Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Контактни леќи или очила?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од OrdinaryGirl, 26 јуни 2010.

  1. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    ^Kонкретно во Тетово е државна болница и уште неколку оптики кои имаат и функција на таканаречените клиники. Јас и претходно кажав дека само ова има во мојот град, ама како што реков не се разбравме. А клиника-клиника од типит на Визија и многу други во Скопје, ги имате само таму. Во другиве градови спротивно од главниот се дефицитарни од тој вид и сите од тука одат во Скопје за операции или контроли. Ете уште еден плус за Скопје! :clap: :)
     
  2. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    4.776
    Вчера си земав леќи од Геталдус, кај Камени мост.
    Прегледот за леќи е бесплатен ако земеш од кај него леќи. Ми даде 3 пара и ќе ми траат 6 месеци, т.е 1 пар 2 месеца ќе ги носам, двомесечни се.
    Ме чинеа 2000 ден.и ќе ми дојде 4000 ден. годишно. Тие се обични леќи. Цилиндрични се поскапи, чинат 9000 ден. годишно. Мене ми кажа дека имам цилиндрични ама прво да сум пробала обични дали ќе може окото да прими и еве добри се па поминав и со обични.
    Растворот е плус потребен, тој е 800 ден. и така :)
    Пресреќна сум сеа, не сум веќе ќорава и ќе можам да си ги гледам бројчињата на автобусите од далеку!
    Кој нема диоптер дефинитивно нема да не сфати! :rofl:
     
    На VayaConDios му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.410
    Допаѓања:
    13.423
    Пол:
    Женски
    Јас имам 0.5 диоптер, што воопшто не е страшно, ама бидејќи бев око соколово порано, ужасно ми сметаше. Докторката ме убедуваше дека немам потреба од наочари, ама зошто имав кејф да носам, и досагав се дури не ми даде рецепта. Многу сум досадна кога сакам 8)
    Иначе за тие со поголеми диоптери, кои треба нон стоп да ги носат (пошо јас на пример можам и без наочарите) мислам дека леки е подобар избор, едноставно зошто ги ставаш и не ги мислиш, а не очила да ти тежат (или една моја другарка не можеше обични наочари за сонце да носи зошто не можеше без диоптерските очила).
     
  4. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    Девојки со леќите може да се плива, нурка..?
    Мислам дали би имало некакво штетно влијание на очите или слично? :?:
     
  5. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.248
    Допаѓања:
    2.362
    Да можеш да пливаш ама нема да отвараш очи под вода од причина што може леќата да ти падне во вода :) А инаку нема никакво штетно влијание на очите :)
     
    На Sanniii му/ѝ се допаѓа ова.
  6. curlygirl

    curlygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    Имам прашање.Едната леќа ми беше скината малку,дури воопшто не се познаваше и немав проблем со гледањето.Денес додека ги ставав леќата ми се скина на два дела.Знае ли некој зошто се скина на два дела,некое искуство?
     
  7. MalaTaa

    MalaTaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    3
    Здраво, јас си земав леќи препорачани од офталмолог ама откако почнав да ги носам подолго преме почнува ужасно да ме боли глава. слепоочници, над очите и горниот делл на главата ме стега(а и ми се мати па морам да си трепнам). Премногу ми е тешко секој ден со заматена глава не функционирам. Па од шо би можело да биде тоа? Дали очите не ми прифаќаат. дали ми се јаки( ама од офталмолог ми се дадени) нз ств до што е ама глава ќе ми прсне! :(
     
  8. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Најверојатно леќата ти била при крај со рокот, нели имаат некој си рок од 3 месеци. Или пак, си ја закачила со нокти и се скинала.
     
  9. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    И јас кога првпат си ставив леќи ме болеше глава . ми рече дека тоа било од носот . Ми бил затнат бидејки сум измрзнала . Да не ти тече носот ? Мене глава ме болеше само првиот месец и ги носев леќите по пет часа. Потоа кога ми помина носот се навикнав на нив и веќе не ме болеше главата . И сега некогаш кога сум измрзната ме боли глава од нив , ама јас им најдов решение :!: Си купив и наочари и сега си комбинирам . Ако не ти е од носот тогаш треба пак да си едеш кај Офтомологот и да ти каже некое решение . :) ;)
     
  10. Dreamer

    Dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    97
    Од која фирма се леќите ? :)
     
  11. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Си земав конечно и јас леќи за да го видам светот поубаво :P
    Е сега очи извадив обидувајќи се да ги извадам ,за ставање полесно ми иде :$ ,сакав да прашам за колку време стекнавте рутина у вадење ставање леќи или јас сум тубелес :D
     
  12. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Скапо си го зела растворот јас земав прокулин 400 мл за 370 денари ,а леките три пара за 6 месеци 1850 денари :)
     
  13. Dreamer

    Dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    97
    ^ Јас прокулин растворот за 315 ден го земав. А леќите од каде ги зема ?
     
  14. MalaTaa

    MalaTaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    3
    Па не се сеќавам ама мислам дека не ми течел носот, а главата кај слепоочниците и над челото ужасно ме стега кога ги носам подолго како све да ми е поматено зашеметено се осеќам. Па сега ги носам помалку 5-6 часа и подобро ми е. Бев кај офтомологот тој ме прегледа ми рече дека од негова гледна точка се е во ред. И сега си мислам дека не ми се навикнати очите па затоа ме боли, па ги носам по малку за да се навиканм. Ама времето ќе покаже до што е, само да не е некој проблем со главата тоа се плашам :( некој тумур недај боже :(
     
  15. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    Не бре , не дај боже ! :shake: Ќе се навикнеш со тек на време ;) :)
     
  16. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Леќите ги земав од Оптикомедика во Лептокарија .А ти од каде го зема прокулинот ?
     
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.576
    Допаѓања:
    106.342
    Пол:
    Женски
    Женски имам едно прашање до вас , вие што купувате наочари со диоптер од зелено пазарче , дали можеби можам да најдам ваков модел на очила? (какви што носи женскава)

    [​IMG]
     
  18. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.892
    Допаѓања:
    7.626
    Пол:
    Женски
    Има, ти пишав и лп
     
  19. MalaTaa

    MalaTaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    3
    Добро ова болкава во глава полека ми стивнува пошо ми дадоа леќа со цилиндар, но почна десното око ужасно да ме глочка цело време го чепкам почна да ме пече ми се мати па и коа ќе трепнам како леќата да ми се залепува на очниот капан. Зошто ми е така?? :(
    Ужасно ме нерр и само 3 часа носење ја извадив неможам матно гледам и ме боли, осеќам како нешто имам во окото, за разлика од тоа левото не го чуствувам, а најпрво тоа ми правеше така. ДАЛИ НЕКОГАШ ЌЕ ГИ СРЕДАМ ОВИЕ ЛЕЌИ БРЕЕ, МИ СЕ СМАЧИ!!
     
  20. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    Јас што би се рекло на нашки и не дофрлам на далеку, носам очила.
    Не би носела леќи од причина што сум мн несмасна и некако во навика ми е постојано да си ги гибам трепките, да ја ронам маскарата, да ги делам трепките...
    Не сум вешта со ставање и вадење, а и мојот проблем со очите не е сеуште (Фала Богу) толку изразен.
    Затоа очилата ги носам најчесто по потреба. :)