Благодарам.А колку пари се од прилика ( т.е твоите колку се) за од прилика да знам од колку да земам,зошто на секаде се различни цените.
Проблеми со полу тврди леќи Више пукнав...Искрено се обидував да најдам тема која ќе ми помогне за проблемов али не можев да пронајдам па да се надевам дека некој ќе ја прочита мојава проблематика и ќе биде во можност да ми помогне.. Значи носам наочари уште од многу мала, не се ни сеќавам колкава бев коа ми дијагностицираа дека имам страбизам и плус астигматизам и носев наочари до 18 години. Само што наполнив 18 си земав контактни леќи и поради тоа што ми беше специфичен диоптерот земав полутврди леќи по препорака од докторот. Имам до сега сменето 3 пара полутврди леќи ма да да бидам искрена последните два пара не ми беа некако погодени, почесто ми се прљаа ми сметаа и слично но немав проблеми како овој со нив. Сите три пара претходниве години ги имав зимано од Геталдус и стварно сум задоволна од нивната услуга но по препорака решив да ја сменам оптиката и да земам леќи од друга оптика, Визиус или Визија не знам баш како се вика бидејќи сите ми ги фалеа и мислев дека уште подобри ќе ми бидат леќиве. Бев пред некои три недели на преглед ми определија диоптрија, агли, цилиндри и што се не и ми стигнаа новиве леќи. ги земав во петокот среќна и радосна дека ќе ми бидат почисти и поубаво дека ќе гледам дури и нова течност земав наводно најдобра. Е сеа проблемот е што вчера бев на работа и ги ставив леќите од сабајле, се по упатство нели на докторката, миење со шампонче, плакнење со течност и слично и ги носам а после пола саат ми се заматуваат. Мислев ќе помине али работата е што како минуваше денот се полошо и поматно ми беше. Значи леќиве ми се замаглуваат и не можам да глеам чисто. Ако ги извадам и измијам повторно и ставам течност после некој пола саат повторно ми се замаглуваат и пак не можам да гледам чисто. Мислев ај дека е поради тоа што се нови. Денес пак ги ставив и пак ми се матат. Тие што носат полутврди леќи знаат дека е вообичаено кога ќе се насоберат протеини на леќите после 2/3 месеци треба со таблети да се исчистат, и до сеа и така сум правела, али овие се нови леќи не би требало да ми се замаглуваат и да не ми бидат чисти нели???? Имал ли некој досега ваков проблем и ако го решил дај нека помага не можам да се помирам со ова!!!!За претходните леќи користев течност Цлеар царе а сеа некоја друга земав...можно ли е да е до течноста или нешо не ми ги погодиле леќиве ??? АЈ ВЕ МОЛАМ ПОМОГНЕТЕ МИ!!!
После купувањето на леќи одите ли повторно на преглед? Докторката кај која бев последен пат, во поликлиниката Букурешт, ме нападна зашто не сум отишла на преглед со леќите веднаш откако ги купив за да ги отворела она во ординацијата, во случај да не имало некакви фабрички "грешки"
Па и јас бев кај таа истата. Јас бев по земањето на леќите пак кај неа. И мислам оти си требала да одиш. Јас не ни знаев да ги ставам, ни за кое око која леќа ми е , така да, посигурно е да одиш пак.
Истата докторка сите не напаѓа очигледно...........јас искрено имам страв од неа и не одам на преглед додека не излезе во пензија (би требало до крајот на годинава), па како човек да одам на преглед. Мене ме избрка од преглед затоа што не сум ги купила во оптиката која ми ја препорача туку во друга каде ми даваа на рати. Користам леќи скоро 1 година задоволна сум, но не и од третманот на ифруструраната докторка. Трауми леле....
Јас не отидов дека се ми објасни пред да ги купам и плус искусна сум со леќиве , веќе две години носам. Само не разбирам зашто "морам" да ги купувам од оптика Елени, кога истите се поефтини во други оптики. Сигурно сме биле кај истата. Нејзиниот однос воопшто не е на место. Какви се работи ми има изнакажано . Повеќе не се враќам таму.
