@emkaaaaa Посебен е прегледот за леќи, а посебен за очила. Прво одиш на преглед кај очен лекар кој ти го одредува диоптерот и какви очила треба да носиш. Прво треба да се навикнеш на нив, па после му напоменуваш ако сакаш да носиш леќи. Ќе те прати во Кабинет за контактни леќи, а докторката од таму одредува какви леќи треба да носиш.
да,но јасс веќе имам носено наочари и сега сакам леќи а кога бев кај докторот ми рече дека можам да носам меки леќи силиконски мислам дека се а за друг преглед не ми рече ништо
Во ГТЦ горе кај шевињон кафичот има оптика голема не можеш да ја утнеш можеш да купиш еден пар ти траат 2 месеци и те кошта една леќа 300 денари мека е, а две се 600 денари .. средство ти е 40 денари такво травел пакување мада мене за почеток не ми зема пари за тоа.. Јас сум многу задоволна, еднаш имав проблем со едната леќа и ми ја сменија без да ми земат пари, демек за рекламација, а сега немам гајле..
Наочари или леќи? Здраво! Јас носам наочари веќе 7ипол години. На почетокот имав диоптер -2,75 на едното, со -3,00 на другото око,а сега имам -4,25. Дали цело време ќе ми се накачува диоптерот? И некои ми кажаа дека со леќи побрзо ќе ми се намалел, дали е тоа точно? Размислував и за ласерска операција после 18 год,ама пред малку гледав видео, и некако гнасно ми е... :/
Јас сум 13 години и си носам леќи од пред 4 месеци некаде. Се‘ е до навика. Мене воопшто не ми пречеа ни во почетокот кога почнав да ги носам, ни сега.
Си купив нови леки , имам и раствор од претходните ама немам кутивче за да ги чувам, старото го фрлив. Дали е штетно да ги чувам во паковката во која се спакувани?
Па мислам дека е штетно ако кутивчето не е со капаче за да се затвори убаво. Ако е од оние со фолија одозгоре тогаш мислам дека ќе е штетно од проста причина што цело време леќите ќе ти бидат во допир со светлина, воздух, прашина... Инаку, женски јас да си се пофалам дека напреднав во местењето и вадењето на леќите. Од прва ги местам сега, свикнав веќе Е ако ги носам подолго време, цел ден на пример, малку вадењето ми е терсене, ама важно се навикнав веќе на нив и сега ми е многу поубаво Туку сакав да ве прашам, кога ги земав, докторката ми рече првите се 1200. Да не се овие некои посебни леќи дека прв пат носам? Инаку се на B&L.
Епа ок... А дали е опасно да ги ставам во кутивче во кое ми стојат стари леки пред 2 месеци и од тогаш е неотворено( секако прво ке го измијам) но не знам дали би било добро бидејки помина многу време.???
Уште од 2 август, јас пишав. А бев пред недела дена, од прилика. Фала на сите што ми препорачавте докторка, ама јас се решив, за таа што кажа Монна.Монна. Во Медика Плус. 80 денари фати. Прво ме праша за буквите и бројките, а после на уште 3 машинки. Презадоволна сум, за разлика од таму каде што одев порано. Иначе, ист ми е диоптерот. Таа ми рече, дека е супер, што ги носам 2 години, а уште ми е истиот диопетерот. И се убаво ми објасни. А на прашањето: Контактни леќи или очила? Јас сепак би одговорила очила. Знам многу, што не се навикнале на леќите, и постојано им паѓаат. А и јас, не можам да замислам нешто да си пикнам во окото. Додуша, за тоа треба да се привикне човек. Ама јас како што сум несмасна, уште првиот ден ќе ги изгубам.
Нема да има проблем, убаво измиј го кутивчето , исуши го и стави си ги новите леќи. Најбитен е растворот да го менуваш секој ден (секако доколку секојдневно ги користиш) , за да не ти се ствараат инфекции на очите.
