Јас веќе 7 години идам во Визија, најдобриот офтамолог го имаат мислам дека, барем според мене најдобри се.. таму ке ти даде диоптер за леќи и за наочари ако сакаш, јас сум презадоволна 700 денари ти е преглед
^ Кај Сашо ? Бев јас последниот пат, за да смениме малку со мајка ми, да видиме како работат. Не бев многу задоволна, општо кажува нешто што го знам јас, не ми кажа ништо ново, ми рече дека ми е истиот диоптер. Чудно ми беше, имаше 1 година поминато од последниот преглед, па проверивме, мааааааалку ми се накачил, сепак не е точно. Но за кого како.
Пред некој ден си ги земав и очилата.Иако ги носам по дома само некако чудно ми е.Ги гледам рамките и малку ми сметаат на носот.Ова нормално ли е?
Јас одам во Геталдус, појма немам како се вика докторот, но е многу фин. Се наоѓа одма псоле камени мост, карши старата автобуска станица. 500 денари е преглед за очила, за леќи не зема пари. Јас веќе 3 месец си ги носам леќите ама некако чудно ги ококорувам очите со нив На слики изгледам како исплашена
За рамките нормално е, не се сеќирај, додека да се навикнеш така ќе биде. А за тоа што ти сметаат на носот, можеби рамката не ти лежи.
Не знам баш дали да отворам нова тема ама сакав да ве прашам дали некој од вас користел течност за меки леќи Proculin, прилично понова течност е излезена на пазарот, и дали сте имале некое пецкање во очите? Сум ги пробала скоро сите течности ама од оваа ептен имам проблем, страв ми е да не си ги расипам леќите
Моја братучедка ја користи, исто за меки контактни леќи и подолго како ја користи. Нема никаков проблем, она е баш задоволна. Но тоа е индивидуално. Пробај со друга течност дали ќе го имаш во моментов тој проблем. Можеби има некаков проблем и со леќите?
Леле ме испозачудивте и запрепастивте со прегледиве! 500,700,1000 денари..Како бе? Претпоставувам се работи за Скопје. Во мојов град секаде е бесплатно, и на местото каде што одам јас, а прегледот е се по процедура и во најдобар ред независно дали е за очила или леќи. :geek:
Ова е за приватни ординации, во државни е речиси бесплатно т.е се плаќа некоја минимална партиципација од 40 денари.
За Тетово зборувам, за приватно-не државно. Во државно е исто бесплатно нели и плус постои можност за преку Социјално да се земат очила по некоја минимална цена и плус со постоење на бончиња таа уште повеќе се намалува. Ама само пензионери земаат така.
Нема шанси ако е приватно да е бесплатно. Како заработуваат тие инаку? Освен ако не ти е матичен доктор, со плави картони, а тој да си има склучено договор за да ги повлекува парите. Инаку во Скопје би ви го препорачала д-р Роберт Ристовски. Со секојдневно искуство од клиентите од кај него никогаш немало погрешен преглед а и не дава диоптер кога нема навистина потреба од него ( како многу "тако звани" доктори ) а и лично јас сум била кај него. Исто така не се лоши ни од Визија, турската ( ама барајте преглед кај турчинот ), од Систина се случи еднаш, два пати да дадат погрешна диоптрија ама откако се пожалија луѓето им ја надоместија штетата за очилата кои ги има изработено со погрешна диоптрија. Како и да е би ви препорачала да не идете на бит пазар и кај Ѓулистана во Кисела Вода. Намерно даваат погрешни прегледи, а некои луѓе едвај наоѓаат некој денар да направат наочари. И ајде после одат се расправаат, луѓе имаат плачено од кај нив
Па еве од прва рака ти кажувам дека се приватни и дека се бесплатни! Најобични очни ординации-оптики што не наплаќаат за преглед. Па не е операција, па да е толку чудно. Бар е пореално и прифатливо за сите. А тој што планира да купи очила или леќи независно, ќе го направи изборот кај кого сака-тоа не му бега и ете така заработуваат а пак работаат. Македонски се неколку само, чинам 3. Останатите се Албански и ретко наши да одат таму. И не е ни со сини картони, ни преку болница ниту пак соработка со матичен лекар. Како што јас се чудев за 1000ките за преглед, така и вие за што е бесплатно овде.
Еве и јас да ви се придружам аа и воедно да побарам некој совет почнав да носам наочари пред една недела диоптерот и не е баш мал -1.75 нешто што уте повеќе ме загрижува ааа ии незнам што да правам мн ми смета светлината сонцето кога сум во затворена просторија и вештачкатаа светлина ми смета навечер,не ги сакам воопшто иако сите викаат дека добро ми стојат јас кога ќе излезам од дома со нив се осеќам многу непријатно и ми е срам
Ако е оптика, можно е. Муабетот беше за прегледи кај доктори, во клиники, болници и сл. Какви ти се стаклата? За тој проблем обично се препорачуваат антирефлексни стакла. Или ако ти смета и надвор сонцето фотогреј во комбинација со антирефлекс за затворена просторија
Ние малку не се разбираме Во болници е државно и бесплатно или нешто симполично, а ова е оптика,клиника,ординација...како сакаш наречи ја. Има доктор, закажуваш преглед, добиваш информации за состојбата и имаш можност на истото место да купиш очила/леќи. Вака мислам и зборам цело време. Се надевам се разбравме. позз
Па не се разбравме. Значи има голема, огромна разлика меѓу оптика и клиника, не можеш туку така да ги нарекуваш како сакаш. Значи не оспорувам дека е бесплатно, сигурно немаш причина да лажеш, ама пак ќе кажам дека најверојатно се работи за оптики во кои можеби има и доктор кој врши прегледи. А и не сите болници се државни има и приватни, затоа спомнав болници, клиники. Поздрав и да кажам навистина ми е мило што е бесплатно, иако феминките во Скопје ги спомнаа подобрите доктори кои секако се и поскапи.