Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Контактни леќи или очила?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од OrdinaryGirl, 26 јуни 2010.

  1. andrijana-pandora

    andrijana-pandora Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    Хахахах и мене ме избрка и ми кажа да си одам на контрола таму кај што сум ги зела леќите значи во другата оптика, а таа не беше Елени. Но, јас ги зедов истите леќи со рецептот што ми го даде дотичната докторка и тоа на рати, а најмногу збесна и ме исфрли кога и реков: па јас во Елени досега ги земав и не ми вршеа прегледи таму така да нема потреба и во оптиката која ги зедов истите!
     
  2. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    305
    Да добра работа е после купувањето леќи директ кај докторката,ама јас зедов 3 пара и првиот пар беше ок,сабајле отварам нови леќи и ја ставам едната во окото и ми беше нешто чудно и кога ја извадив видов дека на крајчето е скината :devil: пукнав од нервози,сега нема никој да ја признае дека е фабричка грешка,така ми отиде леќата,него има ли тука кај нас да се продаваат само по еден пар леќи?Од кај што ги порачувам јас само по 3 даваат,порано имало,ама за сега незнам...
     
  3. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    363
    Имам прашање, малце глупичко, ама озбилно ми е страв да се шминкам со леќи. Нова сум во ова, една недела дали ги имам леќите, уште не сум ги навикнала ко што треба, ама кога ги носам, ги третирам очиве ко стаклени, не ги допирам, а камоли да ги нашминкам (страв ми е да не ми отидат позади око леќите :lol: ). Со оглед на тоа дека поголем дел од денот не сум дома, а се шминкам пред да излезам, не можам да ги носам само навечер, не ги нарачав за тоа нели :) Така да некој совет би бил добредојден за да ми се олесни тој процес :$
     
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.440
    Допаѓања:
    91.721
    Пол:
    Женски
    Зошто да ти е страв? Јас кога носев само внатре во окото не ставав моливче, а друго се користев. Мене докторот ми рече дур не ги навикнеш не се шминкај, ама не можев јас така, па по некој ден одма ставив шминка. Мене не ми требаа леќите за да шетам нешминкана, јас ги земав да се види моето ремек дело на очите :rofl:
     
    На starfish му/ѝ се допаѓа ова.
  5. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    363
    Е ајде де и сама не можам да се разберам, колку филмови ми се вртат во глава. Црно моливче не ни користам внатре во очи, а еднаш само имам ставено коректор и не знаеш колку ги ГАЛЕВ очиве, едвај го размачкав :lol: Паничарка сум голема, не знам кога ќе се осмелам :)
     
  6. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    3.176
    ^^

    Абе па и ти :D, стварно си паничарка изгледа, али немаш потреба од страв. И јас на почеток не ставав додека не ги навикнав, сега ставам. Ако не пак почекај уште некое време за да се навикнеш убаво и да не ти биде страв :D
     
  7. ribce27

    ribce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    54
    devojki i jas nosam naocari sakam i leki da zemam ama mislam oti so naocari e podobro.kolku cinat lekite vo boja ili zavisat od diopterot?i dali znae nekoj kolku cinat organskite leki so se menuvaat na 2 meseci?pozz
     
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Знам дека е малку смотано прашањево, ама диоптер на диоптер не бива, а? :?:
    Во смисла, да да ги носам леќите со се наочарите за сонце кои се со диоптер. :geek:
    Или сепак да си порачам нови наочари, без никаков диоптер...
     
  9. ribce27

    ribce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    54
    nemozes da nosis naocari i leki so diopter vo isto vreme.ako nosis leki treba da nosis obicni naocari t.e bez nikakov diopter.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Леле мене многу често ми се случува вадејќи ги, да ми се свртат леќите. :envy:
    И после однопаку кога ќе ги ставам ме боцкаат.
    Изгледа вчера ми се случило тоа и денеска сто пати ја извадив и ја ставив додека не легна убаво на око.

    Како да се справам со ова?
     
