка: прво се вади леќа па после со млеко или крема се отстранува шминка (сосема нормално)
    ајде ако треба инструкции за ставање леќи, кажете ја маката, ќе ви пишам како јас правам и може ќе ви помогне тоа :hug:
     
  13. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    Иако имам само 13 год. веќе 9 месеци носам контактни леќи и си ги купувам секој месец ипол ... Ги купувам окулу 1.500 ден . од оптика Елени во ГТЦ ... Иначе имам диоптер -4 ;(
     
  14. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    ^^Не се грижи,тоа е тоа.И мене постојано на секое одење на очно ми се зголемува дипотерот,ама се помирив што да правам.Наочари,леќи ќе комбинираме,ќе се снаоѓаме некако.

    Уште едно прашање до поискусните :angel: -Нема да смета шминката кога ќе ја ваѓам леќата сосе шминка?
    Нечисто окото... :?:
     
  15. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Значи прво ја вадиш леќата па после со марамица/кругче памук...било што, крема или млеко вадиш шминка.
    и мене ми се десило малце од римелот, некое црнко ронче да ми излезе заедно со леќата. Да ми се нароси од трепките при вадењето. Тогаш ја ставам прво леќата на средината на дланката и прво тука ја промивам со раствор, па после ја ставам во кутивчето. е тогаш тие малите црни ронки ми остануваат подзачистени на дланката а леќата (навидум) чиста ја ставам во раствор.

    Прашање до dolly.doll : да не одиш случајно во кабинет за контактни леќи и на преглед во Букурешт? :^)
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Ми се замаглува видот кога гледам блиску во нешто.
    Нормално ли е вака на почеток? :?:
     
  17. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    ^ Може да ти се замаглува ако ги носиш цел ден на пример и веќе ти е уморно окото.
    Во такви случаи можеш да го затвориш окото, да го масираш нежно капакот и ќе ти се врати во нормала.
     
    На AnaKarenina и Look им се допаѓа ова.
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ах, и мене ова ми се случи.
    Или ако гледам под определен агол, на пример надолу, без да ја мрдам главата. Некако ми се дуплираше сликата.

    А нормално ли е леќата малку да шета? :?:
    Ги мрдав очите лево-десно и се гледав на огледало. Леќата си стои нормално на зеницата, ама бидејќи е малку поширока од самата зеница, кога го мрдав окото на десно, беше повеќе на десната страна, а кога го мрдав на лево, повеќе на левата. Ама пак ја опфаќаше целата зеница. :?:
     
  19. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Денеска ми се јави оптичарот и ми кажа дека направиле грешка со едниот комплет т.е мојот заминал кај друго девојче,а нејзиниот кај мене.Сега ќе ги смениме.Затоа не можев никако да ја навикнам едната леќа.

    АнаКаренина,провери да не има некоја грешка во степените или нешто друго,зошто и мене така ми правеше таа леќата што ми ја дадоа по грешка,цело време имав чувство дека ми се мрда и ќе ми отпадне.
    Мислам дека кога ќе се залепи не треба така да прави.Сепак не сум многу искусна,можеби и да е нормално.Прашај за секој случај.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    За чистење на шминка ако носите леќи имам два совета:
    -влажните марамици се дар од господ, и не би ги сменила за жива глава па ако ви одговара користете ги нив
    -мајка ми на пример која исто носи леќи не може да поднесе да вади шминка со влажни марамици и ја вади со тоник. Но ако носите леќи тоникот никако не смее да содржи масла затоа што може да ја измрсат леќата. Она користи едно на Гарни со години веќе и не се жали. Јас пробав со тоа, ама бидејќи користам повеќе шминка од неа не ми ја вадеше убаво

    Погоре имаше некој пишано кога ти смета леќата да го почешаш очниот капак. Докторката мене ми рече ова никогаш да не го правам, затоа што може да дојде до механичко оштетување на окото т.е. гребење со леќата. Кога ми смета нешто се трудам да трепкам што е можно повеќе за да се исплакни окото и со малку среќа да прекине болката. Ако ептен ми пречи, како на пример имам трепка или некое минијатурно вланенце од мачкиве кои обожаваат да се бацуваат со носе тогаш најдобро ми е да ја извадам леќата. Ако не сум далеку од дома, ја ставам во палома и дома темелно си ја мијам. Ако сум далеку тогаш ја вадам и ја плакнам со вода, по можност флаширана ама ептен малку и назад во око. Дома пак ја премивам.

    леле ама се распишав.....
    пс. (за Каренина) да нормално е да шета леќата така се приспособува кон видното поле :)
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.