Ти смета затоа што не ти е убаво наместена леќата, па ја осеќаш. И мене понекогаш ми се случува. Инаку јас користам леќи и раствор на B&L. Ќе смета ли ако купам друга марка на раствор? 750 денари баш и не ми се даваат, читам дека има и поевтини раствори. Ваше мислење?
Има, ти пишав и лп[/q Дали има голем избор на рамки за наочари на зелен пазар и отприлика цени?Во град по оптикиве малце претеруваат со цените, а итно ми требаат рамки.
^^ Колку што паметам,има доста избор во дуќаните. Кога барав пред година дена, имаше многу класични моделчиња, ама и доста интересни. Знам овие што ги имам сега, црно со црвено, и кожни од страните на зелен пазар ги имаше за 1000 денари, а јас ги платив мноооогу повеќе. И цените се многу пониски од оптиките во град. За 800 денари можеш да најдеш преубави рамки, а за повеќе и да не зборувам.
Сакав да прашам... По колку време носите еден пар меки леќи што се предвидуваат за 2 месеци? Додека не се оштетат или точно два месеца?
сестра ми има 16 години и носи леќи и нејзе и е подобро со нив затоа што не и го качува диоптерот ама за по дома носи и наочари мислам дека можеш слободно да носиш ...
јас понекогаш знам и по 3 месеци да ги носам зошто заборавам да ги мењам ама не е страшно тоа иначе носам леќи веќе година дена и супер ми е
Неодамна бев на очен лекар, па ја прашав токму за ова докторката. Значи доколку леќата ти е предвидена за два месеца, ти после два месеца треба да ја фрлиш. Тоа дали се оштетила или не или пак дали некои од деновите не си ги носела леќите воопшто не игра никаква улога.
Очила. Се плашам од сликата на ставање леќи. Едното око ми е 0,5, другото 0,25. Со едното полошо гледам од блиску, со другото од далеку, па различно ми е и тоа. :geek: Моите очила..дома уште ги жалат парите. Јас многу си сакам. Ги купив во Диоптра, и имаше акција па и очила за сонце добив гратис. Во последно врме скоро и да не сум ги ставила, затоа што ми е утнат диоптерот, ми се врти и мати премногу, па додека не отидам да се проверам пак
Мене ме интересира нешто околу растојанието на зеницата. Денес поминав во оптика и си одбрав нови рамки, си порачав нови стакла, арно ама си ја заборавив белешката од очен доктор. Диоптрите си ги знам, а за растојание ми измерија таму, и запишаа дека е 65. Дојдов дома и ги побарав белешките за да видам колку ми пишува таму. На едната стои 65, на другата (постарата) пишува 64, а двата прегледи ми се кај ист очен лекар направени. Знам дека еден мој другар имаше големи проблеми со видот затоа што неточно му го одредиле растојанието, па малку се загрижив Има голема разлика дали е 64 или 65?
Не знам колку ти е постар прегледот со 64мм и колку години имаш, бидејќи кога си била помала и растојанието ти било помало (помала глава си имала ), ама како и да е 2мм е медицински дозволено отстапување во растојанието, не се грижи воопшто.
Има некој земено очила од оптиката кај зелено пазарче, да ми каже како се движат цените на стаклата ?
Ако прашуваш за Ицо Оптика внатре во пазарот пиши ми лп која диоптрија ја имаш и какви сакаш ќе ти кажам цена. Поздрав
Веќе година дена имам проблеми со видот, првим почнав со леќи и не се навикнав, очите ми солзеа тешко ми беше за ставање и вадење, и на крај си земав наочари и ми е многу подобро. Во оваа време од ладно во топло ми замаглуваат ама немам др проблеми. Инаку на мене кога носев леќи ми имаа кажано дека најмногу 1 месец треба да ги носам а потоа да ги менувам.
А јас пак никако да соберам храброст да ставам леќи,се плашам да не се повредам при вадење и ставање,а очилата кога ги купив ги носев редовно,но последниве година дена не ги носам,сакам да ги носам ,но неможам некако, ги заборавам,ги вадам и тоа несвесно....
Мене ми е чудно зошто сите развиле некој страв од леќите. Да во око се става, треба кратко време да се навикне окото, ама ниту боли, ниту постои некоја реална опасност од повреда. Треба само да се внимава на хигиената, ништо повеќе. Мене ми се многу попрактични и не би ни размислувала на твое место.
Па можеби и си во право,кога ставам шминка јас воопшто не внимавам дали ќе ми влезе четкичката од маскарата во око или врвот од моливчето ќе ме боцне ,а кога се работи за леќи вуааа , но ете таква сум а и многу сум неодговорна,па си мислам деке ќе се повредам,ќе ги заборавам, a знам дека многу луѓе носат леки,некои дури и леки за боја на очи ставаат а јас за вид па се самосожалувам овде
@feminium колку пати сум се боцнала со моливчето па ништо.. е добро сега не ми влегла четкичката од маскарата, на тоа поле не сум искусна. И јас имав страв од леќите на почетокот, целиот процес на ставање и вадење ми беше страшен, дека сум малку потрапава а сепак се работи за око.. еве читај ме по темава, сум прашувала дали боли кога ги ставаш, како потресена бев. Ќе ти покажат на лекар како се тоа се прави, ќе те научат како да водиш грижа за леќите, на колкав период треба да ги менуваш. Моите дома не сакаа да носам леќи од причина што мислеа дека ќе бидам многу неодговорна во тој поглед, ама за тие пусти наочари да не ги носам се правам, значи нема заборавање да ги извадиш навечер, нема заборавање да ја смениш течноста. И ете совршено се функционира и со нив.