Јас колку што знам постојат дневни и месечни леќи. Може да ми кажеш кои се тримесечни? Од Прима купувам и јас,ама од Сити Мол. Никогаш не ми понудиле тримесечни. Ниту докторката.
Постојат и тримесечни леќи. Јас до пред неколку години користев на Bausch&Lomb тримесечни, од Диоптра ги земав. Ако добро памтам Optima FW беше името.
Од Прима ме советуваа никако течноста на Прокулин и оние што ги увезуваат Зегин. Заборавив како се викаат
Ќе може ли да ми кажете кај која приватна докторка бевте,не ми се оди по државните болници. И колку ве чинеше прегледот ?
Според моето искуство,не знам членот дали одел во приватна болница на преглед или во оптика,па вработената ја нарекува докторка. Во оптиките,нека не ве лажат, тие не се доктори,тие се опромотисти што имаат завршено средно хемиско училиште и слично. Тие се далеку од доктори. Јас одам кај Др.Данка во Букурешт,она набрзо треба да оди во пензија колку што знам и тогаш,ќе прашам дали во некоја од приватните болници имаат кабинет за контактни леќи. @FreeToGo не знам што замислуваш,какви леќи носиме ние? И да,секако дека и ние задремуваме со нив.
Во Визус оптиката ќерката е доктор, мајката е професор доктор. Кај нив одам со години за преглед, наочари и леќи.
Лиле не е доктор,како и секој друг вработен во отпика со завршено хемиско училиште. Како така врши прегледи? По ова што читам,Гордана е доктор и има медицински факултет.
Нејзина е оптиката, во Италија има завршено факултет Од инает се контраш или од незнаење? Не ги познаваш, а знаеш што имаат завршено нели?
Кога ќе ја видам ќе и ја сликам дипломата и ќе ја карам зошто не напишала никаде Др. Има и под сликите на фб да пише да се знае дека не е квази доктор.
Повеќе би ти препорачала да и испратиш инспекција од лекарска комора,за твое добро. За доброто на граѓаните. Меѓудругото,она не се пишала како доктор,бидејќи не е доктор,а ти ја претставуваш како доктор.Убаво си пишува ОПТОМЕТРИСТ. Кој ти е проблемот?
Луѓе оптометрист и офтламолог е различно. Нормално и првите се обучени да одредат диоптер ама не се доктори.
Епа се потруди членката Лиле,бидејќи била газдарица да ја направи доктор. И Камчев е газда на Систина,па не се декларира како доктор.