Мене ми се подобри леќите, искрено...имам aмблиопија или т.н. мрзливо око и наочарите ми предизвикуваа многу главоболки а и дополнително, поради тоа што имам диоптер само на едното око ми препорачаа леќи т.е. леќа до некои 18тина, 20 години кога треба да направам операција.Јас ја ставив на 13/14 години и немав проблем во навикнувањето и поради тоа што ми е полу тврда, немам потреба од менување на истата, односно таа е трајна, се додека нормално не ви предизвикува одредени проблеми, чешкања или слично.За 4 години имам сменето 2 леќи се на се, само поради тоа што ја изгубив првата
Друштво сакам да ве замолам да ми препорачате некој лекар јас лани на 22 години прв пат добив очила и не е страшно едното ми е нула а другото 0,5 знаЧи само едото ми е малку расипано. Мојот проблем е што не можев да се навикнам па станав сега зависна од нив, аа имам чувство сега после година и нешто дека ми тежи нешто на окото. Мојот лекар е прекрасен, ама е на одмор ако знаете некој кој е добар ве молам пишете ми. Поздрав
Јас носам очила, левото око 1.25, десното 1.50, сакам да носам леќи, ама офтамологот ми кажа дека на моја возраст не се препорачува да се носат леќи, поради чистотата што трееба да се одржува. Добро тинејџерка сум, ама не сум глупава да не знам хигиена да одржувам , а и плус една моја познаничка во осмо одделение почна да носи леќи наместо очила, а јас признавам, имам комплекс, и не сакам надвор од дома да ги носам, ги носев само на училиште и тоа само за време на наставата, со децата што сум осум години, инаку одма ги вадев. А откако кажа офтамологот дека не се препорачува, кога и да им кажам на моите, тие ми велат, не ти не смееш да носиш леќи. Дали некој од вас имал ваков проблем, дали е некој запознаен во врска со ова, и дали навистина не е добро на овие години да носам леќи ?!
Нема врска,ако сакаш да носиш леќи оди кај друг очен лекар кажи му дека преферираш да носиш леќи наместо очила,ќе ти препише. Не ти е голем диоптерот сигурно за почеток ќе носиш меки,со тие најлесно се маневрира. Но за секој случај повторно прашај и друг лекар,да не си чувствителна на леќите па што ти рекол така првиот лекар. Од лично искуство ти препорачувам за дома да носиш очила,ако ги купиш и леќите,на некој начин така ги одмараш очите.Јас еве веќе две години носам леќи,и очила. Мораш да ги имаш во случај да се случи некакво воспаление,инфекција,чешање,се случува.Со добра хигиена и одржување,мене еден пар леќи ми трае 3-4 месеци,а се наменети за 1месец,па немам проблеми.
ЈАс си носам очила еве веќе 2 години и воопшто не ми сметаат За излегување секогаш ги вадам а за низ дома и на училиште си ги носам.Мислам дека не би давала пари за контактни леќи затоа што не ми се практични.Треба да внимаваш да не ти паднат, па да ги чистиш, неможеш креон да ставаш на о4ите......ги вадиш за спиење, кога се капиш и сл. Иако сега слушам имало нови кои немора да ги вадиш ама сепак не трошам пари на тоа и плус немам некој голем диоптер
штом немаш потреба, не ставај. ЈАс морав, по препорака од докторката, за да не ми расте рапидно диоптерот за време на пубертетот. Инаку можеш да ставаш креон , да се тушираш со нив, а можеш и да дремнеш 2-3 саата.
за очила и јас носам ама додека учам а кога излегувам не носам,за леќи неможам да носам одоправдани причини,а сте се запрашале и дека доколку едно од очите ви има страбизам неможете да носете леќи затоа што неможете да носите само на едното око леќа?за сите оние кои планираат да носат леќи
Носам наочари веке 1 год. и сега сакам да ставам леќи, но бидејки диоптерот ми е со цилиндер некои ми велат дека не се препорачувало леки на тие што имаат цилиндар, но пак не знам... Што мислите вие??? Нека сподели искуство некоја што носи леќи плсс.
Еве јас носам леќи и мислам дека претходно кажав дека леќи е добро да се носат само кога е неопходно. Јас ставив од причина што ми ги препорача докторот. На почетокот ми беше заморна процедурата да ги ставам секое сабајле, ама веќе се навикнав. Ако докторот ти кажал да не ставаш, послушај го.
Бидејки не наидов на друга тема во врска со тоа решив овде да напишам, за да не отварам нова ЗНачи вака Пред една недела земав наочари , но бидејки се малку појаки, зедов малку со послаб диоптер. Дали мислите дека доколку носам малку послаб диоптер од тој што всушност ми е, ке ми се покачи диоптерот затоа што не ми е точниот?
