Аир оптикс мене не ми одговараа воопшто. Користам леќи на диспо. Леќите мислам дека може да му наштетат на окото само доколку правилно не се одржуваат.
Здраво ќе може ли некоја да ме посочи. Долги години носам очила за далеко и цилиндар.,но веќе ми се смачи од очила. Сакам да пробам со леќи. Докторката ми вели да одам во ск во букуреш да видат дали ќе можам да носам,и ми кажа дека биле скапи.Ќе може ли некој да ми сподели
ако можеш да си дозволиш, оди во систина на операција, јас 20 години носев наочари со цилиндар, се правев операција пред 5 години.
Еве јас како искусна со очила ќе ти кажам рамка за очила од 50 евра од оптика и 500 денари од пазар не е исто. Стакла мораш во оптика
Не се скапи леќите. Јас ги купувам по 1800 денари 3 леќи се, и траат 3 месеци, со тоа што јас секогаш ги носам подолго (6-7-8-9 месеци). Не дека ми се скапи туку ете така од мрза да купам нови. Да, првин треба да одиш на доктор да ти ги провери очите и да ти каже дали можеш да носиш леќи; и не мораш баш во Букурешт туку во било која клиника, па дури и на приватни доктори.
Докторката ми кажа како да не можело на моите очи операција а неможело ни леќи а веќе ми се здосади од очила. Како помина на операција и дали ти се врати диоптерот
На леќите има само диоптер, затоа мислам неможеш да носиш (имаш и цилиндар). Маж ми има диоптер за далеку и цилиндар, а јас само диоптер за далеку исто колку него и со неговите наочари многу чудно гледам, ми се криви тоа што гледам пред мене...
Чекај сега, ако ги носиш подолго, не ти прави проблеми? Еве јас носев еднаш леќи цели 3 месеци, ама оти ме зезнаа во оптика, новите доцнеа и така. Има ризик да направи некој проблем на очите тоа носење леќи повеќе од дозволеното?
3 месеци еден пар?? Најмногу што сум носела еден пар е 6,6ипол недели. Леќата се деформира ја губи формата,ја губи влажноста. Зошто си правите експерименти кои што не се дозволени? Тешки и сериозни инфекции се прават од леќи. Наочари носи додека ти стигнат. Немаш оправдување сериозно
Немав нови леќи, си нарачав, доцнеа од оптика, и тогаш носев 3 месеци исти леќи. Имам очила, ама не е исто. Членот пишал дека со месеци носи, затоа прашувам зарем нема штетни ефекти? Инаку, мене тие леќи ми беа ок, издржаа 3 месеци, инаку ако се сушат, нема теорија да ги носиш, нема да гледаш со нив. Значи не ми е пракса да носам леќи со месеци, туку доцнеа во отпика. И потоа сменив оптика, најдов едни каде за недела стигнуваат, а не да чекам 2 месеци, па од 2 да бидат 3 итн.
Доволно е еднаш да се направи таква грешка за сериозни последици. Знам дека не е исто наочари и леќи,но секско е подобар избор отколку 3 месеци да носиш еден пар. Не ти се функционални едноставно,освен што лепат бактерии. Погледни ја леќата како се деформира после месец дена носење и станува сува неупотреблива…
Дечкото пишува дека со месеци ги носи, затоа прашав зарем нема последици, освен што можеш да закачиш инфекција, па да купувап капки после и слично.
Апсолутно постојат леќи што можат да се носат 3 месеци, како што има и 6-месечни, 1-месечни, 1-дневни и сл. Скоро 20 години носам и леќи и наочари, и секогаш ги носам малку подолго од пропишаното, и никогаш сум немал апсолутно никаков проблем, ни инфекции, ни капки, ни бутур. Тоа е возможно ако си купил од најевтините леќи или од најевтината течност за леќи или некој друг тип на леќи (нели има меки, тврди, итн.) Побогу па дури и сум задремувал со леќи и супер сум бил. Значи, зависи од типот/брендот на леќите. Јас не бев во Букурешт за да ми одредат леќи, туку кај една приватна докторка, а во текот на годините и на други доктори за разни консултации. Сепак ако сакате баш во Букурешт да одите, тука не ви се мешам.