Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Контактни леќи или очила?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од OrdinaryGirl, 26 јуни 2010.

  1. fashionbaby

    fashionbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    244
    Јас носам наочари веќе 1 година и да ви кажам многу ми е страв пошто цело време ми расте диоптерот,прво ми беше 0.50 со 0.75,па послем 1 со 1.25 и сега ми е 1.25 со 1.50...
    Кога бев на контрола последниот пат прашав за леќи(пошо не си ги сакам нааочарите и не ми стојат убаво,дурги кога излегувам не ги носам и едвај гледам :@ )а докторката ми рече дека било опасно и дека сум можела да си го изгребам окото со само еден погрешен потег..... Имам 14 години и немам долги нокти,незнам зошто така ми кажаа :| :| :|
     
  2. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.319
    Пол:
    Женски
    Да и јас знам за тоа дека со наочари диоптерот растес јас имам 11(за неполни 2 месеци 12) и диоптерот ми е 3.85 и многу се плашам дека ќе ми расте многу повеќе и јас сакам леќи ама се плашам од ставањето вадењето бидејќи имам мали очи па ајде некој нека ни објасни поубаво!
     
  3. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Носам наочари од мојата 11 година значи скоро 15 години носам наочари и ми се смачи некако :( Ај и јас си викам да појдам да си земам леќи. Вчера бев на очно и диоптерот ми беше -2.25 скоро 7 години и откако се вработив пред две години на компјутер дека седам (работата таква ми е), ми се зголемил -3.25, за ЖАЛ. :( Е сега и мене тоа ме плаши, ставањето и вадењето на леќите. Може се е тоа само навика што знам. Бев во офталмологија Систина на преглед вчера и таму прашав за леќи и ми рекоа дека имало од по 2000 денари меки леќи месечни без цилиндер се толку 2000 денари, бидејќи јас имам мал цилиндер д-р ми рече не ми требаат леќи со цилиндер. Со цилиндер поскапи биле леќите. Е сега тие оделе три пара леќи, еден пар леќи да се носеле само еден месец и да се фрлат, што значи три пара за 2000 и така некако не ми се виде многу скапо. Дајте девојки вие што носите леќи препорачајте некои леќи од негде да видиме да разгледаме ние што сакаме леќи да носиме. Поздрав ! :hai:
     
  4. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    А можат да ми испаднат?
     
  5. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Еве јас почнав да носам леќи пред неколку дена, па да ви кажам што како. Носев наочари околу 2 години, почнав со -0.50, ама бидејќи наочарите ги носев многу ретко, речиси ич затоа што не си се осеќав убаво, а и не можев да се навикнам на нив, па ги заборавав цело време, диоптерот ми се покачи на -1, па потоа и на -1.50. Бидејќи свесна бев сама дека не можам со наочари и видот само ќе ми се влошува, се решив да почнам со леќи. Леќите бидејќи се на самото око, диоптријата е помала за -0.25.
    Иако бара многу хигиена и не е толку едноставно, подобро е да почнете со леќи затоа што со нив видот не може да ви се влоши, туку напротив ќе го спречи растењето на диоптерот, па дури може и да го намали.
    Повеќето ќе ви кажат дека ако диоптерот ви е - нема шанси да се поправи освен со ласерска операција, но еве моја другарка стигна до диоптер -5, започна да носи леќи и по некое време се намали на -4.75.

    Инаку, ги купив Dispo, 3 пара леќи кои траат по 1 месец за 1800 денари.
    Е сега, тие траат 1 месец и по правило треба толку време да ги носите. По истекот на тој еден месец вие убаво ќе гледате со истите леќи, нема да ви пречат, но самата леќа полека почнува да се распаѓа и да му штети на окото, така да подобро одма менувајте ги отколку да ја зафркнете работата уште толку.
    Никако не смеете да преспивате со нив и да се бањате. Мора да внимавате на хигиената, секогаш пред да ги ставите леќите убаво измијте ги рацете, ноктите нека ви бидат што пократки и чисти. И прво се ставаат леќите, па потоа шминката, и прво се вади шминката а потоа леќите.
    Треба да знаете дека ако се решите да носите леќи, треба да имате и наочари, така што ќе комбинирате, за излегување ќе ги носите леќите, а за дома пред телевизор или компјутер наочарите затоа што се суши окото.
    Ставањето и вадењето на леќите на почетокот е малку комплицирано, јас лично првиот пат ги ставав цели 50 минути, но откако ќе ја научите "финтата", преоѓа во навика. Еве јас вториот пат успеав да ги ставам за помалку од 10 минути.
    Препорачливо е леќите да ги носите дневно максимум до 8 часа, а потоа да ги оставите во кутивчето со водичка. Редовно чистете ги леќите со нова вода. Јас ја купив Optic Pro и чинеше околу 400 денари.
    Исто така треба да купите и вештачки солзи, затоа што окото ќе ви се суши додека се навикне на леќите.

    Доколку не сте сигурни дали леќата е од правилната страна, еве ви нешто што ќе ви помогне:
     

    Прикачени фајлови:

    На fashionbaby, Agrona и Lovy1 им се допаѓа ова.
  6. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Зависи. На пример, меките леќи ти се прилепуваат за окото и од самото око тешко дека ќе ти паднат. Секогаш може да ти падне додека ја ставаш или вадиш ама тоа не е страшно, се плакне и толку.