Треба да го носиш тој диптер што ти го препишал лекарот инаку зашто воопшто да одиме на лекар. ако ти е помал диоптерот од потребното пак го напрегаш окото за да гледаш и со тоа го заморуваш па има шанси за зголемување на дипотер. А како така помал доптер си земала на твоја рака ли? не ми е јасно
Како бе така си ставила диоптер послаб од препишаниот? Ќе се караме Па нели се оди на офталмолог за да те прегледа и да ти одреди диоптер кој одговара на твојот вид. Ако не беше така сите ќе одевме на пазарче и ќе си купувавме од таму. Ќе си пробаш, ќе видиш дали гледаш добро или не и оние што најмногу одговараат ќе ги земеш. Секако дека ќе се јават проблеми. Ќе се напрегаш уште повеќе, зошто диоптерот не ти е доволен за јасно да гледаш, а сепак ги носиш. Воопшто не е срамно да носиш очила со поголем диоптер. Всушност со редовно и дисциплинирано носење можеш да си го подобриш видот. Јас имам цилиндрични стакла, кои се многу чудни, на средина се подебели и ги прават очите дури поголеми па воопшто не ми е гајле. Препорака од мене, веднаш да си ги замениш стаклата со нови, со диоптерот кој ти бил препишан.
Носам очила од прво одд. Редовно до 1ва год. средно, затоа што тогаш не беа луѓето навикнати да гледаат луѓе со очила, па често бев исмејувана. Во 1ва ставив леќи кои ги носев до 1 год. на факултет. Сега пак 2 год. носам очила. Почнав со диоптер 0,75, но за кратко време ми се покачи. Кога отидов пак на очно ми рекоа дека првиот доктор ми дал помал диоптер, со тоа и ми го покачил побрзо диоптерот. Сега носам 3, но ми рекоа дека нема да ми се покачува повеќе. Кај мене во фамилија е наследно, па затоа мајка ми и очекувала да носам, а и сестра ми носи, но 0,5. Сега на оваа возраст сметам дека очилата се подобра опција. Да, никој не сака да носи очила, но кога би бирала повторно меѓу очила и леќи би избрала очила. Не дека е ради хигиената што е потребна за леќите, туку сега очите ја немаат потребната влажност. За девојчето што купила помал диоптер, веднаш смени ги, само ќе си го уништиш уште толку видот. И некој спомна дека со леќи не се покачува диоптерот, не е точно. Кога почнав да носам леќи имав диоптер 1,75, кога престанав да ги носам беше 3 и сеуште е. И мене докторот ми рече ќе стопира диоптерот , но не излезе така.
Немам проблем со видот, но кога би морала да бирам помеѓу овие две би одбрала очила, некако поубаво ми изгледаат, башка сега има најразлични видови со разноразни рамки и не можам ни да замислам на осетливо место како окото да пикам нешто внатре..
Меѓу овие две би избрала леќи. Очила имам, не ги носам нон-стоп, диоптерот ми е 0.75 на левото и 1.25 на десното. Премногу ме прават строга на изглед, чудна си сум на почетокот (минатата година) ми беше интересно дека очила ќе носам ама сега ги мразам така да ако не дај боже ми се зголеми диоптерот тогаш обавезно ставам леќи.
Мене наочари никако да ми погодат...Првиот пат ми препишаа наочари со цилиндрични стакла, и од нив многу ми се покачи диоптерот бидејки подоцна ми открија дека всушност сум немала цилиндар, значи погрешни наочари сум носела Диоптерот од 1 на 2.50 ми се има покачено во рок од 1 год. , и тоа не од неносење наочари туку поради грешка на офтамологот Сега ми препишаа едни други, но тие пак ми се малку јаки.....е веке преку глава ми е ....страв ми е веке било какви наочари да си ставам ...Па сега планирам да одам кај некој во ск, дека таму има подобри специјалисти па белки ке се најде некој саглам од толку Тие што знаат и што се биле веке кај некој , ке ми препорачате ли стварно добар офтамолог во ск, што прегледува компјутерски ?? Ве молам.
Очила носам од свои 3 години, значи веќе 11 години. Започнав со диоптер +2 мислам дека беше, сега носам +0,5. Мојот проблем не е дека не можам да гледам, туку тоа што едното око ми се криви навнатре кога сум уморна и сл. Се работи за стербизам, и некаде во погорните постови прочитав дека било глупост дека не смеат да се носат леќи, но не е така. Еве лично јас, поради ова не смеам да носам леќи и морам да чекам до 18-19 години да видам дали воопшто ќе ми се исправи окото. Мој совет е - ако очилата не ви сметаат, не ставајте леќи.
има еден кај три бисери, IRIS се вика оптиката. Неколку другарки одиме таму и сме задоволни од прегледите, прегледува компјутерски а и прави целосен преглед на окото Инаку носам леќи веќе 6 години, последните неколку години от тие што се менуваат на 3 месеци некако похигиенски ми се. Имам носено и во боја една година ама на почетокот ми беа потешки за носења. Дефинитивно повеќе сум за леќи но за по дома практикуваам наочари бидејќи не се препорачува носење на леќи повеќе од 12 саати
Носам очила веќе две години и имам цилиндричен диоптер..Но некако не ми се погодени очилата, мислам дека ништо не ми помогнаа, па се мислам за леќи, ама ме плаши помислата дека треба да внимавам на хигиената..Но сепак повеќе сум за контактни леќи
Види и јас носев очила ама многу подолго од тебе и исто пред да ги земам ме плашеа со тоа вака онака голема хигиена и блаблабла... Се е навика веќе 5 години носам леќи и не би ги менувала за ништо на светов.Ќе се навикнеш и нема да ти претставуваат обврска