И јас ги носам месечните по 2 месеци, се сеќавам така ми кажа докторот уште кога почнав да носам пред 15 години и не сум имала проблем до сега. Само внимавај на течноста во која стојат и ги миеш, бирај поквалитетна. Прокулин не.
Не ти смета толку многу време дс носиш еден пар? Јас ги носам максимум 40 дена,значи ќе му дојде месец и една недела отприлика и се приметува кога веќе за фелање,се деформираат, ме гребат,матно гледам….и не спијам со нив и секогаш гледам дома да сум со наочари. Убаво е окото да диши и ти препорачувам да не спиеш со нив,иако може. И добро е да се држиш до рокот на носење…не знам…многу некако пролингираш….знам дека се скапи,ама штетно е….
И еве си отворив нови леќи, тие ги фрлив, носени се 5 недели. Абе знаеш, лекар нешто кога ќе каже, јас тоа го сметам за веродостојно, рече 2 месеци, е сега дали така кажуваат оти знаат дека народов нема пари, не знам. Треба лекарот да е поверодостоен од чат џпт, не обратно.
По 2 месеци ги носам и ваѓам секоја вечер. Ми се случило да спијам со нив инцидентно, да заминам на пат, а сум заборавила течност да земам и немам аптека во близина, да снемам течност дома ама следен ден ги ваѓам обавезно. Ако спијам со нив премачно ми е следниот ден, така да не гледам проблем никаков во ваѓање на леќите пред спиење. Секако миеш лице и рутина тераш некоја сигурно и на сабајле и на вечер, па максимум 2 минути дали одзема миење раце и ваѓање и ставање на леќите во кутивче. Носам леќи 15 години, инфекција не сум фатила фала Богу, на овој начин функционирам цело време. Течност користам Рену.
Двапати дневно секако ги мијам. Спиењето со леќи, лекарот ми рече дека е за да окото не се опушта и да биде цело време под диоптер. А кој ти кажа дека месечни се носат и по два месеци? Мене и лекарот и во оптика така ми кажаа и тоа првпат кога почнав да користам, влегов и си прашав и така рекоа.
Немаш потреба од два пати дневно да ги миеш. И каква препорака е таа окото да е стално под диоптер кога спиеш и не гледаш ништо? И наочари да носиш со нив не спиеш претпоставувам. Препоракава ми е малку без везе. Ама ок, ако мислиш дека така треба. Зашто и мене препорачано ми е како и на членкава погоре дека пожелно е да се ваѓаат за да диши окото. Тие што не ги вадат знам беа специјални некои леќи колешка на факс користеше и не знам на колку време ги менувала.(знам дека беше во прашање долг временски период). Препорака од доктор дека можам месец и пол -2 да ги носам и сама ќе осетам кога е за менување. Сум ги менувала и на 1 месец.
Се осеќа кога треба да ги смениш леќите, самите си кажуваат. Сега проверив за моите леќи, да, може да се спие со нив со одобрување на офталмолог. Оваа марка има повеќе видови леќи, овие што јас ги користам се единствените со кои може да се спие.
Да,ама лекариве по мене не се разбираат многу во леки и мислам најдобро сам човек ќе си увиди се. Од ветер,преголема сувост во воздухот, леките се уништуваат се сушат…брзо им поминува рокот на носење, колку повеќе ги носиш толку го намалуваш времетраењето,спиење со нив штети на окото….. ова се мои искуства… веќе не слушам доктор,не знаат. Производителите стварно даваат точни информации
Јас проблем со суви очи немам, дури и кога со леќите ми давале гратис вештачки солзи, ги ставав онака да ги пробам само. Проблеми со сувост немам. Абе и лекарите, да не знаеш на кој да веруваш. Лани кај една што мерев очен притисок во оптика, ми велеше стакло било поарно, леќи не, имало ризик од инфекции, и не ми нагласи дека е само оптометрист, а не лекар, потоа од други дознав . Во оптиката каде редовно нарачувам леќи, ми кажаа сега имало некои нови стакла, многу биле добри, ама скапи, и со нив наводно диоптерот не растел, биле исто како леќа, такво дејство на окото имале, што искрено не ми се верува. Сите некаде бркаат процент, да не знаеш кој што советува. Од спиење со леќите проблем сум немала, освен што наутро секако малку е поматно кога ќе станам, ама штом ќе почнам да трепкам, да гледам, за минутка се средува, се избиструва видот.
Види се што е страно тело,факт е дека не е добро. Колку и да одобруваат некои работи,пример како спиење со леки,логично е дека не е баш добро за окото да не му дадеш да диши и да ја оштетуваш рожницата. За маркетинг сите ќе ти кажат се најдобро,но реалноста е друга. За диоптер,леките не лечат и не намалуваат диоптер,мислам наочари за ова се препорачува…не знам. Тие во оптика што работат,не се доктори и оддамна велам дека треба некој закон за нив да има до каде може да одат со понудите,а не само пари да ги интересира. Никогаш не сум била на преглед во оптика. Ова е мое мислење…
Јас имам проблем со сувост на очите кога носам леќи, инфекција никогаш не сум имала, ама апсолутно преферирам наочари. Барем сега какви не ти модели има, како моден додаток се. А диоптер до сега не ми паднал, еве скоро 18 години носам наочари. Ама може сега ќе падне на 32, или ќе добијам гратис диоптрија за блиску пошто овие ми се за далеку.
Да ве прашам ако има некој со такво искуство. Носам леќи со диоптер од оние на 2 месеца што се менуваат. Последниот пар ги отворив, но ги носев само 3-4 пати по некој саат, и толку, а поминаа повеќе месеци. Дали смеам пак да ги носам, ги чував во кутивче со вода за леќи.
Јас имам леќи само за посебни прилики. Ги носам еднаш на неколку месеци. Ништо не ми се случило до сега.