Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Контактни леќи или очила?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од OrdinaryGirl, 26 јуни 2010.

  1. rrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    173
    Девојки ајде ќе ве замолам за мала помош :)
    Каде во Скопје се врши испитување на диоптер за леќи. Јас носам очила по потреба но сакам да ги заменам со леќи, па ме интересира во која оптика ги вршат потребните испитувања и колку чини прегледот?
     
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Во секоја очна ординација се врши преглед за дипотер, како и за наочари, така и за леќи. А цената зависи од тоа дали ќе одиш во приватна ординација, и дали работат со картони или без. Во принцип не би требало да чини повеќе од 300 денари.
    А ти сама ќе си одлучиш од каде ќе ги нарачаш леќите, од која оптика, или пак ќе ти дадат препорака ако ординацијата соработува со некоја оптика.
     
  3. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Постојат ли леќи во боја со диоптер? И како им се движи цената во споредба со овие обичниве, знае некој?
     
  4. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Јас носам диоптерски помагала од своја 12 година. Значи околу дваесет години. Па можам да ти го споделам моето искуство. Значи од како носам наочари одам на прегледи во очна ординација ЛЕНС во Ѓорче Петров.Докторката е добра, бар за мене. Е сега она кога ти препишува леќи дава за 0,25 помал диоптер од оној на наочарите. Работи со фондот (значи си земаш упат од матичен и со сино картонче плаќаш 100 или 150 денари не сум сигурна).
    Е сега пред некоја година одлучив да носам леќи, зошто едноставно некогаш ми се неопходни и бев кај една проф. др ...го заборавив името кај тафталиџе пазарот (плаќање приватно) многу ми ја фалеа за леќи била стручна. Е јас имам лошо искуство со неа. Ме прегледа ми одреди вид на леќа и диптер и ме учеше како да ги користам. Само што почнав да ги носам леќите таа што ми ги препиша почнаа очите да ме чешаат, се појави секрет, печење, и на самите леќи бели флеки кои уште повеќе иритираа. Отидов пак таа ми рече дека ете за моето око не одговарал тој тип на леќи, дека окото не ги прифаќа, и ми се инфицирале очите, па ставав капки антибиотик и кортико, и да одам пак кога ќе ми се смири инфекцијата за нов вид леќи . Е арно ама мене од таа инфекција диоптерот нагло ми се зголеми. Секое одење на контрола си го плаќаш.
    И кога се се заврши ми препорачаа доктор Стојановски се наоѓа одма до гимназијата Ј. Броз (работи со фондот). Тој ми препиша леќи и ми кажа да внимавам бар некое време, зошто едноставно очите ми биле осетливи многу. Значи да комбинирам леќи и наочари. Навистина цел ден нема шанси да седам со леќи (носам кога сум излезена и кога спортувам, а пред компјутер со наочари ми е најубаво).
    И од тогаш одам во Ленс и кај Др Стојановски и навистина бар до сега им се поклоуваат меѓусебните мислења, и тоа ми е некој показател. Според моето искуство тие две ординации ти ги препорачувам
     
  5. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    ^^
    Кога сме веќе кај доктор Стојановски, и јас ќе дадам позитивна критика. Од почетокот на средно одам кај него, што значи тоа се мање-више 6 години. Од таму си ги нарачувам и леќите, односно од оптика Орбис, зошто работат заедно со ординацијата.
    Единствена замерка е тоа што многу долго се чека за преглед, односно закажуваат месец дена покасно. И ако имаш среќа и некој го отстапи терминот и не дојде, може да го земеш ти.
    Инаку, задоволна сум, и јас го препорачувам.
     
    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dreamer

    Dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    97
    Јас ги користев Fresh look на ciba vision, беа околу 1800 за еден пар, за 2-3 месеци користење. :)
     
    На Nati.P му/ѝ се допаѓа ова.
  7. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Јас сум втора средно,а кај Д-р Стојановски одам од четврто одд. и искрено презадоволна сум од човекот..ептен си ја знае работата и носам очила од тогаш (рамки купени од зелен пазар пошто некако сите ми делуваат исто само цената е во прашање, а стаклата се од Оптика Елени во ГТЦ)
    Еден лајк за докторот, супер муабет ми праи хахаххха :rofl: :rofl: :tmi:
     
    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски

    И јас си купив рамки од пазар, и искрено кажано, повеќе ми издржаа од тие што ги платив ѓавол-ипол од оптика.
    Туку, зошто од Елени стакла? Оди си во Орбис. Башка може директно од ординација да ти ги нарчаат. :)
     
  9. Sar4etooBe

    Sar4etooBe Активен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2013
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    2
    Јас барем сега за сега немам потреба ни од наочари ни пак од леки но затоа брат ми носи леки на него откако му утврдија дека има диоптер прво му дадоа да носи наочари но тој вопшто не сакаше да ги носи и поради тоа му се зголемуваше диоптерот и затоа докторката му препорача леки инаку на очно мислам дека оди во војна болница им се навикна на леките и сега за сега диоптерот му е стабилен.
     
