Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Контактни леќи или очила?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од OrdinaryGirl, 26 јуни 2010.

  1. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски

    Зависи каква е и кави леќи користиш . Медицинската сестра на докторката мене ми рече да ја мењам течноста на два дена зашо носам меќи леќи :)
    :*
     
  2. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    Ова ти се случува само кога не ги носиш наочарите или и кога ги носиш? Ако ти се случува и кога ги носиш наочарите, тогаш не ти е убаво одреден диоптерот на наочарите и се мачиш да видиш нешто со тоа што подзамижуваш.

    Го копирав текстов од веб страната на ВИЗУС. Мислам дека е детално објаснето.
    МЕКИ КОНТАКТНИ ЛЕЌИ:

    Постојат повеќе видови на меки контктни леќи. Поделбата се прави според рокот на траење, според диоптијата, според материјалот, како и на безбојни и леќи во боја.

    # Според рокот на траење постојат годишни леќи, квартални (замена на 3 месеци), месечни, двонеделни, неделни и дневни леќи.

    Годишните се пакувани во мали шишенца секоја леќа посебно и една леќа трае 1 година од моментот на отварање.

    Кварталните леќи се во пакување од 4 или 6 леќи во кутија со иста диоптрија и секоја леќа се носи 3 месеци од моментот кога ќе се отвори. Значи, доколку пациентот има иста диоптрија на двете очи може да си порача 1 кутија која, во зависност од тоа која фирма се леќите и колку одат во едно пакување, можат да траат вкупно 6 или 9 месеци.
    Месечните леќи одат по 3 или 6 во едно пакување и една леќа трае 1 месец од моментот на отварање.

    Леќи за двонеделна и неделна употреба во нашата држава се уште не се увезуваат.

    Дневните леќи се леќи за еднократна употреба, се пакуваат по 30 парчиња во една кутија, секоја леќа се отвора, се носи во текот на денот и после употребата се фрла.

    # Според диоптријата леќите се делат на сферични и торични.
    Сферичните леќи имаат само една ”обична” диоптрија и најчесто се наоѓаат на склад и доставата е за истиот или следниот ден од порачката. Ги има во сите варијанти претходно споменати (годишни, квартални, месечни и дневни а можат да бидат и во боја).
    Торичните леќи се леќи со две диоптрии за корекција, освен на сферичната диоптрија, и на астигматизмот. Уште се нарекуваат и цилиндрични леќи. Постојат во 2 варијанти: годишни и месечни. Не се држат на склад поради што од моментот на порачка до доставата поминуваат 4-6 недели. Карактеристично за нив е што се произведуваат само одредени вредности на цилиндар како и агли, затоа не се препорачува порачка на торични леќи без претходна нивна проба и преглед од контактолог.

    # Според материјалот, леќите се делат на “стандардни“ (традиционални) меки леќи за едно- или повеќе- дневна употреба кои се употребуваат преку ден а навечер се вадат (хидрогел леќи) и меки леќи за продолжено носење кои се наменети и за спиење (силикон - хидрогел леќи).
    Стандардните леќи можат да се најдат во сите варијанти: годишни, квартални, месечни и дневни.
    Леќите за продолжено носење се произведуваат исклучиво во месечна варијанта: едниот тип се носат 1 месец континуирано (30 ноќи без вадење) а другиот тип се носат 6 дена континуирано а седмиот се вадат, после пак се носат 6 дена па пак се вадат еден цел ден до истекот на 1 месец и после се фрлаат.

    ВАЖНО!!! Рокот на леќите не треба да се пречекорува од пропишаното поради можни компликации на очите на ниво на рожницата и коњуктивата, како и алергиски реакции (како на пр. гиганто-папиларен коњуктивит) кои можат да предизвикаат нетолерантност кон сите типови на меки контактни леќи. Во некои случаи таа алергиска реакција може да се надмине со агресивна терапија, подолга пауза и промена на типот (материјалот) на леќите, но често пати нетолерантноста останува и повеќе не е возможно носење на било кој тип мека контактна леќа, бидејќи при првиот момент на ставање леќа (дури и после 2-3 години пауза) веднаш се јавува бурна воспалителна реакција и окото едноставно ја ”отфрла” леќата како страно тело.

    # Козметските леќи можат да бидат со и без диоптрија. Се работи за леќи со стандарден материјал, ги има во месечна и квартална варијанта, постојат и дневни леќи во боја,но тие до овој момент не се увезуваат во нашава држава. Има многу нијанси на козметски леќи: неколку сини нијанси, неколку зелени, сиви, тиркизни, медова боја, кафени,виолетови и леќи кои даваат сјај на окото не менувајќи ја неговата природна боја. Од сите бои има и пробни леќи така што можете да ги пробате пред да одлучите која боја вам најмногу ви се допаѓа.

