Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Контактни леќи или очила?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од OrdinaryGirl, 26 јуни 2010.

  1. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    304
    Марамке,за ординација не знам да ти препорачам пошто не сум од Скопје,за леќи јас ги користан на Dispo 1800 денари 3 пара,пред тоа користев Pure Vision како овие на сликата и повеќе ми одговараа ама тука кај нас многу ги качиле некаде накај 5000 денари за 3 пара |( а на нет гледам дека се 25 долари за 3 пара,така тие на пјур вишн кога ги ставиш не се ни осеќаат и се многу потенки од диспо,со други марки на леќи не сум имала искуство.
    [​IMG]
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  2. supersonic

    supersonic Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    49
    Дали можам да имам проблеми доколку носам сферни леќи со мал диоптер (-1 во мојов случај) , меѓутоа на едното око имам цилиндар ? Моментално не ми се даваат 7500 за комбинирани леќи - значи сферна за левото и цилиндрична за десното, а и така не планирам да ги носам постојано, само одвреме навреме, се разбира очилата ми се во прв план. Па мислите дека би имала некои последици ако носам леќи од ист вид (иако едната не би била адекватна) ? :)
     
  3. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    ^^^Па мислам дека ако ти треба со цилиндар тогаш само со цилиндар ти одговараат леќи (не за џабе ти рекле дека ти треба цилиндар). Ако во моментов немаш доволно средства да ги набавиш (а цилиндричните се поскапи), тогаш носи си очила некое време, зошто со око не се игра..

    Ова мое мислење. :?:
     
  4. lejdi001

    lejdi001 Активен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    10
    Јас знам дека тие што имаат цилинер на очите, не е препорачливо да носат леќи... :(
     
  5. OneDirection

    OneDirection Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2012
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    238
    Јас носам меки леки и ми се еден пар за еден месец.
    Сега да прашам во зависност од што се даваат меки или тврди леки ? Мислам која е разликата меѓу нив

    Имам една школска нејзините биле за 6 месеци ама незнам дали се меки или тврди
     
  6. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Од диоптерот пред се. Ама зависи и од самото око, во ординацијата најдобро знаат да проценат какви треба.
    Јас носам тврди, со трајност од 2 години, иако понекогаш ги менувам и на година.
     
  7. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Нема врска тоа, постојат сферични и цилиндрични леќи. Цилиндричните секако за тие што им треба цилиндар.

    Мене во оптиката ми рекоа дека нема врска диоптерот или окото па да се носат меки или тврди леќи.
    Кој како сака, само што меките се поскапи, ама и полесни за носење.
     
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Е фино ти рекле. |(
    Прво, со диоптер од над 5, тешко дека некој ќе ти направи мека леќа. Не е практично, а прашање е дали е воопшто изводливо.
    Друго, меките леќи се по 1000 и нешто денари за еден до три пара. А тврдите се тродупло поскапи, затоа што се изработуваат според нарачка, не може да легнат на секое око како меките леќи и траат подолго од година до две. Чисто информативно, кога веќе кажуваме, а спомнав веќе пет пати во темава, дека носам тврди леќи и еден пар е 6500 денари.
    Трето, тврдите се подолготрајни, ама и потешки за одржување. Додека за меките е доволна една течност, за тврдите се потребни три.

    И не станува збор за избор на пациентот. Како налагаат условите, така.
    Јас да имав избор, секако дека немаше да одберам да носам тврди леќи! Логично нели?!
     
  9. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    ^^^Епа не знам јас за тебе, јас само пренесов што ми кажаа, а не тврдам, затоа не скокај одма. ;)
     
  10. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Имам диоптер -7, и носам меки леќи, така да не е точно дека не ги прават. (Полу)тврди силиконски леќи носев 15 години (пред тоа и 5 години од старите тврди леќи што веќе не постојат).
    Главна разлика е што за осетливи и суви очи често даваат тврди леќи од причина што окото полесно ги прифаќа и не го сушат, но од друга страна после подолго носење мене ми направија трајна лузна на окото (ништо страшно, но постои).
    Од таа причина ги сменив со меки (PureVision, најмалку го сушеле окото од меките) и еве засега е супер. Работата е што повисоките диоптри се чекаат, и се поскапи (6 леќи околу 100 еур мислам).
    Имам и еден пар леќи во боја што ретко ги носам - и тие се -6.5 диоптер.
     
