Собрав храброст му кажав...ме подржаја мојте ми дадоја наочарчиња да ги носам 2 месеци и утре сум на контрола баш ми олесна уффф фала ти многу
Дали некој нарачал леќи од „Кабинет за очни леќи во Букурешт “ ? Ако може некој што земал од таму , дали сте задоволни и за колку време ги добивте ? Поздрав
100% леќите се подобри од очилата, бидејќи леќите се на самото око и окото мисли дека гледа совршено и видот ви се подобрува
Help please При вадењето леќата ми се свитка на пола и се залепи. Пробав да ја вратам у нормална положба ама никако не можам да ја одлепам... Дали некој има решение за овој проблем? Нови ми се леќиве, ни 2 дена не се носени, не е фер да морам да купувам нови
Стави и од течноста за леќи и така пробај да ја одлепиш. Внимавај да не ја оставиш да се исуши, затоа што после нема корист од неа, ќе мораш да ја фрлиш.
Пробав така, ама не се одлепува. Ја оставив сега да отстои во течноста во кутивчето па вечер па ќе пробам... Ако не бива, утре ја носам во оптиката кај што ги земав па они нека одлепуваат
Еве и јас да пишам повторно на темава. Моменатлно носам очила диоптер 2 , ги носам веке 5 месеци , и без наочариве неможам никаде да одам се навикнав на нив Сега се мислам за леќи да си ставам но незнам подобро е да почекам малку бидејки имам мало дете дома па лесно може да ги изгубам. Догодина ке ставам Инаку сакам да прашам дали ако земам леќи со диоптер може да ми ги направат и во боја на пр. зелена или сина?
Мене окото не ми прима леќи па затоа само очила носам али размислувам за операција во клиника Маја во Ниш.
Koritsaki, не се секирај, не се губат лесно, посебно малото дете не би било причина Сестра ми има 2 деца, носи леќи 10 години (исто и јас) и немала таков проблем. Ако се изгуби, може да биде ради било која причина, јас немам деца, па изгубив една леќа зимоска Сестра ми дури имаше и „проблем“ со внук ми (т.е. сите имавме ) , кога беше бебе нон стоп на сите ни ги вадеше наочарите И не само неа, туку и мене, и на баба му, и на сите кои ќе дојдеа со наочари До ден денес не не' сака мене и сестра ми со наочари (по дома носиме наочари) и не' тера леќи да ставиме по дома Убава и практична работа се. Кога ќе решиш да ставиш леќи, ќе одиш прво кај офталмологот да види кој тип на леќи ти одговара на окото, и секако диоптерот. За боја можеш да си земеш која сакаш, заедно со диоптерот. Мене лично многу ми е подобро со леќи, никако не се навикнав на наочарите.
Наочари носам веќе 12 години ако не и повеќе. Едноставно не ми сметаа и немав потреба од леќи ама ете минатата година сакав да ја пробам и таа опција, да видам како е. Презадоволна сум од леќите Air Оptix и не би ги сменила за ништо. Ниту еднаш не ми биле иритирани очите а сум ги носела и повеќе од 2 месеци без проблем. Прво користев Solo Care течност и супер ми беше ама последниот пат кога купував аптекарката ми ја предложи на Proculin дека многу им се трошела па решив да ја пробам и не зажалив, супер е а цената е пола од таа на Solo Care што е уште еден плус. Сега си носам дома наочари а леќи надвор и супер ми е.
^ Баш сакав да прашам за Air Optix леќите, дали сте задоволни. Јас не сум ги користела, ама денес купив купон со попуст од Групер, па таму се ставени на листа. Има понуда SoloCare течност за леќи + пар леќи за 750 ден. Уште е активна понудата, еве линк ако сакате да си купите. Инаку, се јавив вчера во оптиката, ми рекоа дека понудата важи и за леќи со различен диоптер
Јас носам наочари од април 2012 и ги носев првите 6 месеци, па после ги оставив негде и ги изгубив. Купив нови наочари пред една недела, но чувствувам дека тој диоптер ми е мал (0.50 ми е/беше). Докторката ми рече дека долго време не сум носела наочари,па требало време да се навикнеле очите и ми рече за 6 месеци пак да отидам. Ама што ќе правам ако не се "поправат" очите за тоа време? Па веќе не гледам ништо подалеку од 1 м. Да отидам пак за некоја недела ако не се поправат?
