Немаш гајле, носи си ја без проблем само измиј ја со раствор, т.е нека поседи во раствор леќата некое време.. мене ми се има десено да ги измијам ама послем пак ми стојат во раствор и ништо нема..
Немаш гајле....само добро измиј ја од двете страни и стави си ја.Мн пати ми се има случувано и немам никакви проблеми после тоа
Ми стојат леките веке 2 недели во кутивче и одтогаш им ја немам променето течноста во која што стојат.. Вечер сакам да ги ставам но страв ми е бидејки како што кажав стојат веке 2 недели во кутивче неизмиени . Имам ли потреба за грижа или...???
Па мислам дека немаш потреба за грижи бидејќи и кога се купува леќата, пред да се носи цело време стои во такво како кутивче со течност. Носи ги без проблем, само пред да ги ставиш измиј ја со течноста и готово.
nema od sto da se plasis taa tecnost e specijalno nameneta za lekite, bitno e samo pred da gi stavis pak lekite vo kutivceto da ja smenis tecnosta... ne se sekiraj mozes slobodno da gi nosis..
Devojki pomagajte.Zemav lekji i sega se ubavo da gi stavam dopram do zenicata,ama nikako lekjata da mi ostane na okoto se machev celi 30 min.Vi blagodaram
Размислувам за леќи. Очила носам ,ама диоптерот ми е -3,75 на едното и -1,75 на другото. Така што ако ми зголеми диоптер се плашам дека стаклата ќе личат на тегли. Плус имам и антирефлексно стакло и тоа ги прави стаклата подебели. Е сега ако леќите спречуваат зголемување на диоптер би земала. Стаклата во денешно време се тенчат, Само не знам за појак диоптер дали може. А за очила како очила ми кажуваат дека добро ми стојат. Сепак во некои прилики кога одам на свадба и слично би ги извадила, некако ми доаѓаат како вишок дел на лицето.Пишете кој иам искуство дали сигурно го оддржуваат диоптерот леќите и дали со -4 ако ми даде наредниот пат може да не зигледаат дебели стаклата.
Најубаво е да седниш и да си земиш огледалце со постолје, така ќе ти биде поудобно и полесно ставањето на леќите. Прво, со показалецот на левата рака ќе пробаш да го оптегниш очниот капак на горе. После со показалецот на десната ќе ја земиш леќата и со средниот прст на десната рака ќе го оптегниш долниот дел на окото надолу. Ќе пробаш да не трепкаш инаку нема да можеш да ја ставиш леќата и пробај да гледаш право во огледалото инаку нема убаво да се намести. Откако ќе ја наместиш и осеќаш дека не тие удобно на окото или уште матно гледаш, трепни неколку пати и ќе се намести. Еве ти и видео http://www.youtube.com/watch?v=oz8E2CK77uY
И како јас сега овде да ти демонстрирам како ставам леќа , не те учеше тој што ти ги продаде т.е лекарот?!?! Јас кога се решив за леќи прво неколку денови освен што испитував дали ќе ми ги сака окото и сестрата ме вежбаше на техниката како се ставаат. После 30 мин малтретирање леќата е сува и затоа не останува на око. Со домалиот прст влечеш долен капак на око, со среден прст влечеш горен капак на око а со показалец ставаш леќа на око. Јасно Јас носам 4 год леќи. Имам минусна диоптрија -1 и не мрда диоптерот. Кога сакам да одморам очи од леќи носам наочари а понекогаш и тоа не носам. Мала ми е диоптријата. Постои некое си непишано правило дека леќите спречуваат зголемување на диоптрија ама кај секого е различно така да со гаранција неможам да ти гарантирам. Еве кај мене не се менува диоптрија веќе 4-5 год. За стакла сега имаш секакви. Сега не значи дека ако е поголем диоптер ќе носиш тегли зашто има титаниумско стакло, пластично итд итд кое е тенко а со голем диоптер. Тоа најубаво ќе ти објаснат овие што прават диопт. стакла, ама знам дека се и асално поскапи