    # Простетските леќи се најспецифичен тип на мека контактна леќа која се изработува по специјална порачка, а е наменета за луѓе кои имале повреда (или болест) на едно око и поради неговиот лош естетски изглед истото треба да се маскира.
    Во зависност од природата на повредата и бојата на другото (здравото) око, простетската леќа може да се изработи во било која боја, истата може да биде и погусто обоена од стандардните козметски леќи, во средината рачно се бои и зеницата и тоа со дијаметар кој соодветствува на зеницата на другото око, и на тој начин се добива леќа која го имитира најблиску што е можно природното око и ја намалува драстично разликата помеѓу двете очи.

    # Меките леќи за кератоконус се најголем новитет на нашиот пазар и се наменети за сите оние што што имаат кератоконус а не можат да поднесат полутврди контактни леќи или пак кај оние што дури ни со полутврда леќа не добиваат доволно јасен вид. Интересно, често пати острината на видот што се добива со меките леќи за кератоконус е поголема од онаа со полутврдите. Фантастичен производ за луѓе со голема мака и чувствителност на очите.

    ПОЛУТВРДИ (ТВРДИ) КОНТАКТНИ ЛЕЌИ

    Првите контактни леќи воопшто изработени, тврдите од ПММА (polymetil metacrilate) материјал, денес скоро и да не се употребуваат воопшто. Наместо нив се користат т.н полутврди леќи коишто по својот состав се исто така тврди но содржат материјали коишто пропуштаат кислород (силикон, на пр. fluoro-silicone metacrilate) поради што и се викаат гас-пропустливи.
    Овие леќи за разлика од меките имаат полош комфор, повеќе се чувствуваат додека се носат и се потешки за навика, но нудат низа други предности од кои најважната е тоа што успеваат да ја “држат” миопијата (кратковидоста) постабилна, таа да не напредува толку колку што би напредувала без нивна употреба, а покрај тоа, даваат почист вид во случај на астигматизам, не го сушат окото, помал е ризикот од добивање коњуктивит, подолготрајни се и полесни се за одржување.
    Основни индикации: кај млади особи кај кои почнува да се развива кратковидост, кај оние кај коишто меката контактна леќа не дава доволно остар вид, како на пример во случај на ирегуларен астигматизам и/или кај лица што носеле меки леќи и од нив им се развил гиганто-папиларен коњуктивит (алергиска реакција на материјалот од којшто се изработени меките контактни леќи).
     
    На Monna.Monna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Без наочари, со гаранција мижам.
    А кога ги носам, замижувам кога гледам телевизија. Не секогаш, ама обично кога читам превод.
    Како што реков, 1 години, и 10 месеци ги носам, и цело време со ист диоптер. Не ми се верува ич да не ми се сменил.
    Затоа би требало деновиве да одам на очно, или другата недела...
    Последен пат, сум била во март, и ми рекоа за 6 месеци. Ама јас за секој случај сакам порано.
     
  4. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Дали е паметно да спијам со леќките? иначе ми се такви за 3 месеци употреба :)
     
  5. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    ^ Па не е препорачливо да спиеш со нив, веројатно и доктор/ката ти го кажала тоа. Како што сум слушала од други може пола саат или саат да се преспие со нив, али цела ноќ не. Може да доведе до некоја инфекција, повреда или да ти се пресуши леќата.
     
  6. VayaConDios

    VayaConDios Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    99
    Јас ги имам неколку пати заборавено, најчесто после вечерно излегување кога ме мрзи и шминка да си избришам. Не ми се појавувале никакви инфекции, можеби затоа што ги носам долги години па сум навикнала. Ги ставив затоа што не сакам ништо да ми пречи на лицето, прво ми сметаа рамките на очилата, а потоа сватив дека очила без рамки не сакам да носам затоа што изгледам како бубалица..најдобра варијатна испадна ова со леќиве. Не е добро да се биде неодговорен со носењето леќи сепак, не препорачувам.
     