  11. lav4ence.e.e

    lav4ence.e.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    245
    Сменив марка на леки, но овие новиве многу ми го сушат окото .... Прочитав овде на темава дека некои за тоа ставале вештачки солзи, дали можам да си земам на своја рака, или треба да прашам прво офтламолог дали може?? И како се ставаат, пред да се стават леки или отпосле?Инаку носам меки леки.
     
  12. think-pink

    think-pink Активен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    5
    jas stavam vestacki solzi Aquify od CIBA Vision. Site vestacki solzi mozat da se kupat bez recept. Jas gi koristam ovie deka demek bile najdobri. Nemam koristeno drugi za da napravam sporedba, ali ovie mi se stvarno super. Ako nemas nekoi problemi so ocite mozes i nekoi poeftini da si kupis, bidejki ovie em retko gi ima po optikive, em se najskapi od site. Ima solzi od 300 nagore, ovie vo nekoi optiki kako onaa sto e na ulica Makedonija do Hugo Boss se 800 i nesto, a jas gi zemam od edna optika sto e gtc na prv sprat, gleda nakaj kej. Znam deka 2 ima tamu, ne od Eleni, tuku od drugata :D. I tie najcesto gi nemaat pa mi gi naracuvaat, i za 2, 3 dena gi zemam. Tamu se 670.
    I eden sovet od mene jas koga pocnav da nosam lekji gi nosev non stop po 16 sati, znaci naocari voopsto ne ni imav. Samo lekji nosev mozebi 12, 13 godini. Togas odev skopje kaj eden doktor i toj voopsto ne me nasocuvase kon toa da nosam kombinirano i lekji i naocari. Koga pred 4 godini otidov kaj edna doktorka Ohrid taa mi kaza deka postojanoto nosenje na lekji dovelo do toa da imam mnogu suvi oci i da mi se pojavat mnogu kapilari zatoa sto okoto ne mozelo da disi voopsto. Taka sega nosam lekji sto se mesecni, i se so 5 pati pogolema propustlivost na kislorod, za da moze okoto da dise, i plus nosam i lekji i naocari. Znaci koga i da ste vo moznost nosete obavezno naocari, osobeno ako ste doma, za da mozat da vi se odmaraat ocite. I mnogu vnimavajte kaj doktor odite :)

    A slozite mozat da se stavaat koga sakas i kako sakas. Jas gi stavam duri i koga imam lekji na mene. Tie voopsto ne smetaat isti se kako prirodni solzi :).

    Jas imam diopter -7.5 na dvete oci (a do pred nekoj mesec -8 na dvete) pa nosam meki lekji veke 17 godini. Prvicno celta na lekjite e da se stopira rastenjeto na diopterot, osobeno ako si imas problem so toa od pred pubertetska vozrast kako mene. So naocari pocnav vo vtoro oddelenie, mnogu pocna da mi skoka diopterot, pa za da mi se zabavi rastot mi dadoa lekji. So tvrdite lekji uste posporo treba da ti raste diopterot ako si vo pubertet se uste. I da mekite se polesni za odrzuvanje, a za toa deka se poeftini ne znam. Verojatno zavisi koja marka na lekji ja nosis. Moive deka se so 5 pati pogolema propustlivost na kislorod i se mesecni mene prilicno skapo me fakaat, od 10 do 12 000 denari godisno. Sega mozebi poeftino ke me fakaat deka gledam gi ima veke i vo pogolemi i poekonomicni pakuvanja :)
     
  13. Lady17

    Lady17 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    351
    Пол:
    Женски
    Јас носам очила и мислам дека е подобро, со леќите треба многу да се внимава, имаш голема одговорност. Сега овој месец ќе одам на очно па ќе видам што ќе се случи. :)
     
