За одредување диоптрија доволно е и оптометрист, па и на очна клиника диоптрија одредуваат дефектолози ако не се лажам- знам дека не се очни доктори, па после одиш кај очниот лекар да ја потврди диоптријата. Моите деца од клиника за леќи ги препратија кај др.Данка во Букурешт, поголемата ќерка не ја прифати како доктор и си отиде во оптика Визус, незнам кој ја прегледува, а и помалата ќерка и син несакаат да одат кај др.Данка зошто бара кај нејзе да отвориш ново паковање леќи, па да не се купени онлине туку од оптика Елени. По мене Др. Данка е одличен доктор, ама односот со пациенти не и е баш добар.
Јас користам веќе 3 години леќи со диоптер и ми е одлично. Течноста ја купувам од зегин сменета е но ми одговара. Ако му треба на некој квалитетни леќи мене барем ми се погодија ги носам на air hydra така ми е препорачано. 1900 ден се 3 пара леќи по 3 месеци се носи еден пар јас некои денови не носам и немам потреба и така ми доаѓа малце повеќе. Од струмица се ама јас онлине нарачувам и брзо стигаат. https://www.facebook.com/optikalm?mibextid=LQQJ4d
,,операцијата,, траеше 2 минути, се уште не ми е вратен диоптерот, гледам одлично, после подолго седенје пред монитор осеќам замор
Не ми се познати леќи air hydra, ама ако мислиш на air optix hydraglyde - не се тримесечни туку месечни.
Каде можам да си направам преглед за диоптрија за првпат? Ич не сум упатена, а во последно време ептен често добивам главоболки и сакам да проверам. Дали оди преку доктор, матичен со упат или можам во Визус да отидам да ми проверат?
Каде можам да проверам диоптрија и да купам леќи без закажување, во која оптика? носам леќи и ги порачувам обично од интернет но осеќам дека ми е зголем диоптерот
Кои леќи за астигматизам се најдобри? И искуства со страната од Полска? И доколку има некој што на едното око има астигматизам, а на другото не, какви леќи носи? Освен Air optix, каде што прашував по оптиките други опции и нема
Како одбирате рамки ,втор пат очила земав ,рамките катастрофа ,ми паѓаат често лицето веројатно ми е чудно и не знам некако високо ми стојат...
Не може да ти е чудно лицето. Продавачите треба да ти помогнат во изборот и по потреба да ги корегираат
Некој да ми препорача раствор за леќи од аптека ? ми треба итно денес а не сум сигурна дека оптиките ќе работат
Од што може да имам матен вид при носење леќи? Втор ден ги носам и на почетокот гледам добро но по пола час до саат време веќе почнува заматено гледање. Хелп некој ако имал слично искуство?