Малку ти е општа оваа констатација. Лично, не ни помислив да носам леќи се додека не ми беше кажано од мојот офталмолог, дека единствено со нив може да ми стагнира растот на диоптерот. Не стануваше збор за избор, туку за нешто кое директно влијае на видот. Но и покрај тоа што морам да носам леќи, најголемиот дел од денот сум со наочари. Како и да е факт е дека кога-тогаш, покасно, сите што менувале наочари за леќи, сфаќаат дека наочарите се многу попрактични и ги одбираат пред леќите. Мислам дека нема човек над 30 што се одлучил за леќи.
Како си дозволуваш вака да зборуваш во туѓо име? Да, ми се здосадија очилата па ги сменив со леќи. Плус тоа бидејќи постојано ми растеше диоптерот, решив да земам леќи. Ако се работело за комплекс, не знам кој комплекс се издржува пет години. Ако е така тогаш браво за мене колку сум била издржлива.
Јас носам очила веќе една ипол година . Здосадено ми е од нив па ги носам кога сум на училиште па се до вечер , значи не ги носам наутро :geek:. Тетка ми кажуваше дека на леќите ништо не им е, и да плачеш нема ништо да им биде, но навечер треба да се вадат, зашто наутро кога ќе станеш ти се гледало се замаглено
Ако преспиеш со нив, ќе ти се исуши окото, нема да има кислород, па затоа леќата ќе се замати. Најмногу што можеш со леќи е да дремнеш еден час. Дечки, јас сакав да ве прашам дали знаете за вградување на леќи? Наслушнав од некој дека може да се вгради леќа во окото, со ограничена трајност, ама повеќегоидшна??
Убаво си пишав речиси секој. И да тврдам дека секој се чувствува многу поубаво кога не мора да ги носи очилата. Ретко кој се има прифатено. Порано мислев дека барем возрасните оние на 25, 30 години не би требало да ги чувствуваат како хендикеп ама се повеќе сретнувам такви личности. Можеби влијае и средината, еве кај мене мајка ми да не беше толку упорна јас никогаш не би носела очила. Има огромна разлика од тоа офтамолог да ти препорача да носиш леќи и ти да си земеш зошто нели сакаш да смениш. Старфиш познавам жена која има 40 години и незамисливо и е некој да ја види со очила. Секој ден ги става леќите, дури и за викенд, а очилата ги носи час, два пред спиење. Вели- освен маж ми никој друг ме нема видено со очила. Срам и е, комплекс огромен и се очилата. Мене па не ми стагнираше диоптерот со носењето на леќи, мислам дека и претходно имам негде пишано дека ми се зголеми и тоа бајаги. Старфиш вградувањето на леќите е нешто ко на овие што имаат перде на окото. Треба убаво да се распрашаш за тој чекор. Јас искрено пред многу години размислував за операција. Еден пријател беше во Бугарија, премногу ми беше слаб видот и сега гледа одлично.
Комплекс-не комплекс ако се мора да се носи очила се мора,јас носев очила повеќе од 13 години па што,значи 13 години еден ист диоптер,ефект незабележлив од очилата,потоа бев на операција па сега носам леќи зошто сакав да сменам,исто и очила носам понекогаш за пред компјутер зошто расликата за пред компјутер со леќи и со очола е голема(барем за мене).Можеби очилата ми беа комплекс некаде до 8,после ја сменив рамката за помодерна и морав да продолжам со очила( а оттогаш се канев да земам леќи и ме лажеа дека леќи за деца по 18 не давале глупости) Сега општо кај секој е различно,зависи до диоптер и проблемот со очите,дали е за очила или за леќи,а тоа дека некој неможе да ги прифати очилата е психата и тоа не е некој хендикеп,зошто има мноогу голем избор на рамки и секој може да најде рамка што ќе му прилега на формата и обликот на лицето
Според мене леќите се многу по практични од очилата, а и видното поле ти е поголемо со леќите и го стабилизираат видот. Очилата го ограничуваат видното поле. Исто така треба да ги пребришуваш често за да ти бидат чисти, треба да внимаваш да не ги скршиш или оштетиш. Мене убаво ми стојат наочари, но ги сменив за леќи затоа што многу полесно ми е со леќи. Во денешно време толку многу различни рамки има што секој може да си најде соодветна за него такада не мислам дека луѓето носат леќи од комплекс туку од други причини.