    Полумеките полесно може да ти паднат од окото бидејќи не се прилепени како другиве, да кажеме при лошо трепнување може да излезе леќата од окото.
     
  7. sweet-bebufce

    sweet-bebufce Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    23
    Јас носам леќи веќе три и пол години и сум презадоволна. На почеток ми беше тешко местењето на леќите, пред спиење да се вадат, наутро пак да се наместат, е сега е друго, се случува и по недела и повеќе да не ги извадам, си се навикнав на нив и немам никаков проблем. Ги носам кога идам и на одмор, во вода кога влегувам, значи буквално нон стоп без да имам некој проблем. Презадоволна сум, а диоптерот на едното око ми остана ист во овие 3 и пол години а на другото ми порасна за 0.25 што не е многу со оглед на тоа што уште на почеток требаше да носам со поголемио диоптер но ние сакавме да видиме како ќе реагира окото на помал и дали воопшто ќе има потреба од поголем диоптер.
     
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.168
    Допаѓања:
    12.913
    Другарката што и се намалил диоптерот со леќи на која возраст е?Знам дека до 18 може нешто да се поправи, ама покасно тешко. Јас инаку со едното сум -5, а со другото -2.5 и многу се плашам. Еве 5 год како работам по цел ден пред компјутер и се вложува видот многу брзо,а нема шанси да се избегне компјутерот.
     
  9. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    826
    Пол:
    Женски

    А на почетокот кога ги ставаше, дали осеќаше како печење на окото?
    Јас сеуште сум почетник, 20 минути ми треба додека ги ставам, ама мнгоу ме печи окото откако ќе ја ставам, и 10 мин треба да чекам за да ми престане.. :|
     
  10. Minion.M

    Minion.M Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    61
    ^ Normalno e pecenjeto... Sepak strano telo e. jas koa nosev kozmeticki (vo boja) isto mi se desavase. A na drugarka nisto. Zavisi kolku brzo se adaptira okoto
     
  11. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Какви леќи носиш?
     
  12. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    17 има :)
     
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Да ви се пофалам, денес одам да си ги земам новите очила, вчера бев да си одберам рамки.
    Ми го намалија диоптерот од +4 на +2 и ми ги тргнаа сите цилиндри и чуда (зашто ми го нема аголот веќе) и ќе треба да ги носам за читање и за пред компјутер.
    Се двоумев меѓу два модели налик овие:
    [​IMG][​IMG]
    Изборот падна на вторите. Првите се преголеми за моево лице.
    Can't wait to :inlove:
     
    На Perina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.319
    Пол:
    Женски
    Како успеа да го намалиш диоптерот со постојано носење на наочарите ли? :)
     
  15. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.319
    Пол:
    Женски
    Мене никој не ми кажа дали можам да носам леќи носам 2 години наочари имам 11 години уште малку 12 и имам многу мали очи -.-
    Благодарам диоптерот ми е 3.85.
     
  16. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    826
    Пол:
    Женски

    Консултирај се со лекарот. Јас на мои 14 ставив, и имам мали очи, ама ќе бидеш упорна.
    Ќе ги рашириш убаво со прстите, ќе држеш цврсто и ќе ја ставиш леќата..
    Со тек на време ќе се навикнеш, јас ја ставав цел час :tmi: :D
     
  17. sweet-bebufce

    sweet-bebufce Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    23
    Нормално е печењето на почеток, али со тек на време нема да осеќаш ништо, исто како да не носиш леќи.
    Носам меки леќи Air Optix, и сум презадоволна, има три пара, секој пар треба да се менува на два месеци, но јас ги носам и по 4 и немам никаков проблем. :*
     
  18. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Никако немој да ги носиш подолго од препорачаното! Си има леќата рок на траење и не е наше да решиме да трае подолго. Имам другар што си направи сериозни проблеми со тоа што ги носеше подолго леќите.

    Тоа што ти се мали очите нема некое влијание, види што очи имаат Кинезите па и тие носат леќи. Техниката на ставање на леќата со тек на време се учи и после е навика. Јас првите неколку недели над пешкирче вадев и ставав леќи затоа што бев убедена дека ќе ми падне некаде. Сега и во алкохолизирана состојба без проблем ги вадам :D

    Според мене треба да почекаш уште некоја година пред да ставиш леќи од 14 години па нагоре. Едноставно голема одговорност се, посебно на почетокот. Најдобро е да се консултираш со лекар, ќе ти ја објаснат конкретно твојата ситуација.
     
  19. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.319
    Пол:
    Женски
    Значи може јас имав едни како пробни леќи мама ми ги земала да види дали можам да ги ставам али јас се исплашив не ги ставив во август после 15 ќе идам да прашам уфф многу ми е страв :x
     
  20. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    826
    Пол:
    Женски

    И мене ми беше страв, ама мор да е трпи за убавина.
    А сега денес како што ставив нокти долги, е сега дури ми е страв..
    Сега се на мене, ама покасно незнам како е ги извадам ии утре да ги ставам.. :(
    Со тек на време се ќе научиме :D ;)