Која е бре таа докторка од двете во Букурешт? Јас одам исто таму и со ја обожавам мојата докторка отворена, интересна и полна со совети. Искрено, ваша грешка е што сами по дома отварате леќи а ако ви е прв пат ни муабет не правам која глупост е тоа. Сигурно ние не знаеме подобро од доктор дали се добри или не леќите. Секогаш отварајте ги на доктор и ако тој е малку од малку образован одма ќе ве тури на тоа апаратчето да провери дали е се во ред. На мајка ми баш пред некое време и се случи ваква работа, зема нови леќи си ги отвори на доктор ама дома не можеше да издржи колку непријатно и лежеше леќата. Си отиде пак на лекар, докторката фино и кажа да оди во Елени да каже што е проблемот и без проблем ги врати ја во фабриката и го замени ја. И да мора да се оди и на контроли редовни, па човечко тело е во прашање нормално дека се менува. Немојте да се глупирате и да земата поефтини леќи само за да заштедите некој денар, со очи не се игра мајтап. Не викам дека треба само од Елени или незнам која продавница да земате ама пробајте да одите на проверени места.
Во Букурешт мислам дека има две докторки, така да можеби и не одиме кај истата. Но по тоа што ми кажувале, и по мое искуство таа докторка не ми остави добар впечаток. А леќите секако дека не ги земам на своја рака, како што ми одговара, најмалку затоа што едни биле поефтини од други и сл. Она што според мене е навистина непрофесионално е инсистирањето од нивна страна да се купуваат леќи стриктно од таа оптика (кога потполно истите може да се најдат и во други оптики). До сега сум била кај повеќе офталмолози и ниту еден од нив не ми кажал точно од каде морам да ги купам, а уште помалку да ме избрка само затоа што не сум ги купила од препорачаната оптика
ако носиш леки да,извини не читав постовите од порано,оти окото ти е сконцентрирано и леката се суши и затоа е така треба да трепкаш поцесто додека да се навикнеш и мене ми беше така,али сега ми е 5ка едит..да не ја ставаш леќата наопаку
Да, во Букурешт има две докторки. Јас одам кај таа плавата, а двете ако се плави, не знам која е, не и го запамтив името . Точно е дека малце е вау, искрено мислам оти повеќе муабет ми правеше за било што освен за леќите , за факултет, за ова, за она, пола саат ме мафташе ... Толку бе муабет да се правело, за се ќе те испраша
Значи цените варираат, од место до место, зависно од каде ги нарачуваш, од диоптерот поради начинот за изработка. Моиве леќи се Boston, ги нарачувам во оптика Орбис во ГТЦ горе. Сум прашувала и во други оптики во ГТЦ, ама секаде ми рекоа дека нема да можат да ми ги направат такви како што докторот ми има пишано. Најважното, што не носам меки, туку тврди, гаспропустливи леќи, што се менуваат по потреба на 2 години. Цената на моиве е околу 3000 денари за една, што значи за еден пар се фаќа 100 евра. Можеби делува многу, ама ако се изброи во текот на две години колку пати ќе смениш меки леќи, ова дури и поисплатливо доаѓа. Сепак зависи од тоа што ќе ти препорача докторот.
Е значи од докторкава од Букурешт трауми имаме повеќетo па кога ќе види дека леќите не се купени од нејзината оптика станува колку е ниско тоа нејзино однесување џабе им се на докториве и 300 титули што ги имаат и примариуси и специјалисти кога не знаат да се однесуваат како луѓе!!!
