Не знам за останатите, ама од мое искуство, после многучасовно носење на леќите окото ми се замара. И на пример ако седнам да читам, под определен агол ми се заматува видот, па пофино ми е да читам без леќи. Освен тоа, колку и да се квалитетни леќите, не можат толку добро да ти ги заштитат очите од зрачењето на компјутерот, како антирефлексни стакла на наочарите. Јас со леќи пред компјутер никогаш не седнувам. Никако двете заедно! Заборавив да прашам - носел ли некој леќи за време на спиење? Пред некој ден си ги земав овие што ги купив од Групер, пишува дека можат да се носат 6 ноќи по ред, ама при спиење никогаш немам носено леќи. Не дека дома би ги носела, ама практични се ако човек оди на долг пат. Само што, некако страв ми е...
Теоретски може, ама јас по дома не би ги носела. Пред некоја година кога земав меки со намена, бевме на долго патување со спиење во шатори и чуда и таму спиев со нив. Сабајле прво малку ќе ти биде матно, додека да се исплакни окото ама после немаш галје. Иако пишува може цело време, кога имаш услови за вадење на леќите извади ги. Самото окото така ти се одмара и хидрира.
Јас за низ дома редовно си носам наочари еве скоро 4 години пошто имам диоптер -1.75 и неможам без нив.. Последниве 2 години ставам леќи кога излегувам..користам од тие меки за по 3 месеци употреба што се... одпрво ми беше убаво се.. ама во последно време по 3-4 часа носење више почнуваат очите да ме чешаат како да ме боцка нешто, многу ми се замараат очите не ми е убаво и мора да ги извадам леќите. Што може да биде!? Дали да ставам и капки за очи,какви ? Досега немам користено капки.. А нови ми се леќите пред 2 недели ги купив од кај докторката ги земам секогаш.. не ми се ни скинати, ни скршени
Јас ова сум го чула од 3-4 офталмолози кај кои сум била. Всушност, се препорачува да се почне со леќи откако ќе заврши пубертетот (нели тогаш најмногу расте диоптерот). На времето кога почнав да носам леќи (имав 22 години) така ми кажуваше докторката. Можно е секако и понатаму да расте диоптерот, само тоа поретко се случува. Те читав погоре за леќите и наочарите, дека не ти се потребни наочари ако носиш леќи. Јас би ти препорачала да си ги земеш и двете. Најубаво е додека си дома да носиш наочари, ако на работа и низ град носиш леќи. Иако има леќи кои можеш да ги носиш нон-стоп, во секој случај се препорачува да се извадат леќите ако ништо друго барем навечер, да не спиеш со нив. Мора да ти дише окото. Јас вака правам повеќе од 10 години и супер ми е. Е сега, како за почетна инвестиција би можело и повеќе да те чини леќи, течност и наочари одеднаш. Mожеш и прво наочари да си земеш, па за месец-два леќи. А прво да земеш леќи, а наочари подоцна-не би ти препорачала, заради она што го пишав погоре.
Може е малце глупаво прашањево ама ме интересира.. Знам дека после 18 диоптерот може да се зголеми.. Ама дали во тинејџерските години може?
Се потрошив повеќе јас. Нарачав очила со диоптер, антирефлењкс и фотогреј. Тие ми излегоа накај 8000, плус приватно преглед 950 ден, сега леќи пробно носам, супер се, не би ги тргнала. Штом ќе научам да ги ставам и вадам одма ќе ми ги препишат. И плус уште едни наочари само со антирефлекс ќе земам. Старв ми е многу. Дај боже да не расте веќе диоптеротр, бидејќи едното ми е -5, а другото -2.5. Ама чудно глава не ме болело никогаш од очите. Ќе се испотрошам, ама по 7 саати во денот на работа поминувам пред компјутер. Пари пак ќе си заработам, ама видот не се враќа така лесно. Инаку на мајка ми сме метнати, од нејзина страна се со слаб вид, наследно.
