Здраво, земав нови очила со диоптер, барав да ми бидат со сите заштити, но кога гледам со нив имам жолти нијанси. Значи не ги гледам реалните бои, белото не ми е бело туку како прљаво бело, крем.... Од оптиката ми рекоа така е ради заштитите, поради blue филтерот, ќе сум се навикнала. Е сега дома правам споредба со старите очила со нив ми е се нормално, а и тие кога ги зимав знам барав со сите заштити да ми бидат. Мене не ми е нормално да не ги гледам реалните бои. Како е кај вас, има ли некој вакво искуство? Да ги однесам стариве наочари во др оптика може да ми ги проверат дали ги има сите заштити?
Точно е тоа дека blue light филтерот дава жолта нијанса на стаклата особено доколку е висока стапката на филтрација на овој тип светлина, а ги неутрализира сините нијанси. Во минатото сум носел такви. На почеток и мене ми беше чудно, па се навикнав. Меѓутоа на тековните одлучив да не ставам blue light filter, поради то шо не сакав жолта нијанса на стаклата, нема научен доказ дека сината светлина штети на окото, единствена докажана функција е шо навечер особено, влијае на циркадијалниот ритам, а јас секако не работам долго пред компјутер или телефон.
Исто и кај мене, на новите наочари што ги правев е вака, а претходно што ги имав наочарите си беа нормални. Не знаев од што е, дали од филтрите или цилиндарот, чудно ми беше на почетокот, после окото се навикнува.
Здраво, да ми препорачате оптика со пристапни цени? Ми требаат очила со диоптер, значи квалитетни стакла и фини рамки. Порано секогаш сум слушала од луѓе дека од Зелен пазар си земале, а на Клиника ми рекоа никако од Зелено пазарче. Прашав во две и ми кажаа цени од 8-9 илјади денари за комплет стакла со сите можни заштити и погодности + рамки, ама некако многу Тие се сега цените секаде? Искуство со оптиката на Зелен пазар?
Јас последно ги правев во Промедика Оптика имав и некој попуст бидејќи прегледот го правев во Промедика офталмологија, задоволна сум, цените се нормални и има избор на рамки со пристапни цени, а за стаклата цените се тие, зависи што бараш, со каква заштита бараш.
Искрено јас си имав нарачано рамки од Алиекспрес и ми ставија само стакла во оптика и така дојде на пола цена.
Јас бев бо ТЦ Бисер но не се сеќавам во која бидејќи беше одамна. Можеш и да се јавиш кај неколку да прашаш.
Здраво може е малце off topic, но ми треба препорака за офтамолог во Скопје, без разлика дали работи преку фонд или приватно
Носам леќи кои ми се препишани од офталмолог, дали можам да носам други од друга фирма со истиот диоптер, сама да си изберам кои?
Последно бев во Диоптра, после тоа све на систематски. Сега сакам да сменам негде, некој во Капиштец доктор ми го фалат.