Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Контактни леќи или очила?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од OrdinaryGirl, 26 јуни 2010.

  1. Chelsea

    Chelsea Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    29
    Носам контактни леќи веќе 3 години. Леќите ги носам кога сум надвор, а очилата ми се за дома. :D
    До сега сум немала некои поголеми проблеми, освен ако ако некогаш ми влегла некоја прашинка или трепка од окото. :^) :D
     
  2. nice.girl9090

    nice.girl9090 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    69
    Носам различен диоптер на двете леки и сабајле кога ги ставав мислам дека ги помешав и не сум сигурна која за кое око беше , пробав да ги сменам на двете очи една со друга ама не можев да забележам промена бидејки разлика мегу диоптерот на двете е минимална.Да не знаете дали може во оптика некако да проверат кој диоптер е леката?
     
  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Мора да може некако да се провери диоптерот.
    И мене ми се случувало истово, само што јас после неколку минути си ја осеќам разликата и одма ги менувам.
    Оди во оптиката кај што ти се земени и ќе проверат. Баш ме интересира дали ќе ти кажат, па пиши фидбек тука да знаеме. :)
     
  4. nice.girl9090

    nice.girl9090 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    69
    А да не знаеш дали во оптика може да се купи по една лека или само еден пар???
     
  5. lejdi001

    lejdi001 Активен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    10
    Мислам дека само по еден пар се купуваат, неможе по една
     
  6. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Зависи во која оптика. Имам купувано и по една леќа (во случај ако едната ми е изгубена, па не ми треба пар). Би требало да можи
     
  7. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    леќи дефинитивно
    а уште подобро ако се во боја :)
     
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Едно прашање:
    Носам леќи чија трајност е 2 месеци. На секои 2 месеци ги менувам и купувам нови, дури и да не почувствувам тешкотии при носење на старите леќи.
    Меѓутоа, јас леќите ги носам многу ретко.
    Е сега, прашањето ми е дали рокот на траење на леќите се гледа во однос на тоа колку често ги носиш или во однос на тоа кога ќе ги отвориш?
     
  9. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    ^ Истото и јас се прашувам. :?:
    Јас на пример имам месечни и ги носам често, ама се случува неколку дена по ред вооошто да не ги носам. Иако не сум баш сигурна дали е добро, на календарче забележувам кој ден ги носам и кога ќе исполнам 30-31 ден, тогаш ги менувам.
     
  10. Nikolaki

    Nikolaki Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Која течност за леќи е најдобра за Аир оптикс леќи?
     
  11. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Кажете ми и јас сум ептен почетник, земав прво само да пробам од тие за неколку месеци.. е сега ме интересира на колку време треба да ја мењам течноста ? :)
     
  12. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Наочари носам од 3то одд, сега веќе 5 години.
    Прво почнав со мал диоптер (-0,5), и на контроли идев во државно, ама зашто не ги носев редовно, и заради способноста на нашите лекари, кои секоја контрола ми велеа дека тој диоптер е добар и користеа опрема из педесет друге, диоптерот во 6то нагло ми рипна од -0,5 до -1,00 на едното и -1,25 на другото.Кога ставив другите наочари како препородена бев, и ги носев редовно 2 години, освен за искачање.Сега бев во мај на контрола и пак ми се зголеми -1,25 на едното и -1,50 на другото, пак треба сега да менувам наочариве.
    Е, ама со наочари ич не си се свиѓам, мразам кога ги носам посебно со врзана коса бетер сум од нердовине по америчкине филмови. |( Мислам сега леќи да си земам, им зборев на моите прво не сакаа да слушнат, сега полека полека ги убедив до негде, дај боже од септември да си почнам со леќи, во комбинација со наочари само за по дома.
    Ја прашав и докторката за леќи кога бев на контрола и ми рече дека може, нема проблем, со наочари стварно не можам да се поднасам ич не ми стојат.
    Е сега читајќи ја темава, видов дека има три вида на леќи: меки, гаспропустливи или полутврди и тврди.Може ли да ми објасни некој што е конретно разликата во нив, колку е разликата на цените и колку временски период траат, и такви слични ствари?
     
  13. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Кога одите на контрола, ви ја ставаат главата на тоа машинката? За да ви го проверат диоптерот?

