Дали знаете каде можам да најдам во Скопје очила/рамки за со диоптер, кои може да се користат за тренирање спорт? Нешто од овој тип https://www.cvikeri.com/mk/sportski-ramki/progear-eyeguard-xl1041?v=1714#lg=1&slide=1
Dali nekoj znae kolku kostaat stakla za ocila so diopter i ramki ...mozi i oddelno cena ..optrilika ,bidejki mi trebaat samo za pred kompjuter
Зависи какви. Јас имав рамки од алиекспрес и си ставив само стакла со заштита за пред компјутер, 4000 ден. во оптика. Без заштита се доста поевтини.
После долго двоумење, купив леќи за продолжено носење (до 6 ноќи). Комфортни ми се за носење преку ден, многу подобри од оние обичните што е препорачано да се вадат секој ден, ама воочив неколку проблеми. 1. Спиење со нив е делумно ок. Кога ќе се разбудам, очите ми се баш суви, морам да ставам капки. 2. Кога ги носам и работам на компјутер, текстот на компјутер ми се мати, а се околу мене гледам чисто, не знам како да опишам. 3. Откако спиев со нив (а потоа ги извадив), забележав дека на очите ми стои обележан круг, таму каде што биле леќите, така да, престанав да спијам со нив. Искуство и совети?
Немам искуство со таков тип на леќи, туку само со месечни шо се вадат пред спиење. Лично, самата помисла да спијам со леќи ми е непријатна, па затоа не би зел ваков тип на леќи. Шо се однесува до секојдневното нивно користење, забележав дека окото особено ми се суши после 8ч на работа со периодично користење компјутер и имам чуство како песок да имам во очите. Кога се користи компјутер, таблет, телефон и сл. помалку трепкаме и затоа повеќе се суши окото. Затоа и одлучив, да не користам леќи на работно место, воедно кај мене на раб има многу прашина. Ги користам пред сѐ за излегување и сл. Тоа е мое искуство, некои се комплетно навикнати на постојано користење.
Јас користам вакви со години. Мене ми е кажано да ги носам 6 дена, седмиот да ги извадам и измијам. На почетокот кога ќе го отвориш пакетчето, леќите се свежи, влажни, но како одминува времето, тие стануваат посуви и тоа секако си зависи и од квалитетот на самите леќи. Миј ги почесто, можеш наутро кога ќе станеш да ги измиеш и да ги вратиш во очите. Така стануваат повлажни. Текстот може да ти се мати, затоа што не се идеално чисти леќите и текстот е ситен, па забележуваш дека окото станува суво, мораш да трепнеш да се избристри, а се околу тебе е јасно, оти не е ситно како текстот. Тоа е како да имаш бран пред очи, де јасно, де појасно, де малку заматено, а исто е важно, леќата да е баш точно наместена во окото, да не е подискривена или при спиење со поместување, се изместува таа во самото око, не често, ама може да се случи и тоа дава некоја заматеност. Извади, измиј, врати пак во око и провери така што го затвораш другото око и со ова каде си ставил леќа, проверуваш дали со него гледаш јасно. А и сите очи се различни, некои се суви, некои не, еве јас вештачки солзи не користам. И прашина. Колку и да е чисто, самите компјутери влечат прашина, а таа завршува на нашето лице, очи и тоа пречи.
Проблемот со мониторот е што и 1 минута откако ќе ги ставам и 6 саати после носење, исто ми се мати. Еве моментално сум без нив, текстов што ти го читам ми е топ, ако ги ставам, ќе ми се мати, ко да не може да се „фокусира“ окото. Инаку нови се леќите, ни 1 недела неносени...
Да не ти дале во оптика некои неквалитетни леќи? И тоа може да се случи. Мене еднаш ми шитнаа леќи кои после 10 дена од носењето ми даваа глетка како да гледам низ најлон, матно, и ги вадев, фрлав, земав друг пар, носење 15 дена, иста работа, трет пат од истото пакување, после 8 дена гледам матно, не можам да читам, фрлам. Веќе од таа оптика не земав леќи, не ни влегов веќе. Или твоите очи се суви или ти имаат шитнато неквалитетно пакетче леќи, независно кој рок е втиснат на кутијата. Или ако е утнато нешто во параметрите, радус меѓу зеници, и слично. Дај им шанса, може е до таа кутија леќи. Раат сум со овие леќи, како да имам нов пар очи. Можеш да отидеш на очен или крајно во оптика најбрзо ако знаат да ти дадат некој совет, што е, како е, оти и таму работат луѓе кои се разбираат, кои не се обични продавачки, туку имаат соодветно образование. Дали претходно со другите леќи имаше проблем тешко да фокусираш?
Не се сеќавам за фокусирањето, многу одамна немам носено, само се сеќавам дека не ми беа вака удобни при носење тие. Инаку, овие сегашните се Air Optix Plus HydraGlyde
Hydraglyde не се наменети првенствено за продолжено носење. Може да се носат до 6 дена по препорака на дотор, ама ако сакаш такви подобро земи си специјални за таа намена, како Air Optix Night & Day. Сушењето на окото е нормално при подолго носење на леќи, можеш да си земеш капки за очи кои се безбедни за користење со леќи.
Во оптиката ми ги препорачаа Hydraglyde и ми кажаа дека се наменети за продолжено носење... А инаку пред да купам, онлајн ги гледав овие Night & Day, ама прочитав некаде дека Hydraglyde се всушност нова „подобрена“ верзија од истиве? Исто прочитав дека hydraglyde се многу подобри во однос на одржување влажност на очите. Ти си имала искуство со night & day?
Се шминкам. Но, леќите треба да се чисти, тоест пред да ја вадиш шминката извади ги нив, исчисти шминка, премиј ги леќите и врати ги во очи.
Не, со леќи за продолжено носење немам искуство, ама Hydraglyde ги користам откако излегоа (не со продолжено носење). Не се нова верзиија од night & day, туку од Air Optix Aqua (кои за жал престанаа да ги произведуваат, инаку мене ми беа многу поудобни од "подобрената" верзија). Како што реков, hydraglyde во теорија може да се носат продолжено до 6 дена иако тоа не им е примарна намена, ама јас не би ги носела тала без претходна консултација со специјалист. На вработените во оптиките не се потпирај премногу, не сите ги имаат потребните квалификации (source: работев во оптика во Македонија пред 10тина години, немав апсолутно никаква едукација од областа).
Во тој случај, да и помине времето на овие и ќе си купам night & day. Thanks! Едит: Инаку, Air Optix Aqua се продаваат онлајн, по 3/6 леќи во кутија. Ако ти треба, ќе ти пратам линк.