Јас наочари носам од 3то одделение а сега ќе бидам прва година на факултет , диоптерот во тој период ми се смени 3 пати , со што последната промена беше пред 3 години за време на пубертетот .Дали ќе ти се зголемува диоптерот неможам ниту јас ниту пак доктор да ти кажи со сигурност но едно е јасно, дека освен со ласерска операција друг начин да се намали диоптерот и да ти се врати нормалниот е скоро невозможно.Постојат да, но ептеееееен ретки случаи се такви.Не знам колку години имаш за да почниш да носиш леќи, но обично во случаи на поголем диоптер како твојот и самите доктори препорачуваат да се носат леќи , но НЕ заради тоа што ќе ти се намали диоптерот туку заради дебелината на стаклото кое е поизразена кај повисоките диоптри. А јас од искуство би ти препорачала да почекаш доколку си во пубертет да ти се стабилизира најпрво диоптерот , да ти стани константен а потоа да почниш да носиш леќи, за да не испадни на секоја контрола да ги менуваш леќите. Се надевам ти помогнав
Е и јас се мачев со ова и секоја контрола прашував и последниов пат убаво направив муабет со докторката и ми објасни најискрено. Очила носам 5та година и до сега три пати ми се смени диоптерот. Почнав од -1 на двете , па -1.50 и сега -2 на левото и -1.75 на десното. Вистина дека во пубертет расте и таа очекува уште малку, ама дека е за гледање далеку во минус, веројатноста да се намали е мала и многу ретка. Нема голем процет луѓе што им се намалила. Таа вели дека возраста кога ќе почне да се намалува е околу 50та година, што реално за нас млади е касно. Леќите ги препорачуваат на +18 најчесто, ама има и порано некои носат. Сепак после матура ми рече дека е најдобро, ама луѓе имаат причина да не носат очила од други проблеми и сл. Што се однесува до ласерска операција, потврдено е дека не во секој случај диоптерот може да се отстрани за 100 %. Секогаш постои тој 1 % кој во случајот кај нас со диоптер во минус расте, може и на 30 год. да ти се смени за 0.50 па пак да имаш потреба од очила, евентуално леќи. Зашто докторката ми кажа пример кај девојче со диоптер 0.25 што има потреба од очила, едноставно и е матно пред очи и не е нормално. Се зависи од окото, дали и на кој начин се приспособува на диоптерот. Пример јас можам една недела да не носам очила и да се навикнам да гледам колку-толку почисто, ама кога ќе ги ставам и на час па ќе ги извадам, ми се чини дека диоптеров ми се покачил екстремно.
Порано ќе кажев само леќи ,но сега ги комбинирам.Не се издржува само со леќи очите ќе ти отечат.Додека леќите можат да се носат од 13+ се доколку си одговорна, педантна и уредна,бидејќи на нив пред се и е потребна доволна нега и хигиена.
Очила, затоа што леките бараат многу одржување. Имате искуство од кај Др. Стојановски? треба да одам следната недела.
Јас носам очила од мала, пред да почнам дури и забаваче. До сега незнам колку пати го имам сменето диоптерот. Кога бев во пубертет ми се покачи но докторката рече дека тоа е нормално. Инаку имам сменето само три рамки. Овие што ги носам се кафени и многу тенки, доле не ни имаат рамки. Не би избрала леќи бидејќи се поскапи, навикната сум на наочари а и морничаво ми е допирањето на окото. Инаку имам различен дипотер на двете очи (мислам дека е 2,5 на едното а малку помало на другото) Кога бев помала левото око ми мрдаше, но сега е смирено. Пред некоја година на едното око носев сферно а на другото микс од сферно и цилиндар, но си се вратив на старото. Инаку редовно одам (на секои два-три месеца) до продавницата каде ги купив за да ги стегнат и ако се искривени да ги исправат (бесплатно е таму каде што одам, а одев секој месец кога бев помала бидејќи често ми седнуваа на очилата во соблекувалната а почесто заспивав со нив )
Од 5 то одд носев наочари ,меѓутоа никогаш не се навикнав на нив,не ми се свиѓаше како ми стоеја и ги носев само за читање по дома и на час,се додека не почнав скоро ништо да не гледам на далеку.Од трета година средно ставив леќи и сум презадоволна.Немав никаков проблем ни за ставање ни за вадење и се е навика.....а гледам одлично, не ми се зголемил досега мн диоптерот а имам 22. Ми се случува и да заспијам со нив,па ништо страшно......сабајле ке се измие убаво леќата и нема никаков проблем. Сега последниве месеци сум приметила само дека доколку цел ден ми се замараат очите веќе вечерта ми се матни, али си ги вадам ,ги одмарам очите.....па комбинирам со наочари по дома.Се на се презадоволна од леќите.
Kako prvo se izvinuvam za fontot, no ne saka nikako da se smeni..... Utrinava koga gi stavav lekite ednata mi padna vo labavoto na mesto kaj sto imase voda... ZNam deka lekite ne smeat nikako da se potopat vo voda no eve nesakajki mi padna. Dali da prodolzam pak da ja upotrebuvam lekata( sekako prvo dobro ke ja izmijam so rastvor ) ili da ja frlam???