Леле јас одвај чекам да си земам леќи ! Бев во најддобрата оптика во градот и ми рекоа дека за моите очи требало полу трвди и демек 2000 ден ќе се па сега ќе видиме како ке испадни
Старфиш, и јас носам такви. Еве цела година веќе, али чувствувам дека уште не можам да ги навикнам како што треба. Ми се маглат, ако ми навлезе прашинка ми солзат многу, очите кога ги носам не можам целосно да ги отворам, оти почнуваат да ми солзат веднаш, и сите со меки што носат викаат дека не ги ни чувствуваат, а јас цело време ги чувствувам на мене. Кога ги носам повеќе време, од сабајле до вечер да кажеме, а поготово ако учам, почнуваат да ме печат. Абе повеќе мачење отколку уживање со нив. До мене е само ова, или и тебе ти се јавува?
Хм... И јас ако ги носам подолго време, а притоа читам, седам пред екрани, знаат да ми се уморат очите. Не ме болат, ама ги чувствувам како да ми тежат веќе. Може да е до растворот што го користиш. Мене ми се случувало тоа од лош раствор. Гледај да ги купуваш оние за поосетливи очи. Ако пормената на растворот не ти помогне, оди на преглед, задолжително, можно е нешто да ти се инфицирало, а може да е до леќите. Ако си била во најдобрата оптика во градот, срдечно поздрави ги и кажи им дека не посотјат полу тврди леќи. Посотојат меки и тврди гаспропустливи леќи. Средина нема, сум прашала сто пати, зошто мислев дека јас носам полутврди, ама всушност тие се третираат како тврди. Така да, или докторите не се запознаени добро, или нешто те вртат. Прашај си убаво нареден пат, да не ти летнат парите за џабе.
Како бе старфиш нема полутврди леќи, па моиве се такви!? Додуша јас ги знам како полумеки ама исто му доаѓа тоа.
И јас на тоа мислев, почнуваат да ми тежат очите, и по некое време морам да ги извадам. Знам дека најмногу 16 часа можат да се носат, е ако ги носам од рано насабајле, до кај 23 почнува тоа да се случува. Значи кај 15 саат откога сум почнала да ги носам , али што да правам, ми требаат за учење или за пред тв. Иначе, ги користам средствата на Авизор, тие ми ги препорача докторката, тоа црвеното помало шишенце што е ко шампонче, и зеленото за плакнење и во него ги чувам леќите. Е сега, за миење од тоа шампончето, ми рекоа дека сите користеле обичен физиолошки раствор од аптека, па јас таков користам. Нема полумеки, јас тој израз го немам слушнато досега, грешка си разбрала изгледа. Имам слушнато за полутврди, и јас ко демек такви носам, али не се такви, гаспропустливи леќи се, како што кажа Старфиш.
Епа и јас моментално ги користам тие, и знаат да ми нарават да ми се поматува леќата, однсно да гледам како матна слика. Не знам зошто Течностите на Bausch + Lomb се дефинитвно најквалитетни, ама и поскапи се. Кога можам ги купувам тие, и мноооогу се квалитетни. Изгледа до течностите е..... Порано можеби се употребувал терминот полутврди, меѓутоа тоа денес веќе го нема. Полутврди би се однеувало на леќа која не е од меките, а не е ни пластична, туку е мешавина. Денес постојат само меки леќи и леќи кои се мешавина со пластика. Тоа се всушност тврдите, гаспропустливи леќи. Нема зошто да ве лажам бре, прашајте ќе ви кажат дека е така
Не, баш ме замисли затоа што уште на времето пред 5 години кога ги земав леќите докторката ми објасни дека има три типа меки, полумеки и тврди. Тврдите ретко кој ги носи денес, се давале само во екстремни случаи а знам мајка ми дека во 80-тите кога почнала да носи леќи почнла со тврди па се префрлила на полумеки т.е. овие нашиве. Меките си се нели тие апла меките мене на желе ми личат. Благо си забегав со леќиве
Сигурно сме биле кај истата. Нејзиниот однос воопшто не е на место. Какви се работи ми има изнакажано . Повеќе не се враќам таму.[/ Јас во окромври бев последно и откако ме измасира саглам и една женичка од 45 години ми се исповеда и кажа дека по една година доаѓа оти последниот пат плачела од неа , за срамота... Јас сега бев приватно и тоа на комјутер ме проверија, а не на она опремана од 1945 година