  14. lav4ence.e.e

    lav4ence.e.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    245
    Пред 1 месец отворив нов пар на леки(инаку меки) и оттогаш ги имам ставено само 3-4 пати.Знам дека меките леки се месечни и докторката ме советуваше да се придржувам до рокот поради инфекции, интолеранција и сл. , но заборавив да ја прашам дали тој 1 месец се брои откако се отворени па се до сега без разлика колку сум ги користила или тоа значи 1 месец нонстоп носење??Се надевам ме сфативте :D
     
  15. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Еден месец се мисли од кога леќата е отворена, што значи дека не е важно дали си ги ставила еднаш или секој ден, по истекон на рокот од еден месец се фрлаат. Но, тоа не е случај со мене, бидејќи јас ги комбинирам леќите и очилата и леќите ги носам додека не почне окото само да не ги прима. Фала богу до сега не ми се десила некоја инфекција. Значи месечните јас ги користам некаде и по 2 месеца.
    Поздрав
    П.С. Ова е само мое искуство, што не значи дека и кај тебе ќе биде истиот случај
     
  16. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    363
    Девојки што правите летниов период со леќите, ги носите на плажа, гњурите или како? Мене ми е прва година и не знам што да правам :?:
     
  17. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски

    Јас веќе две години носам леќи и ги носам на плажа ама пазам од песокот да не ми се напрашат. Во вода си ставам маска и без проблем си нуркам ...Ќе пазиш во маската вода да не ти влезе и така можеш да ги носиш .... ;) 8)
    Само во летно време ги менувам на секој месец а иначе на месец ипол . :) Летно време од топло многу се сушат :doh:
     
    На K.e.ll.y му/ѝ се допаѓа ова.
  18. emilija.n

    emilija.n Активен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пред 1 недела бев на преглед кај офталмолог и земав леки(меки). Диоптерот за едното око ми е за 0.25 поголемо на леката од тој на наочарите, а на другото око е исто. Докторката ми кажа дека нема потреба да менувам стакла за 0.25 бидејки почесто ке бидам со леки а наочарите одвреме на време ке ги ставам. Кога почнав да ги носам, јас неможам да издржам почесто со леки ,многу ми го сушат окото и ми се заморува. Инаку вежбам 3-4 пати неделно и тогаш ми се најнеопходни леките, за неколкусаати. Дали е штетно( во смисол да си го расипам диоптерот или да го покачам многу брзо) ако ги носам комбинирано со наочари во текот на денот бидејки диоптерот на едната лека е како што кажав за 0.25 појак од тој на наочарите? ?
     
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Обично, ама не мора да значи дека секогаш мора да е така да се разликува диоптерот на леќата со тој на наочарите. За тоа што ти се сушат како што велиш земи си вештачки солзи. Незнам која марка на леќи користиш ама има многу добри сега кои пропуштаат кислород до окото и не дозволува да се суши.
    Не те разбирам дали сакаш истовремено да носиш и леќи и наочари? Дефинитивно, не. Или ако правиш комбинација неколку саат носиш леќи па после наочари ќе се малтретираш само повеќе.
    Ако си во минус диоптрија знаеш дека не се намалува т.е или стагнира или многууу ретко да дојде до некое си подобрување а ако си во плус диоптрија има шанса да го дотераш видот во ред.
    По некои истражувања и докази велат дека леќите во голема мера го поправаат видот или ја стагнираат диоптријата да не расне. До некаде е и во ред затоа што целосно го покрива ирисот и фокусира фокусот додека кај наочарите не е така (нели од страна го немаш тој ефект).
    Штознам, јас еве носам леќи 5 год и диоптерот не мрднал а сум во минус диоптрија.
     
  20. emilija.n

    emilija.n Активен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Во минус ми е диоптријата, инаку за намалување на диоптерот јасно ми е дека нема шанси да се намали...Не ми е малтретирање да ги комбинирам во текот на денот леките со наочари, не сум имала никакви реакции на окото досега , само ме плаши од таквата комбинација да не си наштетам на видот уште толку повеке да го влошам диоптерот бидејки како што напишав во претходниот пост диоптерот на едната лека е за 0.25 поголем од оној на едното стакло на наочарите.Тоа ми беше прашањето...??? Инаку носам меки леќи Soflens, на Bauch and Lomb.