Носев леќи повеке месеци и сега кога последен пат отидов на преглед после 1 година и неколку месеци немав промени во диоптерот...а порано додека бев само на наочари диоптерот постојано ми се зголемуваше и тоа за брзо време. Инаку да ве прашам штетно ли е со леќи да работиш на компјутер?
Си треба антирелфекс стакло. Јас порачав такви очила за да ги носам со леќи комбинирано. Се надевам дека нема да ми расте диоптерот со леќи, инаку и мене за неколку години на едното око ми се дуплирал диоптерот. АКо бил -2,5 сега е -4.5. Лошо, мислам дека работата пред компјутер по 5-6 саати, па и повеќе некогаш на ден, ми го упропасти видот.
Јас почнав да носам леќи, вчера ги земав. 45 минути ги ставав и 50 минути ваѓање Вие тие што сте со леќи, како се научивте да ги ставате? Зошто толку е тешко, се само се плашам? никако да се навикнам И уште нешто, забележав дека во тие кутиите каде ги чувам леќите со водата, има мали раски, треба да ги истурам и постојано да ја менувам водата ?
^ Не се грижи, со само малку пракса ќе се навикнеш и ќе ги ставаш за помалку од две минути. Мене на почетокот ми беше полесно да ги ставам, а многу тешко за да ги извадам. Се мачев цело време, трепкав и се нервирав. Сега па обратно, кога ги ставам можно е да не ми успее од прва, па да пробам пак и слично, додека пак кога ги вадам немам воопшто никаков проблем. Инаку окулу второто прашање, веројатно мислиш на течноста во која се чуваат леќите. Пожелно е да ја менуваш доколку не ги носиш леќите често, на пример секој ден, ма да не е и неопходно. Доколку ти е добро затворено кутивчето во кое што ги чуваш не би требало да има никаков проблем.
Утре сакам да одам на преглед и да земам леќи. Ако сака некој со искуство да ми каже за одржувањето на леќите во водичката, колку често треба да се менува. Исто ме интересира што правите на плажа, дали се капите со нив, бидејќи сигурно не треба да се наквасат со таа нечиста вода.
Јас сега зедов, пред два дена.. За на плажа не смее да се носи, не смее да се капи, дека може да ти паднат или да добиеш инфекција на окото. Треба многу хигиена, јас милев многу ќе е лесно ама напорно е.. водата и јас незнам кога треба да се менува, валда ќе одговори некој тука.. Читав по форуми некои пишуваше на секои два дена, ама незнам точно.. Само многу е тешко ставање, ваѓање полесно ми беше. Е сега зависи. Ти може од прва ќе ги ставиш, мене многу ми е страв нешто кога ќе ми се доближува во око, па ми треба цел саат додека ги ставам, се надевам дека е почеток па ќе се навикнам натака
Ќе се навикниме кога тогаш за ставање и ваѓање, битно да не му смета на окото. А за на плажа треба или да не се капе или да се седи така без леќи лошо
На плажа така ако одиш можеш, ама во вода да се капиш не ти препорачувам. Мене и докторката ми кажа да не одам, сепак не е чиста водата, а и може да ти паднат..
Баш истово прашање мислам дека го имам поставено погоре во темава. Можеш да ги носиш, но треба да бидеш многу внимателна да не ти влезе вода. Сепак како што кажа водата е нечиста, плус додека си под вода не треба да ги отвараш очите затоа што постои можност да ти падне леќата.
Малце е незгодно одењево на плажа . А бидејќи не може хигиенски да се извадат и стават на плажа (нема кај да ги измиеш убаво рацете) треба да се бира: дали сакаш да гледаш убаво и да се сончаш со леќи, или да не гледаш и да се капиш без нив
јас носам леќи веќе 8 години и секогаш сум одела на плажа со леќи. Голем ми е диоптерот и неможам без леќите, а со наочари па у вода некако не ми иде. Така да со леќи си одам и после одмор обавезно ги фрлам и ставам нови пошто се партал од водата, особено од море, а за базен да не правиме муабет. Носете си на плажа од течноста и после капење само ќе си ги испакнете очите и тоа е тоа