@Dream-Girl @Antolinaa супер дечки, грасиас. Сеа ја гуглнав Рену, 680 денари 360мл како што видов во Зегин, а мојава 600 денари 350мл од оптиката. Ќе ми трае оваа бааги време, следна Рену, здравје.
Toлку е некаде, јас во локална аптека ја земам последно 555ден. ја зедов. Дали беше на попуст или не не знам.
Јас се зезнав овој пат земав Proculin, но ни приближно не е добар раствор како Renu. Иначе Renu во оптиките е 800 ден, јас последен пат кога прашав.
555 е океј, ама 800 некако too much. Буквално над 5000 денари ме фати денес се' за очи. Раствор за миење, вештачки солзи и леќите. 3800 леќите, растворот 600 и едни вештачки солзи беа 600-700 денари.
Различен диоптер имаш на очите? Види на полската страна поназад на страниве имаме пишувано, каде-каде се поефтини отколку овде по оптикиве. Јас дека ист диоптер имам едно кутивче со 6 леќи со се поштарина ме фаќа околу 1500ден.
И јас пред отприлика година дена носев леќи со ист диоптер. Вчера отидов, ме премерија, испадна дека на левото ептен бил утнат диоптерот. 0,75 ми измери со мал цилиндар, дури се замисли докторката дали да ми даде леќа за тоа око. А десното ми е 1,75, имам голема разлика во диоптерот. Е да, олеснителна околност е тоа. Мене веројатно би ме чинело 3000. Ајде баш ќе разгледам наназад за поефтини варијанти оти не ми се допаѓаат сумиве, а и очилата треба да ги сменам сега. Фала ти
@DaisyDoo https://soczewkikontaktowe.istore.pl/pl/p/Air-Optix-Plus-HydraGlyde-6-sztuk/22954131 https://soczewkikontaktowe.istore.pl/pl/p/Air-Optix-Plus-HydraGlyde-3-sztuki/22954130 На муабетот отворив да нарачам, кутија со 6 леќи, 1518 ден. Течноста ќе ти дојде гратис .
Здраво, пред само неколку дена ми дадоа наочари со диоптрија 0.5 за оддалеку и за заштита од компјутери од блиску, но мене ептен почна да ме болат очите со нив, дали некој имал слично искуство нека сподели за совет
Не си навикната да ги носиш, затоа. Не е голем диоптер, така да не дозволувај да ги баталиш и да не ги носиш. Ако се сомневаш дека ти се јаки или има грешка во диоптерот побарај и второ мислење.
Секогаш кога сум земала нови наочари со променет диоптер ми требало време да ги навикнам на почеток, исто беше и првпат наочари кога почнав да носам. Види дали ќе се навикнеш за два-три дена највеќе, ако не закажи си преглед да видат да не ти е згрешен диоптерот.
Треба прво да ги носиш по саат време, па да зголемуваш, два, три и така. Не одма да ги носиш по цел ден.
Ама само за учење ми се како да ви кажам не ми се за постојаноа јас учам 12 сати дневно студирам.... и се плашам дека ќе постанам зависна од нив, незнам не сум научена ако ги извадам ми е многу чудно, значи окото ми се заморува од учење по 12 сати дневно одблиску ми гледа па оддалеку ми гледа , заматено и ми е тешко, диоптерот е за далеку,а заштита е за блиску пред лаптоп незнам што да правам....дали ако го тргнам диоптерот ќе имам потреба за повторно да носам наочари со диоптер или ќе ме штити заштитата од ултравиолетов аи плава светлина од комјутерите па ќе немам потреба за диоптрија, хелп ве молам многу ми е лошо незнам кој пат да го фатам, ако ги имам ставено неколку сати неможам без нив претешко ми е, а ако не ги ставам воопшто окото не ми ги ни бара
Штом ти се за надалеку и имаш диоптер иако е многу мал, а не ги носиш наочарите, диоптерот ќе оди само нагоре. За жал диптерот не може да го снема. Доколку имаш диоптер а не ги носиш наочарите го оптеретуваш окото. Сите што носат мала диоптерија, без исклучок, затоа што сеуште гледаат добро и без наочари, не ги носат, затоа што не сакаат да ги носат па потоа диоптријата од 0.5 ќе рипне на 1, 2, 3. Постепено ќе се навикне окото на ночарите.
НЕ ДЕКА НЕ САКАМ ДА ГИ НОСАМ, туку ми го заморуваат окото бидејќи сум цел ден на лаптоп, никаде не одам за далеку да гледам со таа диоптрија, значи ја користам за блиску и очите ме болат, како мислиш ќе рипнел диоптерот ако не ги носам? напротив ако ги носам тој ќе слабее и окото ќе бара поголем диоптер за жал....
Како тоа ако ги носиш диоптерот ќе слабее . Ти не ни знаеш за што ги носиш наочариве. Минус ли е или плус тоа 0.5??
Погрешно мислиш, баш ќе го стопира растењето на диоптерот, нема очите да се напрегаат. Ја од што не носев наочари ко помала, си направив сега огромен диоптер да имам. Не ти ги дале џабе наочарите, ти требаат, носи ги, додека уште имаш мал диоптер, да не ти порасне премногу.
Значи проеблемот е сериозен, незнам дали разбирате, наочарите се за далеку, а јас не гледам далеку со очите преку ден туку сум цел ден на лаптоп од блиску ми гледаат цел ден и ноќ и ги носам дур сум на лаптоп па имам страшна болка ако ги извадам, лекарот ми рече дека неморало со диоптер, но јас доброволно прифатив, тој нагласи дека колку повеќе ги носам толку повеќе диоптерот слабее и окото бара поголем диоптер затоа и се прават контроли за да ви дадат појак диоптер. Значи да нагласам дека плус имаат само и за заштита.
Ова на оптичар или на офталмолог ти го правеа прегледот?? Може да ставиш извештај ако имаш, или прати ми лп, ако сакаш да видам.