Фала за објаснувањето. Мене очила не ми пречат, само ако се зголеми диоптерот ако биде на пример -4 на двете очи, тогаш ќе биде подебело стаклото, а ако избере човек убава рамка, очилата добро стојат, како и да е следен пат ќе се распрашам за што потенко стакло. Плус за заштита од компјутер уште еден слој ставаат и приметив дека се гледа разлиак кога ке погледнам одозгора, каде завршува едното, а каде почнува другото стакло. фала позз
За ова на почеток треба да имаш трпение. Мене првиот пат кога ги ставив ми беше ептен лесно, ама затоа што претходно имам гледано како се ставаат. Прво земи ја леќата со показалецот на десната рака, ама внимавај да не биде сува, ако не успееш неколку пати, потопи ја леќата со течноста повторно. Потоа со прстите на левата рака (без разлика кој, како ти одговара на тебе) оптегни го капакот на окото нагоре, ќе ги потфатиш трепките нагоре, а истовремено со средниот и домалиот прст од десната оптегни го долниот капак на окото. Гледај леќата да ја ставиш баш на зеницата, да не ти измрда на страна многу. Залепи ја убаво за окото, не се плаши дека ќе ти биде нешто Кога ќе ја ставиш не трепкај веднаш, туку почекај некои си 5 до 10 секунди да се залепи самата леќа. Со тек на време ќе се навикнеш, од прва ќе ги местиш
Не грижи се, сега барем има милион варијанти за потенко и полесно стакло. Посебно ако имаш мало растојание на зениците и одбереш соодветна рамка можеш да поминеш и многу поефтино. Секако зависи и во која оптика ќе влезеш и колку ќе ти излезат во пресрет вработените, бидејќи тие се тие кои знаат на која рамка ќе биде потенко а поефтино Иначе ако антирефлексните стакла се убаво изработени и стаклата исполирани, тогаш со такви стакла изгледа уште потенко
Едно прашање до феминките со повеќе искуство со леќите,значи преска купив течност за леќи на Прокулин,на шишето пишуваше дека треба да се употреби во рок од 90 дена од денот на отварање,јас предтоа немам користено од Прокулин,користев на Соло кеар и ја користев скоро година дена,па ме интересира има и врска ако ја користам течноста повеќе од 90 дена или по истекот на тие 90 дена да ја фрлам?
Па би требало да ја потрошиш за 90 дена .. Иначе какви леќи носиш ? Јас си купив Прокулин ама кога и кажав на очната докторка , одма почна да ви вика дека таа течност била само за дневни леќи .. Ќе сум добиела инфекција на очите
девојќи ај мала помош треба да носам наочари но јас имав неколку пара и ги искршив немошам да се навикнам купив леќи и заборав да ги ставам или да им сменам вода и така ми се расипа ај некој совет како да се навикнам на наочари
^ Несакајќи ги искрши ? Незнам зашто е толку тешко да се навикнеш, ги ставаш еднаш и потоа забораваш дека ги носиш. Носам јас, се навикнав така што го прифатив фактот дека треба да ги носам, дека ми помагаат. Внимавав на нив, мајка ми како помала ми кажа дека чинеле "цело богатство" и не ги кршев.
може да ми препорачате некој лекар, воопшто не сум била, и сакам да идам приватно, ама незнам каде а ни колку пари ке ми земат за преглед...се одлучив за леќи ама уште да ми проверат кој диоптер треба да земам
Носам меки леќи само преку ден,така да мислам нема да има некој проблем,ете тоа е разликата меѓу Прокулинот и другите течности(поскапите) дека прокулинот треба да го искористиш за 90 дена,а оваа другата што ја користев ја користев сокор година дена и ништо не ми бидна...
^^Па ако не ми се земе мислењево како рекламација, моја препорака е да одиш во Офталмос, доктор Пандев С. Имево незнам како му е, нема во документиве мои, само кратеница. Постар е така, но доста опремена амбуланта има, со денешна технологија. ул. Осма Ударна Бригада 20. Пиши ми лп. ако сакаш бројче. Мислам дека 1000 зема за преглед.