  7. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Јас носам очила веќе четврта година,но сакам да сменам и да пробам со леќи. :^)
    Не гледам на далеку, и очигледно сум криела или не сум забележала дека ми се појавил и накачувал диоптерот, па започнав од -1. Во почетокот ми беше срам и избегавав да ги носам, само на училиште и на курс дека морав од табла да гледам и плус од дома ме присилуваа и на сила ги носев. Но во никој случај ни под разно не излегував во јавност, освен меѓу школските со нив. Но,по кратко време сфатив дека ми е морално и за мое добро, надевајќи се дека може ќе се намали некогаш и почнав ретко да ги носам и надвор, а дома и на училиште постојано! Како и да е, после околу 2 години ми се накачи на -1.50, со тоа што левото око ми е за 0,25 појако, ама ми ги остави исти двете, велејќи дека окото се прилагодува, а и јас гледав чисто и без никакви проблеми на двете. Уште на почетокот кога почнав да ги носам, докторката ми кажа дека во пубертет ќе расте, со оглед на тоа дека имав 14 год. и дека преемногу мала е шансата диоптерот да се намали баш поради тоа што е во минус. Па тоа е и причината што после секој преглед првите 2 год. се чудеше дека при мојот општ раст нема раст во диоптерот, и тоа беше супер. Јас се помирив со тоа,со очила сум скоро секаде-само за викенд во град не ги носам и веќе ми пукна филмот сакам леќи! :!:
    Во последно време забележувам дека ми е накачен сигурно на -1.75 и треба да одам на контрола и добро ќе се распрашам за леќи. Инаку имам проблеми со родителите, тие не ми дозволуваат од бла,бла,бла причини. Хигиена,одговорност,ризици....Во една прилика при преглед ја отворивме темава за леќи што уште од почетокот ги посакував и не сакав да носам очила и се срамев, ми беше понижувачки и сметав дека ќе бирам различна, и докторката наброи и позитивни и негативни критики што повеќе ја разгореја мајка ми да не дозволува. :@
    Меѓу другото,носам многу дискретни и нежни скоро невидливи (од оние со без рамка на долниот дел од стаклото и со тенки горни рамки) од далеку очила и сите ми велат дека ми стојат убаво според обликот на лицето, но јас не ги сакам и само од мака ги носам... А да не зборувам дека ми е преку глава од тоа што не можам да носам секогаш очила за сонце,бидејќи собирајќи ги со мојот диоптер,ќе бидам обичен слепец по улица. :lol:

    Како што читам од вас,има многу задоволни од леќите,за кои да признаам и малку се плашам поради нивната деликатност со оглед на цените.
     
  8. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Јас носам очила од прва средно. Значи веќе седум години. Прво диоптерот ми беше -0.5 на десното и -0.75 на левото. Тие ги носев 3 години. После ги сменив со -1 на десното и -1.25 на левото. Пред две години повторно ми се покачи диоптерот и сега носам - 1.5 на десното и -1.75 на левото. Но, докторката секогаш ми дава диоптер кој е помал за -0.25. Вели дека така повеќе се стимулирало окото и според неа било подобро така, за да не стане окото мрзливо. Е сега, кога последен пат бев на контрола пробав леќи, на десното па на левото око, значи леќата ја ставив прво на десното па на левото око. Ми остана на левото околу 15 минути за докторката да види како ќе ми реагира окото. Се беше во ред, но ме буни тоа што леќата беше со диоптер -2, а јас носам -1.75 на левото. Ме интересира дали секогаш така ги даваат колку што е диоптерот? И уште нешто ме интересира. Планирам да си ги порачам леќите, ама сакам да одам на апсолвентска екскурзија догодина. Да ги носам со мене леќите или да си ги земам очилата? Дали некоја од вас била во ваква ситуација и како се справуваше со тоа ставање и вадење? Изводливо е?
     
  9. linija

    linija Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    19

    За апсолвентска ескурзија можеш да си ги носиш леките, изводливо е ставање, вадење, ке си земес марамчиња влажни за да си ги бришеш рацете пред да ги брцкаш во око, а земи си и очила за секој случај, да си имаш нешто резерва. А за диоптер колку што се секавам на леките треба да биде помал одколку на очилата.
     
  10. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Денеска си порачав наочари, утре ќе си ги земам, прашав и за леќи, едно кутивче со леќи е 1900, а внатре има 6 пара за на месец, значи 6 месеци траат тие, ама мене дека ми се различни диоптрите треба 2 кутивчиња со по 6 пара од 1 диоптер, така да би ми траеле една година.
    И ќе си земев денеска, ама требало наод од лекар за големина на зеницата, косина на окото и такви слични ствари, па се надевам леќи ќе земам, ако не се предомислат моиве. |(
     
  11. kristina123456

    kristina123456 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    јас бев на очно пред 3 дена и ми одредија диоптер
    0,50 со 1,00
    јас сакав да ставам леки но докторката ме разубеди дека е голема одгорорност да не се остети окото и реѓив да носам наочари до 18 години па ке си направам ласерска и си купив 3 пара наочари и супер ми стојат не ми се комплекс а за 3-4 години ке се спасам и готово
     