Јас имам полутврди леќи, ама пред некое лето имав потреба од меки па земав само за еден месец. Беа Аir Optix и јас бев навистина задоволна, иако преминав од полутврди на меки леќи немав никакви проблеми (од типот ми се скина леќата). Баш ја видови пред некој ден понудава на Групер и планирам да си земам едни, за резерва, за таа цена премија.
Голема е веројатноста да ти се зголемил диоптерот, мене истото ми се случи кога не ги носев често наочарите. Од -0,5 преминав на -0,75 и -1. Сама почувствував дека наочарите не ми помагаат толку, отидов на преглед и ми одредија нов диоптер. 6 месеци се многу, ако чувствуваш потреба од поголем диоптер - обавезно оди на преглед. Не знам дали си направила преглед сега кога си била кај докторката, ама направи еден целосен.
Пред некој ден на додека полагав, приметив дека ми е зголемен диптерот. Редовно ги носам наочарите освен кога излегувам. Меѓутоа 2 ипол години не сум била на контрола Последниве 6 месеци викам ке одам се денеска утре... и деновите така си проаѓаат. Во мегувреме обврски. Вчера дури се свестив кога една колешка сакаше да ми помогне едно прашање да го препишам, а јас со наочари неможев да го прочитам! Ве молам дајте препорачајте ми добар очен лекар во Скопјево, што е можно побрзо да одам. (ако не ви е тешко во ЛП) А 0.50 и 075 ми беше диоптерот за од далеку, којзнае колку ми е влошен диоптерот моментално...
Јас после 2 год отидов и немам промена на диоптер, едното е солидно, ама десното многу слабо. Мислев леќи ќе ми даде, ама не ми смени диоптер, туку ми рече на контрола за 6 месеци да одам и ми даде предлог за ласерско отстранување на диоптрија и тоа надвор да видам на интернет, бидејќи за во ск не гарантирала и спомна дека чини 1000 евра. Според неа после тоа нема да ми требаат ни леќи ни очила, ама мене ми е страв сепак операција е , јас имам 27 год, очите не се за играње. Совет?Ви предложиле ли нешто вакво?Јас планирам да одам кај друг лекар да видам што ќе ми каже тој, приватен еден, па крајно ќе се решам на операција ама не знам колку е сигурно.
Јас одам во Железничар, таму сестра ми со години оди, па и јас покрај неа. Не знам како ми се вика докторката, гледам на сајтот дека има две, едната се вика Маријана, другата Мирјана. Ако оди и некој друг од форумов во Железничар, нека пише искуство. Јас сум задоволна
Ај помош. Бев на друг очен лекар приватно што работи. Диоптерот ми испадна помал од тоа што ми кажаа во СК и ми даде очила со стакло што се затемнува, со антирефлекс, ама во меѓувреме треба да одам да пробувам леќи да ми ставаат. Е сега што ќе ми се очилата ако се навикнам на леќите? Дали леќите штитат од здрачење од компјутер? И во меѓувреме треба да одам на третмани каде што ќе ме уклучува на струја и со тоа може да се намали диоптерот, а мое и не. Изгор скапо е, ама морам, се ќе пробам вид е во прашање. Кажете ми елќите дали штитат од зрачење од компјутер и го оддржуваат ли диоптерот. Ќе си фрлам пари по прегледи и тракатанци, а на крај може и нема да има подобрување. Инаку докторот само преглед зема 1000.
А зрачење од компјутер?Тука леќите дали помагаат?И сакав да прашам ако се со ист диоптер и наочарите и леќите, дали смеам истовремено и двете да ги носам.