Имам мал проблем.... Носам контактни, меки леќи (прв пар ) веќе месец и 23 дена. Проблемот ми е дека во оптиката ми рекоа меките леќи можат да издржат максимум месец ипол со носење по цел ден (баш како што ги носам јас). Потоа ќе почнеле да ме печат, да не гледам убаво... Јас такви проблеми сеуште немам и не знам дали да ги сменам. Да не е штетно олку време да ги носам или да не ги фрлам за џабе.
Носи си ги леќите додека не приметиш проблем. Јас по мене знам моите леќи ги носам и по три месеци, ама јас ги носам најизменично со наочари. Додека не приметиш дека не можеш убаво да гледаш, дека ти се мати или дека при ставањето те глоцка тогаш ги замени со нови. Инаку неможеш да си направиш проблем со очите, според мене.
Со оглед на тоа дека вртам прилично голем диоптер од 3,5 у минус, и за наочари сум врзана скоро цел живот, некогаш чисто за промена сакам да си земам леќи. Арно ама, јас не давам капка вода да ми капне в око, а не па да брцам и да ставам и вадам леќи. Чим помислам на тоа, одма си се фаќам за наочарките..
Месечни, ама како што веќе напоменав, оптичарот ми рече можам да истерам и до месец ипол со нив, а јас го узминав тој рок.
Не се секирај, не е ништо страшно ако дојдеш и до 2 месеци Ако леќите се сосема во ред и ако апсолутно никаков проблем не ти предизвикуваат, нема потреба од грижа. Мене лично ми се случило да се заборавам и да дојдам до 2 месеци со едни леќи, (и јас носам само месечни последниве 4-5 години) па за среќа никогаш ништо не ми се случило, ниту инфекција или нешто друго. Поноси ги уште некој ден и купи си нови, за да не ти е шубе веќе дека си го надминала рокот.
Nosev leki okolu eden mesec i ne bev bas zadovolna od tie sto gi zemav pa sakam da probam druga marka na leki... Dali treba pak da napravam oftalmoloski pregled za toa ili moze da si zemam od optika druga marka no so istiot diopter??? Se izvinuvam za fontot, nemoze da se smeni.
Девојки леќите имаат предна и задна страна? Си земав пред некој ден и денес кога ги ставив имам проблем со гледањето, некако на блиску ми се мати па викам да не сум ја утнала страната. И едно прашање за ставањето имам, треба само да ја земам леќата и да ја ставам на окото, без да попрскувам со течноста или треба малку да ја замијам? И на колку време да ја менувам течноста? Сестрата од Букурешт ми кажа на три дена ама читајќи по форумот некако мн долго ми се виде тоа..
Леќите колку се добри толку се и лоши, не му дозволуваат на окото да дише. и затоа се препорачува да се носат само на излегување, доколку ептен некој не сака да го гледаат со очила. Плус, леќите го подобруваат видот само до 50 %, а за оние кои се шофери не е дозволено да возат вечерно време со леќи, барем овде во Швајцарија. Им ја одзимаат возачката за некој месец доколку ги фатат со леќи ноќно време. Додека очилата, од друга страна го поправаат видот и плус окото си дише слободно. Така да јас сепак би препорачала очила, барем дома додека сте.
Да, треба да ја измиеш во течноста затоа што леќата може да фати некои мали влакненца, а треба да е потполно чиста за да ја ставиш во око. Течноста лично јас ја менувам додека не се извалка (3-4-5 дена). Нема потреба да се менува секој ден доколку е чиста. Е сега јас имам еден проблем Претходно имам кажано дека ми ги згрешија леќите, а на едното око треба да носам со цилиндар, па така два месеци носев обични и немав никаков проблем, дури и одлично гледав. Денеска ги сменив со тие што ги носам (на едното обична, а на другото со цилиндар). Со обичната немам никаков проблем, не ја ни чувствувам, додека цилиндричната ја чувствувам (не да е неподнослива, но сепак не е толку добра како обичната). Кога ќе го затворам окото и ако притоа притиснам малку како да се изместува. Што може да е проблемот? Нормално ли е?