  10. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Да да знам али цените ми беа поприфатливи од Елени, а и имаат одличен квалитет и прецизност пошто моите се со цилиндар.. :)
     
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.576
    Допаѓања:
    106.344
    Пол:
    Женски
    Јас бев денес на очен лекар , диоптеров и те како ми пораснал сега носам -2 а ми беше -0,50 , ама тоа е , јас сум си крива кога не ги носев наочарите редовно. Докторкава ме праша дали можеби сакам леќи да носам , ама реков не сега за сега ( имам мало дете па полесно е да ги изгубам :D ) и така да ке си одам на пазарче ке си земам некои убави рамки и мора да ги носам наочариве зашто леќите не ми бегаат :| и сега на контрола сум на лето :)
     
  12. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    И јас сум сличен случај ама откако ми дадоа 2ка јас не отидов на контрола :!: :lol: ,сега се плашам да одам чуствувам дека пак ќе ми ги зголемат :tmi: , но планирам да одам на пролет :!: и да си порачам леки, многу ми е страв дека нема да ги носам ни нив,или дека ке се повредм ставајки ги :x но читам тука доста фееминки кои плачеле како мене и земале леки и се задоволни :!: па ке пробам и јас ;)
     
  13. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Не се секирај за ставање и вадење на леќите. И мене ми беше многу страв од тоа, па сеа можам и без огледало што се вика. Ако ти ги прифати окото и се навикнеш гајле ќе немаш. Имам другарки што си и носат по цел ден и пред спиење само ги вадат (а некогаш ни пред спиење, што се разбира не е во ред).
    Пак викам ако ти ги прифати окото, се е индивидуално, еве јас носам леќи, ама очите ми се многу осетливи па нема шанси цел ден. Па затоа си комбинирал леќи и наочари по потреба.
    Ама обавезно пробај со леќи. Може би ќе ти биде уште поедноставно од наочарите.
     
  14. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    ^ ме охрабривте феминки на пролет одам на очен дефинитивно :)
    Значи да не прочитав вакви мислења никогаш немаше да се решм да ставам леки :!: , ви благодарам на сите што ме охрабривте. :bow: :hug:
    па на пролет ке ви пишам резултати- за мотивации на идните плашливки како мене :P
     
  15. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    А зошто да чекаш до пролет?
    Ако очите добро ти ги прифатат леќите воопшто да не се мислиш. Земај ги веднаш. Да, малку е шубе на почетокот, потребна е грижа и дисциплина, ама верувај вистинско олеснување се леќите, барем за мене. Брзо ќе свикнеш на нив, за две недели веќе ќе станеш експерт за местење и вадење ;) и верувај многу полесно е со леќи отколку со очила, така што најтопло ти препорачувам да си земеш леќи :)
     
  16. dream.queen

    dream.queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    јас носам очила едното око диоптер - 0.25 а другото -0.50 и плус со цилиндер |(
    си ги купив наочарите од една оптика од зелен пазар ама не е на тезга туку ко дуќан е.
    ги носам само во школо бидејќи проблемот ми беше гледањето од табла а иначе за по дома не ги носам односно ги носам ама многу ретко.
    а на преглед одам во Јане Сандански кај докторката Снежана Божиноска и многу е добра и фина. :)
     
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.576
    Допаѓања:
    106.344
    Пол:
    Женски
    Јас си купив очила денес , од Ицо оптика , одев по тезгите ама се некако правоаголни форми, инаку има многу убави моделчиња , јас си земав polu-овални со светло розеви рамки , ги платив 600 денари стаклата и 1200 рамките :)
     
    На Minnie-e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Веројатно е соодветна тема, сакам да препорачам оптичар. :clap:
    Ординацијата нема има, позната е како Др. Ристовски.
    Докторот се вика Роберт, ординацијата е во Капиштец. Многу сум задоволна, ми откри цилиндар на десното око и некое алергиско заболување на левото око.
    На почеток проблем ми беше десното, но од последниот преглед ми кажаа дека десното око заздравува, односно се лечи, сега имам проблем со левото.

    Инаку, типов е околу 30 - 40, одлично опремена амбуланта.
    На ѕидот имаше многу сертификати, прочитав дека има добиено многу награди и е многу фален.
    Исто така, неговата ординација е и ласерска, значи врши ласерски операции за губење на диоптерот.

    :)
     
    На MarcheloGirl и Minnie-e им се допаѓа ова.
  19. Lovatic

    Lovatic Активен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Искрено ни е тешко за леќите ни ништо...5 минути работа во денот не е! 2624724742742 пати поефикасни од очилата :emo:
     
  20. woow

    woow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    88
    Здраво на сите Феминки.

    Ја читав цела тема и еве и јас да се приклучам. Јас носам леќи веќе околу 9 години. Тоа беше единствена солуција во мојот случај, бидејќи носам ептен висок диоптер кој се разликува на двете очи, па не можеше никако да се усогласат стаклата на наочарите.

    И ептен сум задоволна, на сабајле го ставам и цел ден сум раат, не му се мислам да бришам стакла, да пазам да не ги скршам а и не се познава дека имам проблеми со видот.

    Е сега, би сакала да ве прашам нешто ако знаете да ми помогнете...дали може да се земат очила без диоптер само со стакла за заштита од зрачење од компјутер???