Јас имам диоптер -5 и ми кажаа да носам леќи но јас сакав наочари (за да изгледам попаметно ) и да ви кажам ич не сакам веќе да ги носам. Леќите можеш да ги носиш секаде, а наочарите не можеш да ги носиш ако вршиш некоја спортска активност и слично, а и мене почнаа да ми излегуваат брунчиња кај веѓите и носот
Јас носам очила диоптер -2.50 и тоа веќе неколку години. Сакам да се префрлам на леќи, препорачајте ми оптика или доктор, не знам дали приватно да одам или не, дали има некоја разлика ако одам на приватно, какви леќи да земам и слично?
Бидејќи и јас сум заинтересирана за да купам и леќи покрај очилата, а и диоптерот ми се зголеми и ги менував стаклата-кога бев кај мојата докторка во оптика се распашав се за леќите. На мене диотерот на двете очи ми е различе, -2 со -1.75 и поради тоа ми препорача леќи што одат по 4 пара во пакување, со тоа што по 2 пара различен диоптер. Тие биле за 3 месеци, со вкупна цена од 4.400 ден. и бидејќи се 4 пара ќе ми траат за една година. И веднаш ми напомена дека во зависност од тоа колку ќе ги носам, толку е и нивниот животен рок. Пример ми даде со мене, која сакам да ги носам за излегување и некогаш на училиште а дома да продолжам со очилата, ми рече дека уште 20 дена сигурно можат да издржат (+3те месеци) и дека кај сите пациенти секогаш се пролонгирало менувањето, бидејќи произведувачите на леќи го давале овој рок за користење на тој вид на леќи врз основа на 24 часовно користење, за кое ме предупреди дека не е возможно од најпоста причина што окото дневно мора да диши и прими кислород минимум неколку часа,така да спиење се подразбира да биде без нив. Барем така препорачувале таа и нејзините колеги. Според ова мене ми доаѓа ако ги купам овие, да ги носам околу 1 година и 2-3 месеци. АнаКаренина, ти си пишала дека ги носиш многу ретко и дека немаш проблеми при носењето на старите. Мислам дека можеш барем уште пола месец-до месец да ги носиш сметајќи го тоа дека не ги користиш често.Но сепак консултирај се со твојот доктор, во зависност од окото ќе те советува.
Не знам од кој град си, ама дефинитивно ти препорачувам да одиш во приватна оптика. За свој пари ќе бидеш сигурна дека го избираш најдоброто. Здравството и болниците во нашата држава се знае какви се, а очите се чувствителни и бараат внимание, а сигурно не сакаш да закачиш некоја инфекција или слично. Сум била и во болница само еднаш и веднаш заминав на приватно бидејќи првично хигиената беше застрашувачки катастрофална-што во никој случај не е исто со приватното. Што се однесува до тоа дали да се префрлиш на леќи, ќе ти определи докторката во зависност од твоето око и дали тоа може да поднесе страно тело.
^ Па приватно ти е секако подобро. Имаш подобра услуга и подобро ќе те упатат кои леќи се подобри за тебе, како да ги ставиш итн. Е сега нормално е поскап прегледот, ама па барем си сигурна дека ти одредиле точен диоптер, а не како на еден близок роднина кога му дале на државно не соодветен диоптер. Јас одам во оптика "Око" близу рамстор. Исто како добри ми ги имаат препорачувано "Визус" и "Визија". Последниве две имаат и веб-страни. http://vizia.com.mk http://vizus.com.mk
Епа женски јас си земав леќи. Испадна дека диоптерот ми е -2,25 на левото и -2 на десното. Леќите ми се -2 и -1,75 соодветно, а очилата -1,75 и -1,5. Е сега, леќите ми се за 3 месеци, ама докторката ми рече дека може да траат и до 4 месеци. Ги земав 1200 и плус течноста ја платив 750. Скапо ми се виде, ама ај ги земав, а докторката ми рече дека овие првите се 1200, па ај можеби вторите ќе бидат поевтини Инаку се Bausch&Lomb, исто и течноста. Искуства, рано е уште Tуку, ај некоја да ми каже на други места отприлика колку се движат овие леќи? Добредојдени се и искуства
Купив леќи пред некој месец, ама поради одморите не успеав да отидам на консултација со лекарката. Сакам да ги ставам што поскоро, пред да почне школскава година за да не морам да ги користам очилата. Прашањето ми е, колку пати треба да отидам на часови за да научам како да ги ставам и колку време треба да помине пред да почнам да ги носам по цел ден?
Доволно е еднаш да ти покажат и да сватиш. Лесно е. А и за недела дена би требало да ја совладаш техниката. Мене за меки леќи ми рекоа првиот ден да ги носам два часа, вториот шест часа, и од третиот па натаму по 12, 13 часа, зависи како ќе имам потреба. На почетокот ќе ти биде малку шубе, ама додека да свикнеш. И мене ми е сега малку чудно, дека прв ден ми беше Ама ке свикнам, се познавам
Јас носам о4ила оти се со мал диоптер -0,5 и немам потреба да ги носам секогаш, затоа и не ми требаат леќи...
Мислев да не ми смета нешто, да не ми се измести леќата, да не ми падне случајно онака знам дека не би требало да пречи.
Па не би требало, иако мене еднаш ми падна. Ама моево беше она асално плачење и не ни осетив кога ми паднала. Само знам дека во следниот момент матно гледав со едното око и по тоа проценив дека паднала. Ама ова е како еднаш во милиони, така да не е страшно ако поплачеш малку.
:geek: Јас си носам цвикерчиња,многу ми се фенси ,ми стојат одлично и така.. леќите ниту ми паднаа не ум како опција..
devojki dali diopterot sto mi go odredija za naocari,e isto i za leki ili ima nekoj poseben pregled nesto???
^^ Па мислам дека секако треба да си отидеш на преглед пред да земеш леќи. Инаку за плачењето , мене па баш ми годи тоа, ако малце ми се заматуваат, одма после тоа се ко стакло светнати.
значи добро е да се плаче иначе бев на преглед во систина и ми одредија диоптер со цилиндри...кога отидов во оптика ми вика ова е за наочари наод за леќи немаш ли ...и ме збуни