    Мене никогаш. Само ќе ме прашаат дали ги читам бројките, и толку.
    А бројките не им се менуваат, им стојат исти.
    А јас пред тоа ќе ги приметам, и несвесно ќе ги запамтам, од прилика.

    А во октомври ќе правам 2 години, одкако ги носам.
    Никогаш ми го немаат проверено видот, таму.
    А приметувам некогаш дека замижувам за да прочитам нешто.

    Минатиот пат, таа ми се дереше 5 минути, како само еднаш се има напиено кафе.
    Свашта. Ми идеше да и ја учукам.. Ме заболело мене за нејзиното кафе.

    Знаете некоја добра докторка, да ми ја препорачате?
     
    На Unfaithful18 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Кога одам на лекар ме ставаат на 3 машини ... па тек послем ме тераат да читам букви...
    Значи јас така пред 3 години пошто наочари носам од мноооооогу мала пробав секаков доктор и се погрешна диоптрија ми даваа, гледав дека нешто не е во ред..
    Се додека не отидов во Визија, дефинитивно од сите пробани очни клиники најдобрата. Ке си дадеш за преглед 700 денари ама да ти кажам право, ич не се мислам се работи за здравје и ич не ми е криво. Башка на контрола идеш еднаш во 8 месеци, така да не се и многу ...
    Значи, строго ја препорачувам, од лично искуство со лоши очни клиники..
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    Очила нема да ја имаш удобноста како со очила :)
     
  16. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    ако си од скопје во јане сандански има една снежана божиновска и многу е фина постојано те нарекува маче пиле сонце многу е добра и фина јас и братучетка ми сме кај нејзе и вујна ми многу ја фали
    иначе да си кажам јас дека носам очила но би сакала леќи во боја и тоа зелени или сини :inlove:
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Да ве прашам тие што носите леќи тие што траат 2 месеци од прилика... никогаш не ги вадите во тие 2 месеци? за капење? за спиење? како одат тие работи? Баш ме интересира, носам очила ама сега сакам да земам леќи, ако може некој да ми објасни ќе му бидам многу благодарна :)
     
  18. Beatriche19

    Beatriche19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    89

    yawn леќите можат да се носат и како моден додаток (ако можеме да кажеме така) и истотака ради здравствени причини доколу видот ни е оштетен.
    инаку подолго време носење на контакти леќи да речеме период од 8-10 години може самата контактна леќа да и наштети на нашата очна леќа со тоа што ќе се создаде како мала вдлабнатина бидејќи контакната леќа си создава самата место во окото при подолго користење.
    Инаку тоа што ти се гледа малку замаглено не е ништо сериозно но јас би ти препорачала доколку имаш диоптер треба да користиш контактни леќи со зададен диоптер од офталмолог :)
     
  19. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Јас носам меки леќи веќе 2 ипол месеци. За моите таа во оптиката ми кажа дека отприлика се за два месеци, а можно е да траат повеќе (еден пар). И точно е тоа. Јас ги ставив во Мај и еве сеуште ги носам истите од тогаш.
    Јас ги ставам сабајле ги носам цел ден и навечер за спиење ги вадам. Не спијам со нив затоа што од многу време се суши окото и не е здраво. Ги вадам и за бањање, уште не сум пробала со нив да се бањам, страв ми е.
    Јас цело време колку што ги носам сум немала никакви проблеми. Ептен брзо ги навикнав и воопшто не ги ничувствувам дека ги носам. Нема којзнае колкава хигиена на овие моите (меките). Има само една течност. Да не се вадат-ставаат со гадни раце и често да им се мене водата. Јас им ја менувам додека не се изгадни, 2-3 дена, а може и повеќе. Дефинитивно ми е поубаво со леќи, отколку со очила.
     
    На Marbella му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Јас одам во Медика Плус кај Три Бисери, т.е пред Железничка му доаѓа, ептен сум задоволна, и опрема имаат нова, и ќе си закажеш термин и нема ни чекање, ни влечкање ни ништо, јес да приватно е ама работат со плави картони и повеќе од 200 денари не се наплаќа за преглед.
    Иначе мене прво ми ги ставаат тие наочарите и ме прашуваат дали гледам и се тоа, после ме ставаат на едно апаратче внатре куќичка што се гледа и ми одредуваат прецизно дали треба да се зголеми или да остане ист.
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.