  11. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Старфиш, од што зависи дали ќе треба да носиш меки или од тие гаспропустливи?
    Дали тоа зависи од диоптерот, дали претходно си носел леќи/очила, незнам од што друго... :?:
    Јас планирам да одам на очно, и сакам леќи а инаку имам минус диоптер, затоа ме интересира а темава ми е моментално далечена и не се разбирам воопшто. :)
     
  12. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Јас едно време се мислев дали да носам леќи или очила и на крајот се решив за очила бидејќи и онака очилава не ги носам секогаш на мене само кога сум дома или пак ете на факултет некогаш :)
     
  13. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Денеска од такт ме извадија леќите. :@

    Ме боцкаат, ги чувствувам во очи. Може да се трпи, ама сепак не е тоа, тоа како други денови што не сум ги чувствувала дека ги носам.
    Сто пати ги извадив и ги ставив, ги чистев, ги превртував и пак истото, а мислам дека не се остарени (ги ставив на 22 февруари ), што значи нема ни месец.

    Што да правам?
     
  14. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    363
    Look да не ти се оштетиле некако? Да не ти се скинала леќата? Ако ти се повеќе месечни, нема шанси да ти остареле.
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lav4ence.e.e

    lav4ence.e.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    245
    Јас носам леки од скоро ама имам еден проблем, ми сметаат кога учам, т.е. неможам со нив јасно да гледам и читам од блиску како што можам со наочари. Дали може нешто до леките да е или...???
     
  16. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    ^^^Ќе ти помине, почекај малку да се навикнат очите. И мене ми се случуваше истото, а и други се имаат жалено од истото.

    Не, не се оштетени. Инаку едномесечни се, ама оптичарот ми рече дека може да потраат до месец ипол.
     
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас еве после некое време носење леќи, да си искажам мислење.
    Меѓу леќи и очила, би ги избрала леќите.
    На почетокот ми беше тешко ставањето, вадењето, припазувањето на хигиена, а и една недела не можеше окото да ми се навикне. Ама сега веќе без проблем ги ставам, и ми се допаѓа тоа што со цело око гледам убаво. А со наочарите, добро гледам само преку стакленцата.
    Единствено како мана на леќите им е тоа што ако ги носам цел ден, после тоа некако ме заморуваат. Не можам да го фокусирам погледот на нешто, на пример тешко ми е да читам затоа што ми се замаглува видот и морам постојано да трепкам. Затоа, за читање, за гледање телевизија и за работа пред компјутер, ги носам наочарите особено затоа што имаат антирефлексни стакла.
     
  18. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Бидејќи јас носам комбинација од леќи и очила, мислам дека ќе м,ожам да ти помогнам.
    Мене ми се има случувано повеќе пати истово и тоа не значи дека ти се стари леќите или оштетени, туку можеби очите ти се исушиле многу исега со ставање вадење неколку пати , да ги имаш иритирано. Мој совет е да ги одмориш денес, односно не ги ставај леќите , а ако и утре ти се случува истото посети офталмолог.
    Поздрав и се надевам ти помогнав малце барем ;)
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    За таа докоторката од Букурешт несакам да чујам, а не па да ја видам или пак да и појдам на преглед. :devil:
    Вистина е дека се две докторки, ама јас зворам за таа една плава, полничка со плави очи, брзо збори и на дијалект од источна македонија некаде.... ако не се лажам Данка се викаше. Ај да не грешам душа :P
    Кога бев помалечка и кога носев очила, за да ми го измери диоптерот ми ставаше од тие стакленцата кружни, стандард процедура и да ги кажувам бројчињата. Е тогаш и велам дека со тој диоптер што она ми го даваше бројките од таблата малце нереално и пластично ги гледав, ко да се цртани, уште малце ко да ке излезат од таа осветлената табла. Стварно девојки ко вештачко да беше се околу мене. А она ми вели демек трака требало зошто кога тоа ке било целосно стакло во оквир ќе сум гледала убаво. И се натегавме и ценкавме кај неа у ординација колкав ми е диоптерот. :@ Хаос... После си одев кај други доктори. И пошто тоа е као нели и кабинет за контактни леќи, а јас подпораснав и можев да носам пак појдов кај неа, ми го провери диоптерот (пак со ценкање колкав ми е) и ми дава рецепт од Елени да сум купела. Како не! :!: :!: :fubar:
    Дефинитиво несакам да ја видам таа жена. Сум плачела дома зошто ми даваше рецепти со такви диоптри.
    Ок, можеби некоја од Вас има убаво искуство од кај неа. Јас НЕ!
     
  20. Chivas

    Chivas Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    132

    AnaKarenina од каде ги порачуваш наочарите за сонце со диоптер ? И колку чинат ?
    Овде во пп , само во една оптика има , и ги чукаат цените , со тие пари 3 пара наочари ќе си купиш... |(