Девојки колку се леќите во боја , јас носам наочари веќе 6 години , но во некои прилики ги вадам , не ги сакам постојано ..па би сакала да пробам со леќи ..благодарам однапред :geek: :geek:
Девојки ми требаат очила за одмарање, од прилика колку пари се? Многу седам пред компјутер и после тоа мн ме болат очиве. Информиран е некој,колку се стаклата?
Последниот пат на очно ми ги препорачаа леќите на AIR OPTIX. Дали некој ги користел? Во споредба со Bausch&Lomb кои се подобри?
Здраво девојки чуствувам дека имам мал проблем со гледањето од далеку веке подолг период и решив и закажав на офталмолог во приваатната клиника медика плус дали има некој искуство со тамошните доктори ? Иначе работата со плави картони плакаш партиципација од 40-80 ден приватно е 1000 ден .Имаат мн гужва ми закажаа по една недела.Искуства?
Ја уште од почеток ги користам AIR OPTIX.. Убави ми се мене и досега не ми се случило лесно да се скинат ... Еднаш само ми се скина едната ама тоа од повреда на окото беше .. А за другите незнам не сум ги користела
Колку гдишно трошите за леќи и за течност, јас сакам следен пат наместо очила леќи да земам. Земате кои ќе ви препорачаат, кои се најефтина и најдобра варијанта.
Колку ве чинат годишно леќите?Мислам дека се поскапи од очила секако. Јас сум диоптер минус, па кажете какви да земам следен пат. На колку време се менуваат, и колку ќе ме чинат сосе течноста за нив. Има ли некоја поевтина варијанта, мислам поефтини леќи, затоа што не се разбирам. Да не ми тутне нешто докторката па да ме чини скапо.
Поефтина варијанта се леќите Soflex Dispo, јас ги користам веќе 4 месеци и воопшто не забележувам никаква разлика од предходните кои кои ги користев а беа дупло поскапи. Dispo се околу 3600, 6 пара леќи, за цела година.
Од второ или трето одделение сум со очила.Не сум помислила за леки пошто се плашам како ке ги одржувам и слично. А и со очилава лицето ми е подруго.Кулирам
Феминки, ме интересира дали откако лекарот ќе ми ги препише соодветните леќи можам да си купам какви сакам и од која оптика сакам? На пример еве, овие Soflex Dispo што ги напишала Dreamer, ми се видоа најефтина варијанта, па дали кога лекарот ќе ми го одреди диоптерот со него треба да преговарам која марка леќи да бидат, или тој го пишува само диоптерот а понатаму е по мој избор?
Unfaithful твој избор е какви леќи ке земеш и јас ги користам Диспото веќе повеќе од година дена,немам негативни критики,докторот само нека ти препише диоптер и со ливчето можеш во било која оптика да одбереш било кои леќи
Јас денес зедов леќи, а планирав уште лани да го направам тоа. Докторот ми рече додека се навикнам денес да ги носам малку, пример еден саат, утре два, задутре три и тн. Ги ставив пред повеќе од саат и некако не сакам да ги вадам . Ќе излегувам вечер па се мислев дали да ги оставам или да ги извадам? Некако многу убаво ми легнаа, уште од денес прв ден не ги чувствувам. Предлози? Да ги вадам да не си играм играчки, или?
Сепак извади ги, без разлика што не ги осеќаш Тоа е добар знак, дека ти легнале на очи, но подобро би било да ги извадиш, окото се' уште не ти е навикнато на леќа. Претпоставувам дека не се ист диоптер како наочарите, па и на тоа ќе ти треба време да се привикнеш. Знам дека едвај чекаш да излезеш со нив , сепак прв ден ти е, почекај малку. Извади ги и излези си на раат, па деновиве полека-полека ќе се навикнеш, и за брзо време ќе можеш да излегуваш со нив
Девојки, мене ми ги купија за поклон леките , без диоптер се(неам проблеми со видот) , но еве веќе еден месец ги носам и сеуште ми се гледа како малце матно, се трпи ама сепак , па ме интересира дали е нормално или незнам да не се погрешка со диоптер леките па да си ги расипам очите незнам
Марката на леќи си ја одбираш ти, меѓутоа како за почетник би ти препорачала да си почнеш со Air optics. Не оди на најефтината варијанта веднаш, затоа што сепак тоа е страно тело и најчесто овие леќи се земаат на почеток, бидејќи се поквалитетни од останатите и се поадаптабилни на окото со висока трансмисија на кислород. Јас сум со нив веќе 2,5 години и имам само пофални зборови. После една година од употреба на истите, пробав да ги заменам со поевтина варијанта(не се сеќавам од која фирма беа тие леќи), меѓутоа моите очи многу лошо реагираа на нив, па пак си се вратив на Air optics-от. Ова ти е само совет и искуство, ти сепак си одлучуваш на крајот.
Веќе 3 месеци ги носам PURE VISION леќите за 1 месец. Јас ги купувам 400 денари за 1 леќа за 1 око. Ги има некаде поефтини во Скопје? Ако некој ги нарачува од странство ПЛС пратете ми линк од каде ги нарачувате. ФАЛА!
јас би ти рекла да носиш очила пошто кога сакаш можеш да ги извадиш,а леќите се потешки за одржување и треба да си премногу внимателна со нив.Еве ја носам очила од коа знам за себе па не сум ни помислила за леќи