Здраво, Ве молам за искуство со нарачки на Kontaktnileki, конкретно за леќи со повисока диоптрија и цилиндри кои ги нема на залиха. Дали навистина стигаат за 1 недела како што пишува на сајт, бидејќи ми требаат малку итно..
Си ги носам во очи. Само кога те ставаат на апаратот за диоптрија, нагласуваш дали носиш леќи или не и тоа е тоа. @Beautymom да, мое комшиче со слаб вид, го чекаа да биде 10 годинки да може само да става леќи, а претходно си носеше очила. Висока диоптрија, подобро е со леќи, диоптријата стагнира, но самиот процес на ставање и вадење на леќи е малку сложен за дете. И мене на почетокот ми се случуваа киксови, од типот едната леќа паднала на тепих, со една сум отишла на работа и пред компјутер осеќам дисбаланс, еднаш се исплашив оти леќата беше ептен залена за окото, па со влажен прст натопен во раствор ја вадев од око и така.
Здраво! Имам едно прашање. Гледам сѐ добро, не сум осетил дека имам проблеми со видот, но на очен преглед ми рекоа дека имам +0.25 и -0.75 на левото око, а на десното -0.5, цилиндри. И ги зедов наочарите. Е, сега, ако ги носам, а потоа ги тргнам по одреден период, или ако ги носам понекогаш, а понекогаш не, дали очите ќе се навикнат на очилата, па потоа без очила, природниот вид ќе ми биде полош од претходно, пред да носам очила? Сферата ми е само на левото око (+0.25), другото е цилиндар (ако оваа информација значи нешто, тогаш десното око има ОСКА од 180°, а левото од 5°). Воопшто немам проблем да гледам без наочари, но со очилата е појасно и подетално, секако. Сега се плашам постојано да ги носам, да не ми се навикнат очите на таа диоптрија и потоа да морам да ги носам цело време, иако немам потреба... Можам да носам очила само пред компјутер (затоа што имаат блу-филтер), кога возам и кога сум во амфитеатар на предавања, ако седам далеку од табла и слични ситуации, затоа што немам голема диоптрија...
Носи ги постојано, инаку диоптријата ќе расте. Не се опуштај дека е малку, сите сме почнале од мала диоптрија и потоа растела.
Докторката, која е врвна во охридско-струшкиот регион и пошироко (приватна поликлиника), ми рече дека немало врска, раснењето на диоптерот зависело и од други фактори, не морало да значи дека ако не носиш, ќе се влоши. Плус, ми рече дека не е голем диоптер, не инсистира да носам очила целовреме, иако можам. Ми рече можеш и само пред компјутер, за возење и кога ќе имаш потреба... Штознам......
Инсистирај си подолго да ги носиш, сама постави си таква цел, за тебе е. Таа диоптрија твоја не е ич страшна, но сепак носи си ги, штом се препишани очила, не се да стојат и фаќаат прашина.
Кога правев муабет со докторката, ѝ реков дека не ми требаат за целовреме, и се согласи, рече ако сакаш носи си ги целовреме, ако сакаш само за пред екрани и ко ќе имаш потреба.. И затоа не знам.. Имам добро око, гледам без очила, не сум осетил проблеми, и ако ги носам целовреме, ќе ми се привикне окото на нив и потоа кога би бил без нив, би гледал многу понеубаво (т.е., природниот мој вид ќе биде влошен), т.е., сам си пукам во нога... Или? ... не знам стварно...
Kaj нас докторите не се замараат многу да објаснуваат. Мене приватен очен ми објасни зошто е добро да се носат леќи, ама си платив добро. Овие на државно, гледаат само да помине денот, како е, така е. Јас кај тие и на контрола веќе не одам. Од очилата не може видов да ти се влоши.
Не е државно оваа, приватна е, дури ниту со Фонд не е врзана. 2,500 ден. е преглед и е стварно професионална и прави детална анализа, проширува зеница и испитува итн...
Има ли некој искуство со night and day леќи кои не мора да се вадат секоја вечер, односно може да се спие со нив? Со кој бренд и како сте задоволни?
Дали некој знае која би ми била посоодветна опција при нарачка на торични леќи? Претходно, на левото око за леќи оската ми беше 180°, а на последниот преглед гледам дека ми препишале со оска 5°. Сите леќи што се достапни почнуваат од 10°, па дали да изберам леќа со 10° или 180°?
Со диспо био спијам со години, нема проблем. Ги вадам кога треба да ги мијам. Но, секој човек си е различен, прашај си доктор што ќе ти советува. Знам девојка што купи леќи, и испадна дека едното око никако не трпи леќа, и пак се врати на очила.
Диоптријата стагнира, не расте со леќи. Посебно тие што се носат и додека спиеш, цело време си под диоптрија, и не расте. Си го чуваш видот.