Да ама страв ми е дека ако се качува диоптерот ќе носам за неколку год дебели стакла како стакло на прозорец. А леќите не се забележуваат. Поубаво изгледам и помладо без очила, барем јас така мислам.
искрено како сакаш можеби е лесно да се користат али некако посигурно ми е со очила мене,иглеа дека неможам да се одделам од нив.
На почетокот кога почнав да носам очила имав диоптер -1, па за месец-два се зголеми на -1,5 (очилата останаа со диоптер -1, а купив леќи со -1,5) и еве сега на почетокот на шестиот месец како што користам леќи забележувам дека некои натписи што се подалеку ги гледам поматно со леќите, а со очилата воопшто не можам да читам ситни букви кога гледам телевизија. На 21ви сум на контрола и ќе видам што ќе ми кажат иако докторката ми има напоменето дека е нормално во овој период до отприлика 18 години диоптерот да се зголемува. До кога ќе расте вака и дали знаете до кој диоптер можат да се носат леќи?
Мислам дека најважно и најкритично во врска со зголемувањето на диоптерот се периодите од пубертетските години, па сè до осумнаесеттата. Ако во тој временски интервал диоптерот стагнира, веројатноста да не се смени е нешто поголема, ама не мора да биде и пресуден фактор. Значи нормално е и да стагнира и да се менува. А за другото - не би знаела да ти одговорам навистина.
Не мора да значи дека ти е зголемен диоптерот. Еве и јас носам леќи и од време на време ми се сушат очите, најчесто кога ги носам по цел ден, и ми се случува истото. Ми се заматуваат подалечните предмети и не ги гледам чисто. Почекај види што ќе ти каже докторката, ако не ти е зголемен диоптерот, односно ако тоа ти е предизвикано од сушење на очите ќе си земеш вештачки солзи.
Не се леќите толку страшна работа како што некои мислат,можеби на почетокот ќе ти биде малку чудно ама за недела најмногу две ќе ги усовршиш и нема да имаш проблем и секако ќе пазиш на хигиената.
Дали некој ги користел леќите BAUSCH & LOMB soflens 59 Ми ги испофалија содржеле доста вода, и во оптиката и другарка ми. Па денес купив еден пар да ги пробам. Јас инаку имам проблем ми се сушат очите, па леќите почнуваат да ме гребат и затоа неможам по цел ден да ги носам. Па сега овие, затоа што содржат повеќе вода ме убедија дека подобро ќе ги поднесувам, па ај да видиме.
Јас ги користам тие леќи и сум презадоволна. Треба да се менуваат на 2 месеци, ама јас ги терам и подолго. Единствен проблем ми е наоѓањето оптика каде ќе можам да си купам еден пар, затоа што вообичаено ги продаваат 6 пара заедно. А јас бидејќи носам различен диоптер, треба 12 пара да купам. Татко ми го прошета цел град за да најде некоја оптика што продава на парче и најде една во Карпош (само не знам точно каде, ако сакаш можам да го прашам па да ти дадам точна информација).
О па и јас имам различен диоптер, аууу тоа многу трошок наеднаш ќе ми дојде ако треба за двете очи да купувам 2 кутии леќи. Ќе прашам јас, ама ако имаш информација која е оптиката пиши да знаеме каде да ја најдеме.
Оптиката се наоѓа после Букурешка клиника, од истата страна во втората зграда. Ако знаеш каде е Фото Јасмина, тука отспротива, неколку дуќани подолу е и оптиката. Се наоѓа на ќош од зградата. Ама стварно не знам како се вика, ниту чувам фискална за да прочитам
Јас купив само еден пар, значи две леќи, за да ги пробам дека прв пат, различен диоптер ми се. Ги купив во ГТЦ на прв спрат, оптиката гледа накај кафичите. Не ми текнува на името. Значи таму е оптика орбис ама не во неа (во неа не ми дадоа на парче, ми рекоа морам кутија), а оваа оптика е одма да неа, 600 ден пар.
Девојки, сакам да си ставам леќи па ме интересира како им се движат цените и на колку време се менуваат..?
Јас носам леќи подолго време...Поквалитетните леки цената му варира од 2000 до 2500 денари.. Ако купиш квалитетни леки и да ги одржуваш како што треба ке истуркаш со еден пар и година... Јас пример користам леќи што се менуваат за 3 месеци но ги носам по 5-6,но нонстоп треба да се менува течноста и секој месец да се става апче за прочистување на протеините...
@HipHopDance Со еден пар не верувам дека можеш толку да издржиш, колку и да се скапи. Сите леќи го имаат истиот квалитет, еден пар го носиш 2 месеца. После тоа леќата сама по себе не е штетна за окото но диоптерот ослабува така да по некое време ќе ти дојде исто како да не ги носиш. И мене не ми се даваат по 1000 и кусур денари цело време за толку краток период, ама за здравје не се штеди.
Сакав да прашам. Јас имам диоптер на едното око 0.50 а на другото 0.75 Ама треба да носам сепак наочари нели.. Мене ми дадода, ама ги носам само дома, надвор не. Не се свиѓам ете.. Сакав да земам леќи.. Ама дали мора да поминат 6 месеци? Јас наочари носам 2/3 месеци и не ги сакам воопшто.. Дали може да ставам леќи или нема да ми даваат?
Зошто да поминат 6 месеци? Јас уште првиот пат кога ми одредија диоптер, прашав дали можам да носам леќи и докторката ми рече дека можам. Само треба да ти се навикне окото на леќата. Некои немаат проблеми со тоа (на пример сестра ми), ама мене ете ми требаше некоја недела за да се навикнам на нив. Што се однесува до трајноста не леќите - јас сум повеќе за оние леќи што се менуваат на 2-3 месеци. Една година некако ми е премногу. За една година може да се оштети леќата предвреме, може и не дај Боже да се зголеми диоптерот, па да пропаднат парите. А таквите леќи не се баш ефтини.
Доколку треба да носам јас ќе одберам очила,сите знаеме леќите колку се специфични за одржување а во мојов брз живот немам време за нив..