Немам потреба од очила за гледање, но сепак ми изгледаат убаво. На многу луѓе очилата им пречат...јас на нив гледам како аксесоар- дополнување на изгледот. Пред некој месец дури дојдов до идеа да си земам очила, но со стакла без диоптер....многу сакав да носам . Но, нели секој си има свое размислување, за некој носењето очила е комплекс Се е во ред и со леќите, но со нив си доаѓаат и поголеми обврски. Сепак кога би имала потреба од леќи би земала во иста боја со моите очи ( не како некои кои земаат зелени, плави- што искрено ми изгледа многу лошо)
^ ФБИ, убави си се очилата.... на тој што му стојат. Мене пример ич не ми стојат Само да знаеш каква сум смешна со нив
Имам различен диоптер, на едното око 3 на другото 3.5! Носам наочари од 3 години! Навикнав на нив. Негде на 5-6 години ми дадоа леќи, меки, но не ги носев. Значи леќа немам носено ни еден ден! Докторкава каде што одам инсистираше на леќи од мојата 14та година. И на последниот преглед (во јануари беше) и побарав леќи. Ми стави пробни, ме прегледа и на крај ми рече дека ако ги земам само ќе се мачам со нив. Остана на тоа да продолжам со наочарите. Но, се консултирав со стрина ми, која е исто така офталмолог и таа рече дека со леќи би придонесле да не се зголемува диоптерот а со тек на време видот ќе се подобрел. Јас искрено сакам леќи и малку се разочарав кога докторката ми рече дека сега за сега не ми дава леќи. Не знам дали на следниот преглед да инсистирам за леќи или не?! Инаку имам страбизам и нистагнус! Разговарав со доктор од турска очна клиника, но тој ми рече дека за операција е рано. Ваш совет: како да постапам?
Да си ги носиш очилата. Носам очила од 7 години, сега имам речиси 22 год. Земав леќи на 14 години ,а престанав да ги носам на 19. Сега се каам што воопшто почнав да ги носам. Да не требало нема да ги носам. Очилата м стојат совршено, а и денес има секакви очила, можеш било каков оквир да избереш. Е ти текнува на времето крукчиња кога носевме, плус тоа со цветчиња, ај сега да ги носевме барем винтиџ ќе бевме
Имам различен диоптер на двете очи2,25 со 3,75 и + на левото и цилиндар од последната контрола, диоптерот на едното око ми е намален за 0,50, а на другото зголемен за истата вредност. Офталмологот кај што одам топло ми препорача да си земам леќи и сега сум во голема недоумица што да правам. Очила ми стојат мн добро и навистина не ми сметаат, а за леќите не сум сигурна дали ќе можам да ги носам(да не ми сметаат). Ајде вие со искуство кажете што е подобро
WhiteAngel мене ми препорачаа леќи баш заради тоа што го имаш наведено, да не ми расте диоптерот. Веќе 5 години носам леќи, и нависитна не ми расте диоптерот, ама не ми се ни намалува. Во последно време се почесто си ги носам наочарите, некако ме нервираат ритуалите со леќите, а и попрактични ми се наочарите. Мој совет е да си се држиш до наочарите. Не треба да се опседуваш со хигиената и да внимаваш толку како со леќите. Сепак изборот е твој.
Јас искрено сакам да пробам со леќи. Знам дека е тешко за одржување, ама сакам да видам како е. Не сум сигурна дека ќе ми помогнат во подобрување на видот и намалување на диоптерот, ама сепак би пробала. Прочитав на форумов доста негативни искуства со леќите и тоа ме натера да станам поупорна и повеќе да инсистирам (чудно, но љубопитност е тоа ). На следната конторла, која најверојатно ќе биде во јуни ќе барам леќи од докторката. Се надевам дека нема да се разочарам и дека нема да ми бидат голем проблем за ставање и ваѓање, а и се надевам дека нема повторно да не ми дава. Ќе ми биде жал да си ги оставам наочариве, сепак убавки ми се, а и убаво ми стојат (хехех), иако мислам дека ќе им се вратам за некое време, но сепак...ајде да видам колку се страшни леќите...уууу хиихихи Па ќе ви пишам за искусвата!!(се надевам ќе бидат позитивни)
И јас носам наочари, едното ми е -0,50 а другото -0,75. Носам наочари од почетокот на октомври, и сакав да прашам.. Неколку пати кога одам на очен лекар, лекарката ми вика дека од наочарите никако неможел да се поправи видот, туку служеле само за поубаво да гледаме. Иначе нон-стоп ги носам, никогаш не ги видам, единствено за бањање и спиење. Патем и моите се за против тоа комјутер зрачењата незнам точно како се вика. Па сакав да прашам, дали е вистина дека неможе никако да се намали диоптерот со носење наочари? И да, до сега фала Богу не ми се зголемил диоптерот со наочарите, ми се погодија, мене не ми сметаат, веќе и се навикнав, сметам дека и со наочари поубаво изгледам, кога ќе се видам пред огледало без наочари, чудна сум си. Но, некогаш многу ми се замаглуваат.
