На почетокот е малце тешко бидејќи сепак треба време да се привикне со ставањето, но сега можам и без огледало. Не можам да се замислам без нив. Во однос на видот, јас не ги носам очилата воопшто бидејќи ми пречат, ми се замаглуваат, често се случуваше да ги допрам па ајде бриши бриши, па немаш чиста палома со тебе... Е сега треба многу да е педантна, да ги мие убаво рацете пред ставање и вадење, да ја менува течноста секоја вечер итн. Исѕо така сигурно ќе и влијае на самодовербата, така што јас би ве советувала да пробате.
Да да, го знае редот како оди. Татко и дома е секој ден со леќите извади-стави. Најмногу ми е за самодовербата ама викам да не избрзувам многу. Фала ти сепак
За прв пат треба да земам диоптриски очила со плус цилиндар. Имате ли да ми препорачате некоја оптика во однос на квалитет на стаклата во Скопје (или па некоја од каде не би земале повторно) планирам да ги ставам и сите додатни заштитни филтри
Kade mi preporacuvate da otidam za diopter ,na ocen lekar ili vo nekopja od optikite ...ocno treba na privatno termini nema ..dali optikite pravat dobro ..
Оди на приватно, без разлика дали тоа ќе биде кај др. Роберт, Систина и сл. Во оптиките немаат доволно апаратура.
Јас одев со години кај др. Роберт Ристовски во Капиштец и бев многу задоволна. Последно отидов во Систина, добро беше и таму, но поскапо беше, околу 3000 денари. Имаат доста апаратура и прават баш детален преглед. На двете места ми рекоа дека еднаш годишно е доволно да се прави преглед. На државно и во оптика ми го утнаа диоптерот и со години носев погрешен, затоа не препорачувам.
Каде во Скопје можам да најдам оптика со пристојни цени за да сменам стакло на очила? Бидејќи се работи за поголем диоптер и цилиндер епте варира сумата.. исто така евентуално доколку постои опција и за преглед на диоптер во самата оптика би било супер, дека не сум била повеќе време.. но побитно ми е првото прашање секако. фала многу
Сакам да ве прашам, првпат кога земав леќи, тоест кога лекарот ми ги препиша, го прашав колку време да ги носам и потоа да ги фрлам, ми рече 2 месеци, а потоа проверив на интернет, леќите се месечни. Еве и сега ги проверив типот на леќи, да, навистина модерни, пропуштаат кислород, влажни, а пишува дека се месечни. Значи колку време ги носите месечните? Повеќето што ги знам ги носат до 2 месеци, а реално дали има ризици од тоа, сигурно има. Има ли некој повеќе информации? И еве за моите леќи ако читам, ми пишува дека ноќе треба да се вадат, освен ако поинаку не е договорено со офталмолог. Епа јас спијам со нив и не сум имала проблем, и така и ми рече лекарот, дека можам да спијам со нив за да бидам под диоптер цело време, а еве една пријателка ги вади секако, оти ако не ги извади, ми вели инфекција ќе фати. Дали има разлика од човек до човек, дали од леќа до леќа, не знам. Една сосетка купи леќи, па испадна дека едното нејзино око не трпи леќа, не може да ги носи. Ова мислам ако има некој да користи леќи 20 години на пример, најсоодветно може да каже од искуство.
Јас над10 год. носам леќи, и моите се месечни а ги носам по 2 месеци една ( така докоторката ми рече дека може). Е сега јас и спијам со нив иако не треба, односно има леќи со кои може и да се спие прогуглај за твоите.
Со моите може да се спие, и спијам и се е ок и докторот така ми рекол. Е сега, читам на интернет дека ако месечните леќи се носат по 2 месеци дека штетеле на окото, протеини, бактерии, а мене лекарот ми рече да ги носам 2 месеци. Дали имаш штети од тоа што ги носиш по два месеци сакав да прашам?