Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Контактни леќи или очила?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од OrdinaryGirl, 26 јуни 2010.

  1. GoldenValery

    GoldenValery Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    13

    Кога леќите ќе почнат да побелуват .. тогаш значии дека се остарени..
    Инаkу убаво ти кажа Chupe ;)
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Пријател на татко ми е оптичар и тој изработува по порачка. Носи и на тезгите на Зелен Пазар.
    Рамките што си ги одбрав јас чинеа 300 денари, а стаклата 800. Значи ме фатија 1100.
    Му дадов белешка од очно, за да знае кој диоптер, раздалеченост и такви ствари.
    И си бираш каква боја да ти биде стаклото и колку процентна затемнетост.
    Јас избрав зелено стакло и 75% затемнетост. Ама сега бидејќи ми е покачен диоптерот, ќе морам да одам да ми ги сменат. :|
     
  3. Chivas

    Chivas Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    132
    мм тоа е доста ефтино :^)
    ако можам ќе побарам во ск. :)
    ама и тоа што кажа ти , диоптерот се менува па не се исплаќа да ги купуваш многу скапи наочари и да менуваш после стакло на 1на година :worried: .
    изгледа сепак бидејки носам и леќи , ќе си купам наочари па под нив леќите :geek:
    фала за информацијата :)
     
  4. lav4ence.e.e

    lav4ence.e.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    245
    Zemav leki pred 1 mesec i gi imam staveno dosega 6-7pati , bidejki gi nosev kombinirano so naocari. Denes koga gi staviv , ednostavno nemozev da gi podnesam na oci. Osekjav nekoj pritisok i bolka vo ocite od niv i me bolese slepoocnicata . Ne znam dali e poradi toa sto gi nosam kombinirano so ocila ili sto e ne znam... I porano koga gi stavav mi se slucuvase da me boli slepoocnicata no ne tolku ko denes sto nemozev da gi podnesam. Aj ve molam za odgovor nekoi od poiskusnite so leki.P.S. Izvinete za fontot, ne mi raboti opcijata za menuvanje. Pozdrav
     
  5. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    303
    Феминки има ли некоја од вас да ги користи овие контактни леќи? И колку пари се тука кај нас?
    Првото пакување леќи што го купив беа овакви ама ги зедов од Бугарија и чинеа 2200 3 пара :?: Дека ми се погодија,сакав пак да земам ама овде во Штип прашував и не знаеја што цена се демек прво да нарачам па после ќе кажат
    [​IMG]
     
  6. Chivas

    Chivas Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    132

    lav4ence.e.e ,не секој може да поднеси да ги менува и да ги носи и леќите и наочарите ,затоа што фокусот на леките и наочарите е различен и острината на видот е исто така различна.Исто така менувањето предизвикува главоболки , вртоглавица , повраќање. Кај мене на пример, моето око може да го поднеси ова менување, иако некогаш кога ги ставам леќите ми треба одредено време 15тина мин , да ми се адаптира окото и тогаш лежам со затворени очи додека убаво не ми ја прими окото леќата(и затоа најчесто за излегување ги носам, а за на училиште наочарите ми се попрактични ). А мајка ми пак носи исто леќи и толку е на нив навикната што неможи повеќе да ги носи , ни да ги поднеси повеќе наочарите и создаваат главоболка.
    Јас леќи користам веќе 1,5 година и тоа не многу често ама сама си осеќам дека некако ми е променет , како намален видот :?: Подобро гледам со леќите, но нив неможам да ги носам 16часа во денот , треба хигиена и претпазливост од прашина , чад од цигари , затоа што тие не само што ќе ти штетат за леќите туку и можиш инфекција на окото да си закачиш :x
    Ти си знаеш еве веќе 1 месец ги користиш па најдобро можеш сама да заклучиш , доколку неможиш тогаш остави ги, носи си наочари.
    А сега направи некое време одмор , остави ги леќите добро да отстојат во растворот , и пробај повторно пак по некое време.Доколку и тогаш имаш вакви симптоми тогаш оди на доктор тој ќе ти каже најдобро па да не си направиш некои посериозни компликации. :)
     
  7. AlanisM

    AlanisM Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    590
    Па мислам дека комбинацијата на леќи и очила не е добра.. Бидејки има луге кои носат леки, во замена на очила сеа дали не им се допаѓа како изгледаат во нив или што не е битно. Сакам да кажам дека според мене и тоа што имам слушано , не ти е добро тоа
     
  8. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски

    Ги има овде во Скопје, во Диоптра во ГТЦ, и се 1000 денари еден пар. Можно е да ги има и во другите оптики, јас таму ги земав, и толку ги платив. :)

    Чекајте малку, од каде информацијава дека не е добро да комбинираш леќи и очила? 10 години функционирам така, и немам никаков проблем. Никогаш ништо не ми се случило, не сум имала никаков проблем, во било кој поглед. Ниту јас, ниту пак другите кои ги познавам и ја прават комбинацијава. И што би значело тоа, дека луѓето кои носат леќи за да немаат проблем не треба да носат наочари воопшто? :o Па поголем проблем од ова нема. Без оглед на тоа што има леќи кои се носат 24 часа, со кои може да се спие, едноставно окото не може да ја трпи леќата толку долго време. Епа не може луѓето кои носат леќи, да ги носат пример 8 часа, останатот дел од денот ќорави да седат :^) Затоа треба да се има добар офталмолог кој ќе го одреди диоптерот, фокусот и на леќите и на наочарите. И самиот диоптер на леќите и наочарите нкогаш не е ист.
    Главоболките мене лично ми се јавуваат ако многу долго стојам пред компјутер (работам канцелариска работа, 8 часа сум пред компјутер, па кога леќите се постар знае тоа да ми се случи), ако ми влезе некоја прашинка или влакненце кое не можам во моментот да го отстранам.....или ако рипнал диоптерот. :| Од такви работи. А првпат слушам дека преминот од леќи кон наочари и обратно може да предзвика главоболка или нешто друго. :?: Можно е да има проблем на почетокот, кога се почнува да се носи леќи, или кога е сменет диоптерот. Ама вака, ничим изазвано.......Ниту еден лекар досега не ми го кажал мене ова. :|
    Точно е дека се работи за око, нешто што е многу чувствително и бара многу хигиена, ама па не е ни таков баук да не може да се носат леќ, дај ве молам.
     