  12. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Претпоставувам дека станува збор за др Данка Новевска кај која одев со години и престанав да одам прво затоа што ме напнуваше со купување на леќи од оптика Елени каде беа поскапи од повеќето локални оптики и второ, последниот пат кога купував нови леќи по нејзин рецепт си ги купив од друга оптика каде ги имаше на лагер и беа поевтини. Ме нападна и буквално урлаше како сега сум јас на ризик, ќе запишела од каде се купени за ако имам проблем во иднина она да не испадне дека е одговорна. Навистина ме разочара тогаш премногу и имавме мала расправија. Никојпат повеќе не стапнав кај неа. Сега одам кај најпрекрасниот офталмолог на целиот свет и не го менувам во скоро време секако. Плус, со години сум имала цилиндричен диоптер која таа никојпат не го одреди ниту спомна, со ниеден нов пар на леќи не гледав задоволително и плус нема компјутерски преглед (барем тогаш се правеше мануелно). Бај д веј, сега леќите и се поврзано со нив си нарачувам од интернет, многу побрзо ми стига откако кога ќе нарачам во оптика, и има драстична разлика во цените.
     
  13. linija

    linija Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    19

    Eлени е во сопственост на Др.Данка нормално добро покриена, за да не ја открие инспекција и др ствари, а се што не ке купите од Елени не е во ред :D
     
  14. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    А од која страна на интернет ги порачуваш леќите и колку пари се ? иначе јас одам кај истава докторка и досега немало проблем . Од оптика елени ги купувам леќите и не се баш евтини . :!: 1600 ден се . :x А мене не ми се исплаќа секој месец ипол по 1600 ден. да давам , така да ако веќе некаде ги има поефтини :)
     
  15. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Во секој случај јас би одбрала леќи...
    од повеќе причини
    1.Мрзам наочари и не ми стојат убаво..
    2.Ако би ставала леќи би одбрала друга боја...плави или зелени
    3.мислам дека е помодерно леќи него начоари(без навреда)
     
  16. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    ^^^^dolly.doll, не знам какви леќи имаш и користиш-дали се меки, дали се месечни..... Некако многу скапо ми е 1600 денари месечно :^)
    Јас конкретно користам меки леќи, секогаш купувам месечни, зашто така ми е попрактично. Ги плаќам по 600 денари пар. Долго време (скоро 9 години) користев Bausch&Lomb леќи, но некако во последната година премногу брзо ми пукаа и се сушеа. Наидов случајно на едни израелски леќи пред отприлика една година, кои многу подобро ми ги поднесува окото. Многу тешко се сушат, и секогаш ги носам повеќе од месец дена, иако се месечни :lol:

    п.с. Ако случајно ти треба информација плус, слободно прашај :)
     
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас користам вакви леќи, ги менувам на секои 2 месеци.
    [​IMG]

    Ги купувам од Оптика Ас и мислам дека пар леќи чинеа околу 660 денари.
    Сестра ми со години оди на очен лекар во Железничар, па покрај неа и јас одам таму.
    Задоволна сум од докторката, ама немам поим како се викаше :tmi:
    Прво пред да ме провери колку ги гледам буквите, ми проверува очен притисок и останати работи на тие машините.

    Туку, ај јас уште еднаш да си прашам :?:
     
  18. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.622
    Допаѓања:
    106.574
    Пол:
    Женски
    И јас носам очила , имам 2 пара , а се мислам во скоро време дали да си порачам леќи :?:
    На лекар не сум била којзнае од кога , а приметувам во скоро време дека ми се зголемил диоптерот , инаку ми беше 0,50 и на двете очи. Сега којзнае колку ми пораснал :|
     
  19. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    Баш затоа што имам - 4 диоптер леќите се скапи . Леќите се меки исто како твоите . Не сум имала проблем со кинење или сушење :) ;)
     
  20. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.893
    Допаѓања:
    7.626
    Пол:
    Женски
    Леќите треба да се носат максимално 8 часа во текот на денот, и никако да се спие со нив.

    Можеш да си направиш очила за сонце со диоптер ;)

    Леќите треба да се помал диоптер од очилата, не ми е јасно зошто ти дала појаки докторката. За екскурзијата мислам дека многу подобро ќе поминеш со наочари отколку постојано вадење и ставање леќи на било кое место. Рачунај дека многу пати се спие во автобус, не дека нема да можеш да ги носиш ама многу повеќе ќе се малтретираш.

    Од која оптика ова? Мислам дека не си разбрала баш. Пакувањето е од 6 леќи, не 6 пара. Значи ако имаш ист диоптер ќе можеш да ги направиш 3 пара (6:2) и да ги носиш 3 месеци, а ако ти се различен диоптер тогаш ти требаат 2 посебни пакувања по 6 леќи и така ќе ги носиш 6 месеци. Едното кутивче со 6 леќи за едното око другото за другото ;)

    Нема врска, не ти е висок диоптерот. Поскапи се леќите со диоптер над 6.25.
    1600ден. за еден месец е премногу.