Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Контактни леќи или очила?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од OrdinaryGirl, 26 јуни 2010.

  1. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.892
    Допаѓања:
    7.626
    Пол:
    Женски
    Докторот е навистина одличен. И јас го препорачувам. Ниту еден преглед нема згрешено.
    Може, јас имам такви ;)
     
  2. Lovatic

    Lovatic Активен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Dа,јас носев порано такви. Се рефлектираше знам зелено и виолетово, оди би требало во секоја оптика да има! 8)
     
  3. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    363
    Леќи носам скоро година дена. Кога почнав да ги носам имав на левото -1.25, а на десното -1.00. Сега кога бев на контрола ми кажаа дека на левото имам -2.00, на десното 1.75, што за мене е многу нагло зголемување, со оглед на тоа што претходно не ми се зголемувал диоптерот со таа брзина. Дали некој има исто или слично искуство, од што би можело да биде, дали од носењето леќи или нема врска тоа?
     
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.375
    Пол:
    Женски
    По правило леќата напротив би требала да го сопре раснењето на диоптријата.Не знам зошто е така, ама така е.И јас имав такво искуство на едното око дотерав до -6.на другото -4.Можеби треба да одиш на овие нови клиники.Знам тешко ти е :*
     
  5. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Обично диоптерот најмногу расте во пубертет. Ама може да продолжи да расте и до 20тите години. Кај мене конкретно, растеше од прва средно, па некаде до прва факултет. Еве веќе трета година мојот диоптер е ист. Кај тебе не знам каква е ситуацијата, на која возраст си, ама ова ми го кажа и мојата докторка и затоа и го знам ;) Се додека се развива самиот организам ќе расте и диоптерот :)
     
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.577
    Допаѓања:
    106.345
    Пол:
    Женски
    Јас знам дека диоптерот расте до 40-тата година од животот. Дај Боже да сум грешка ,па да сопре порано :lol: Но еве кај мене не е така имам 23 години и сега многунагло ми порасна диоптерот имав -0,50 а сега имам -2 :|
     
  7. Saldana

    Saldana Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Носам очила веќе 6 години, носев и леќи на почетокот кога ми го одредија диоптерот ама поради цилиндарот ми одредија дека за мене најубави биле полутврдите леќи. Добрата работа е што ги купуваш еднаш и само си ги миеш, ама многу негативно е што нон стоп се полнат со воздух и се заморуваат очите. Сега знам дека има решение и за цилиндаров да можат да се носат меки леќи, па сакав да си земам, само сакам да најдам од оние еднодневните. Знаете ли дали ги има и каде можам да ги најдам и колку би ме чинеле од прилика?? Благодарам :)
     
  8. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    363
    Не сум во пубертет, нешто слично ко коритсаки, на 22 години нагло ми порасна на 2ка откако почнав да носам леќи, а пред тоа може 5-6 години постепено ми дојде до 1
     
  9. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Дали имате носено леки за 1 месец PURE VISION?

    Ако имате, како сте задоволни, која е цената и од кај ги купувате (каде се најефтини)?
    ФАЛА!
     
  10. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    K.e.ll.y и јас прв пат кога почнав да носам леќи нагло ми порасна диоптерот. Пишував погоре прочитај. Но мене леќите не ми одговараа, ми ги надразнуваа очите, ми солзеа, јас упорно ги носев (демек нели почеток е да се навикнам) и на крај закачив инфекција. И после тоа нагло ми порасна диоптерот, очниот лекар ми кажа дека од инфекцијата. Внимавај какви леќи ставаш т.е дали ти се прикладни.
     
  11. LmCd-love

    LmCd-love Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Dali moze da se nosat lekji ako ne mi e raspipan vidot ? :lol: :lol: :lol:
     
  12. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Ај препорачајте ми некој поевтин раствор за леќи. Јас користам Bausch & Lomb, ама скап ми е. Не ми се даваат 750 денари. И дали има леќи со диоптер, ама во боја?
    Можеш. Барај леќи без диоптер. Најверојатно сакаш и ти да носиш во боја :lol:
     
  13. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Имаш еден раствор во зегин за меки леќи, не ми текнува сега на името. Јас го користам, мене ми е супер. мислам беше 399 денари. Не ми текнува сега на името, кога ќе отидам дома ќе го видам и ќе ти пишам. Драстично е поевтин затоа што зегин бил дистрибутер за него, така ми имаат кажано.

    И да може да се носат леќи ако не е расипан видот. Ама јас да можам моиве би ги дала на некој и плус цел живот на мои трошок ќе му купувам, само јас да немам потреба од нив :) Обврска е и одговорност, не е едноставно, си има ризик. За мене леќи се медицинско помагало, како што е штака и протеза. Што значи дел од телото не работи самостојно како што е нормално, па ти треба помагало да функционираш. Но сепак индивидуално е, пробај си, можеби нема да имаш потешкотии.
     
    На Nati.P му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Прокулин раствор на Алкалоид во Еурофарм аптеките 315 денари 400мл.
     
    На Nati.P му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Ви благодарам девојки. А вие ги користите ли? Искуства? Мислам на тоа дали сте забележале нешто, пецкање, чешање, такви работи :) Колку милилитри се шишенцата? Ви благодарам уште еднаш :*
     
  16. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Nati ќе ти пишам вечер за името на течноста, инаку да јас само таа ја користам. На почетокот пробував со Bausch & Lomb и уште една не ми текнува името, ама не се издржува финансиски. Течност, па леќи на неколку месеци, па кај се наочари мораш да имаш, па стакла...еден куп пари за тоа. Шишето е она големото исто како големото шише од Bausch & Lomb
     
  17. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Ти благодарам irena.1 секако не ми е ептен итно, ама овие денови секако ќе мора да купувам. Инаку стварно не се издржува со B&L, скапо е навистина, така јас овие денови си ја штедам :D A и леќите ќе мора да ги менувам, еве минува 4тиот месец :lol: ќе морам да земам нови, ама пак ќе ги земам од кај мојата докторка. Првиот пат кога ги земав ми рече - овие првите се малку поскапи. Па наредниве ќе видам колку ќе бидат :lol: ако се исто 1200 денари, морам да барам некоја поевтина варијанта. Вака му доаѓа 2000 денари заедно со течноста :) што е многу многу е.
     
  18. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    OPTIC PRO ја имаш само во зегин, 360 мл. Ќе им кажеш течност за меки леќи, они знаат. Јас првиот пат ја купив со многу размислување.
     
  19. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    А како си задоволна од неа? И гледам погоре пиша дека шишето е големо како големото на B&L. Сакам да прашам, има и помали шишенца? Да си земам некое, за на пример кога ќе одам некаде да не го макнам големово.
     
  20. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Јас не гледам разлика помеѓу Оптик про и другите течности што претходно ги користев (меѓу кои и Б&Л), буквално ми е иста. Значи јас сум скроз задоволна и не ми прави разлика, ама пак се е индивидуално, ќе мораш еднаш да ја пробаш па да си осетиш. А дали има помали пакувања незнам, јас само тоа го користам. Прашај во зегин.
    (извини што после два дена ти одговарам на прашањево, ама се немав логирано воопшто)
     
    На Nati.P му/ѝ се допаѓа ова.