  9. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    Мислам дека се окулу 6000 денари со внатре 6 пара леќи кои се менуваат на месец.
    Така што испаѓа дека еден пар е 1000 ден.
     
  10. lav4ence.e.e

    lav4ence.e.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    245
    Epa ok, ne znaev deka ne e dobro taka vo kombinacija da se nosat, naocarite praktikuvav da gi nosam po doma koga ucam i sum pred kompjuter a lekite za nadvor. Ke probam togas samo lekite da gi nosam pa ke vidam kako ke mi bide. .. Inaku sekako deka so niv se gleda mnogu podobro otkolku so naocarite. Fala u sekoj slucaj Pozz
     
  11. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    363
    Ја пак со моите глупи прашања :) Дури ми е глупо и да прашам, пошто прашањево е глупо-смешно ама многу ме интересира дали ви се случило да плачете со леќи, може ли да се изместат или нешто да се деси? :$
    Луѓе сме, секакви чуства имаме, може и вакво нешто да се деси па да си бидам спремна, да не ги задржувам солзите кога ќе најдојдат :P
     
  12. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    :rofl: :rofl: :rofl:
    леле како си ме изнасмеала со прашањево, алал да ти е :rofl:
    Секако дека можеш да плачеш, не се мачи, не ги држи солзите.
    За изместување, нема да се изместат, ама мислам дека меките леќи, ќе бараат после да ги исчистиш со течност. Солзите го засушуваат окото, па ако ти дојде непријатност после плачењето, само замиј ги со течност. Јас носам тврди, и си плачам со нив. :wasntme:
     
    На K.e.ll.y му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884

    :D :D :D Може да плачеш, апсолутно ништо нема да им биде на леќите.

    Јас си плачам и не ми се сушат, напротив подобро ми е после. :D
     
    На Chelsea му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lav4ence.e.e

    lav4ence.e.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    245
    Ме интересира дали на меките леќи кои траат по еден месец за на крај да останат без диоптер, тој им се намалува постепено се додека не го снема целосно или наеднаш се губи откако ке им помине 1 месец носење? :D
     
  15. puflaa

    puflaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    23
    Девојки каде одите на преглед за леќите? Имам упат за во поликлиника Букурешт но читајќи ги коментарите за докторкиве не сакам да одам таму.. Ќе може некоја да ми препорача ординација, се разбира со плави картони што работат? :)
     
  16. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    Јас ги имам носено можеби два - три дена по еден месец, повеќе од толку не сум ризикувала.
    Така да наеднаш не се губи диоптерот, а после колку време носење почнува да се губи не знам затоа што не сум имала такво искуство.
     
  17. i-am-who-i-am

    i-am-who-i-am Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    17
    девојки незнам како да ја убедам мајка ми веќе.имам и јас мал проблем со очите но веќе почна да станува поголем но несакам и неможам да прифатам да ги носам наочарите што ги имам.Помош?
     
  18. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    ^^^ Најпрво, најголема грешка ти е што се срамиш да носиш наочари.
    Јас носев пет години и сите ми викаа дека преубаво ми стоеле. Ги сменив за леќи затоа што ми здосадија наочарите, а не дека имав некој комплекс.
    Кога веќе сте дале пари да ги купите, носи си ги. Ич гајле да немаш. Денес се модерни наочарите. Пробај носи ги некое време, а постепено убедувај ја мајка ти дека многу луѓе носат леќи, дека тоа не е ништо страшно, дека веќе ти се здсадиле наочарите, дека со леќите се стабилизира видот. Не и` врши притисок на мајка ти (немој да ми се налутиш или навредиш), ама можеби финансиски во овј период не е способна да ти обезбеди леќи. Сите знаеме дека леќите не се баш ефтини како наочарите.

    Затоа носи ги некое време наочарите, со тек на време ќе прифати мајка ти.
    Имај самодоверба. ;)
     
    На i-am-who-i-am му/ѝ се допаѓа ова.
  19. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.433
    Допаѓања:
    91.612
    Пол:
    Женски
    Ахам ако се лажеме леќите ги носат(м) затоа што сакаме да смениме. |( Речиси секој што носи леќи не се чувствува убаво кога носи очила. Речиси секој гледа со одбивност спрема очилата. А тоа дека некој ги носи зошто му се здосадиле очилата е голема лага. Баш со очилата секогаш можеш да си поиграш, да купиш поинакви рамки, друга боја, форма итн.
    Носев и јас леќи зошто очилата ми беа огромен комплекс. Потоа си прифатив дека цел живот ќе ги носам и тоа е тоа. Да секој е поубав кога не носи очила, но има луже и на кои убаво им стојат.
     
  20. i-am-who-i-am

    i-am-who-i-am Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    17
    мене вопшто не ми стојат