Во секоја аптека, ги има дури и во некои оптики.....Каде сакаш Е сега, нема секаде иста, зависи каква користиш, некои продаваат само на Bausch&Lomb, некои други марки....Зависи кој како си се договорил.
Јас мислам дека тоа е нормално, пошо нели викаш првпат носиш лека со цилиндар па му треба време на окото да се навикне на таква лека. Инаку како тоа на 3-4-5 дена да се менува течноста во која стои леката, мене па ми кажаа обавезно секој ден навечер Инаку тоа за течноста така ти кажаа ако ги носиш секој ден или кога не ги користиш некое време?
Зависи која марка ја купуваш и од каде. Обично во оптика се поскапи, а во аптека поевтини, но отприлика цената мислам дека е од 600-800 ден.
Не, не....не се разбравте Феминката сакаше да каже дека цело шише течност за леќи (повеќето се од 360 ml) чинат околу 600 денари. А ти на секои 2-3 дена отприлика треба да ја менуваш водата во кутивчињата каде што ги чуваш леќите, не нова течност да купуваш Инаку, мене лично едно шише течност за леќи ми трае 3-4 месеци.....Значи, 600 денари на 3-4 месеци ќе те чини течноста за леќи
Денеска ми се направи еден проблем...Леќата ми се измрда во око што дури само мал дел се гледаше од нејзе (па така успеав некако да ја истргам), како да беше замината зад око. Кога ја извадив беше истуткана, ја ставив еднаш, двапати во вода, ама не се исправуваше. Мислев дека нема да се исправи и бидејќи брзав за во школо отворив нова леќа. Кога се вратив видов дека старата леќа се исправила и сега чини. Прашањето ми е: Дали ќе може да опстои во течноста па да почнам да ја носам сегашната кога ќе остари? Spoiler Само проблеми имам со леќите.
Јас искрено не би препорачала една течност да се користи 2-3 дена,треба да се мени секоја вечер кога ќе ги тргнете,не ли моче на леќите да се залепи некоја нечистотија од претходното користење? Јас ја менувам секоја вечер,така ми кажаа во клиниката во која бев,а за течностите има различни цени,сега незнам која е разликата меѓу нив,јас моентално користам една од 720 денари,незнам како се викаше во плава кутија беше и веќе ја користам 6 месеци. ^Look мора да опстои,инаку како стојат леќите толку многу време стојат запакувани?
Може, ако не ги измиеш од кога ќе ги извадиш и ставиш во кутивчето. Јас обично ги мијам со течноста после секое вадење, и ја менувам течноста на секои 2-3 дена. Иако нема ништо, сосема е чиста, но ја менувам. Look, нема гајле за леќата....Мене еднаш целосно исушена леќа ми се врати во живот кога преседе цела ноќ во вода Место во кутивчето сум ја ставила врз него и не сум приметила, си преспала таму....Сабајлето ја видов беше скроз сува, немав време да вадам други, само ја вратив во кутивчето со течност, и кога се вратив од работа што ќе видам- како ништо да не и' се случило Кога ќе почнеш после пак да ја користиш ако приметиш дека ти е сува или чудна, фрлај ја одма. Иако, не ми се верува, претпоставувам носиш месечни леќи, па нема да биде некој ептен долг период за да и' стане нешто.
Најнормално е да те нервира леќата со цилинадар.Јас носам на двете очи со цилиндар и со тек на време се навикнав ,а може да гледаш матно ако не си ја наместила правилно.Течноста ми кажаа да ја менувам да секој 2 дена за да не фати влакненца и слично
Сега за матура сакам да ставам нокти, ама не знам дали ќе можам поради леќите? Што мислите ќе може ли да ги одржувам леќите со долги нокти? Има ли некој вакво искуство?
Јас кога имав надградба тешко се справував со леќите на почеток, да бидам искрена. Ама долги ми беа, башка брзо ми растат.... А сега имам само гел врз моите нокти, и не ми пречат воопшто во вадењето и ставањето на леќите, не ги ни приметувам и заборавам дека ги имам Ако не стави си ако ти е мерак за матурата, само немој долги, пократки ем поубаво изгледаат ем нема да имаш многу проблем со леќите
И онака сакав пократки Моите ме нервираат, многу ми се кратки, не можам ни да ги налакирам, ни ништо, а да ставам страв ме фаќа за леќите, после што ќе правам.
Е, шо ти прават леќи, гледаш се во огледало, без очила ама сепак убаво гледаш. И јас си ставив пред 2 дена. Ги навикнав бргу, и не осеќам дека ги носам. Вадењето и ставањето се учам полека, не е толку лошо, само ми е малку страв со предна и задна страна, неможам да разликувам. Неможам да се навикнам на самата себе без очила, оти веќе 8 години ги носев, секој ден, само за спиење ги вадев. Сега имам меки леќи, такви ми препорачаа во оптиката, оти прв пат носам за да се навикнам побрзу.
Браво GarpovaV И јас одма се навинкав на леќите и со тек на време како што постанува миењето заби рутина, така и ставањето леќи. Тоа е за сите исто поздрав
Мрчев и мрчев за леќите и пак сум си за очилата ама сега ме мавнаа бубачки дека сакам да си земам леќи за чат-пат. До сега одев во Геталдус, мислам така се вика она после Камени мост, фин беше докторот, леќите речиси секогаш и ми ги имаше за одма да си ги земам. Ама не сум носела веќе 3,4 години. Може да ми предложите некоја добра ординација? Цените отприлика како се движат сега? Благодарам
Денеска ми стасаа новите леќи ,таман за матурата се грижев дали ќе стасаат ама тука се . Од претходниот пар едната леќа си ја загинав (ми се замагли окото од чад од цигари во кафич и ми падна во чаша и некој си ја испи а другата си ја скинав ) а иначе Look, да ти кажам имам ставано леќи со гелни нокти и немој да се плашиш,исправи го прстот и внимавај само да фаќаш со мекото од прстот а не со ноктот,а во краен случај пак нека ти ги стави некој од домашните иако мислам дека така ќе ти биде потешко.