Диоптерот неможе да се намали со носење наочари или леќи. Леќите се подобри според мене затоа што диоптерот си останува ист, нема некои големи покачувања. Наочари почнав да носам на 6 години, почнав со мал диоптер,и постојано ми се зголемуваше. На 13 години ми стигна до - 5, па решив да ја сменам докторката и да побарам леќи. И еве веќе 10 години носам леќи а диоптерот фала богу ми остана ист. А за целосно поправање на видот само ласерска операција помага
Дефинитивно наочари :geek: Леќите се тешки за оддржување,треба многу хигиена и нерви-посебно на почетокот За оние кои не претставува комплекс носењето наочари,воопшто нека не се замараат со леќи... Јас од лично искуство кажувам дека леќите се премногу тешки за оддржување. На почеток па дури да се навикнеш како се ставаат ,како се вадат,маки се трга со нив . Потоа друга негативност им е тоа што ако подолго време се носат во денот пецкаат очите ,те чешааат и ти доаѓа веднаш да ги извадеш . Но во секое време немаш можност и услови да го направиш тоа. Па ако дува ветер можи прашинка да ти влезе во окото,или не дај боже да се изрони маскарата или трепка да ти падни, и ете ти друга беља ќе почни да ти солзи и окото ќе се зацрвени. Е сега во врска со хигиената, треба да се чуваат во кутивче со посебен раствор,и при секое ставање да се плакнат со дестилирана вода.Додека пак при вадење треба да се чистат со растворот со кружни движења и да се стават во кутивчето со нов раствор.Кутивчето треба да се стерилизира на две недели...При секое ставање на леќите рацете треба да се измиени со сапун и суви.На почетокот дури да се навикниш како се ставаат/вадат до тебе мора да си имаш огледалце ,крпа и салфети за во случај да падни леќата и да треба од почеток да се повтори постапката за чистење на леќите... Тоа е целата мачна историја за леќите. Иако има луѓе за кој леќите не претставуваат никакви тешкотии,ама тоа се исклучоци
Епа еве и една стар леќашка, како што ми вели мојот офтамолог. Јас носам леки од 17 години, а сега имам 33, значи пола живот. И Ви велам, цела среќа што ги измислиле. Предности: 1.Го спречуваат галопирачкиот раст на дијоптријата особено кај млади пациенти, кај кој сеуште трае процесот на акомодација на очите, што е и најважна нивна предност; 2. Видното поле е пошироко, гледате и одстрана подеднакво како и напред, што не случај кај очилата; 3. Воопшто не се скапи а и течностите веќе не се скапи, има конкуренција од брендови, па цените се ниски; 4. Од мое искуство, Ви велам воопшто не се тешки за одржување а милион пати естески поубаво му личат на секој пациент; 5. Големо олеснување кај високи диоптрии, и различни диоптрии на двете очи. Недостатоци: Искрено нема. Освен ако немате медицински контраиндикации да неможете да носите сочива, а не ве лажата докторот и родителите некогаш кога Ви велат дека токму Вам не Ви одговара ниту еден вид контакни леќи. А ги има меки, полутврди и тврди. Може да стварно неможете да носите никакви, тогаш немате избор, ќе морате да го корегираате видот исклучиво и само со диоптерски очила. Заклучок: сите кој имате посебно, висока и диоптрија кој расне, задолжително да си набавите и леќи покрај и очила. Оние со низок диоптер 0,5 или 0,75 нормално дека не Ви требаат леќи, Вие ако немате комплекс од носење очила, држете си се само до нив. И онака кога нема да сакате да ги носите од естетски причини, можете да си дозволите да ги извадите. Поздравче, Андријана
За ова си потполно во право, иако јас имам мал диоптер, но кога носам наочари (слични како на сликава, таква форма) доколку погледнам горе и доле (од далеку) си гледам матно, морам цела глава да ја кревам или спуштам.. Незнам дали добро објаснив.. :geek:
Потполно те сватив. Јас носам леќи преку ден, и преубаво ми е. Господ да го благослови тој што ги измислил )))
Да те прашам каков тип на леќи носиш? Јас носам полутврди со диоптер -5.50 (по препорака на офталмолог нормално), ме интересира кои се подобри. Сакам да земам леќи во боја ама во тој случај треба да ги заменам за меки. Е сега дали е тоа изводливо, да не треба да се извршат некои прегледи и слично. Имаш повеќе искуство па можеби знаеш
Животот е поубав откако носат леќи,сите проблеми околу нивното одржување е само првата недела дур да се навикнеш, после е песна. На сите кои што се двоумат топло им препорачувам носење леќи,можеби е малку поскапа варијанта, но е 1000% исплатлива
Баш денес си ги зедов леќите и воопшто немам никаков проблем за ставањето, малку ми е потешко за вадење ама ќе се навикам, инаку имам диоптер -0,50 и носев наочари 6 месеци ама ги носев само за по дома и за возење. Кога отидов на преглед ми рекоа дека диоптерот на десното око ми е зголемен и сега ми е - 0,75, па бидејќи не сакам да излегувам во јавност со наочари одлучив да си земам леќи па ќе видам како ќе биде. Читам дека го спречувале зголемувањето на диоптерот па се надевам дека ќе ми помогнат ако не може да се намали барем да се спречи зголемување на диоптерот. Ако му помогнале на некој нека пише. Поздрав
Да се намали не може, но може да се спречи зголемувањето. Од кога почнав да носам леќи (претходно носев наочари и имав покачување на диоптерот) диоптерот не ми е покачен,еве веќе 10 години ги носам
Јас носам наочари од октомври. (спомнав погоре мислам) И не ми е зголемен диоптерот.. И страв ми е да си ставам леќи.. Зошто се е можно, можеби ќе ми се зголеми.. Подобро да не си фантазирам многу, и онака не ми е голем диоптерот.