Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Контактни леќи или очила?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од OrdinaryGirl, 26 јуни 2010.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    12.778
    Не ме сфаќате, имам леќи кои треба да ги носам постојано, и кога се бања, спија, само еднаш на 7 дена ги мијам и пак назад. Арно ама ме зрачи компјутер секој ден по 5 саати. И сакав очила само со антирефлекс, ама кога запна оптичарот дека треба и диоптер, му кажав и псоле видов дека не иде. Матно ми се гледа. Значи за да ми наплатат повеќе ме убедија дека мора на антирефлексот и диоптер. Фрлив џабе пари. Дали некој од вас носи леќи плус очила само со антирефлекс нема пише искуство. Се надевам бев јасна овој пат.
     
  2. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Јас мислам дека те сфатив каква ти е ситуацијата ама не ти го сфаќам прашањето. :?:

    Моментално и јас се распрашувам за антирефлексни стакла бидејќи доста време поминувам пред компјутер и сакам некаква заштита. Кога прашав во оптика (конкретно Елени, од таму пред некој ден си ги земав новите леќи) ми рекоа дека антирефлексното стакло може но и не мора да биде со диоптер, едноставно при нарачката потенцираш да биде без диоптер.

    Не сфаќам како те натерале во оптика да земеш со диоптер :?:. Инаку за луѓе кои имаат поголем диоптер може да носат и леќи и очила, мајка ми работи на компрјутер и носи и леќи и очила затоа што има голема разлика во диоптерот, а само леќите ја замараат.
     
    На mjauculence му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    12.778
    Тоа е тоа. Епа убаво кажав во оптика дека сакам само антирефлекс, ама тие ми бараа диоптер. Во 2 прашав и во втората бидејки запнаа диоптер, па диоптер јас мислам тие знаат што, како им кажав и ми направиле и едното и другото. Абе само пари да земат повеќе. Значи може леќи плус очила смао со антирефлекс. Сепак ми треба заштита.
     
  4. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    305
    Е сега те разбрав,ама неможеш и двете работи да ги носиш...и јас прашував кај мојата докторка и ми кажа дека или леќи,или очила со диоптер,значи за пред компјутер само очила без леќи,и јас сакав леќи со диоптер а за пред компјутер леќи+очила со антирефлекс ама не бивало така.
     
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    12.778
    Не?
     
  6. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Јас носам очила,и многу си ги сакам,не ги носам секогаш туку кога читам,гледм тв или кога сум на пц...со леќите и незнам како би се справила....Вакви модел имам..само не волку широки,
    [​IMG]
     
  7. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Сега ме замисли, зошто не би бивало? :^) Докторкава ми е на одмор, таман да се врати и леќи треба да отидам да отворам се има да ја препрашам. Мене ми пречи да менувам леќи-очила, пробав еднаш кога изгубив случајно леќа и очите ужасно ме болеа.
     
  8. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    305
    Па и јас сакав така да носам очила без диоптер со антирефлекс и леќи со диоптер,ама докторката рече не бивало..па кога ќе прашаш пиши ни..
     
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    12.778
    Може си прашав кај докторот. Само очила со антирефлекс. Леле од оптиките колку им објаснував во една се разбравме само што сакам. Пазете да не ве зезнат. Мене ме зезнаа. Барав само антирефлекс,они запнаа диоптерот бил битен и кога ги земав и пробав видов дека е утка. Само џабе фрлени пари.
     
  10. fashionbaby

    fashionbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    244
     
  11. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    363
    Бидејќи се во ек летниве одмори, ме интересира дали ги носите леќите на плажа, дали гњурите со нив и дали би имало некаков проблем? :)
     
  12. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    На плажа да, ок е. Ама во вода не. Може да ти испадне леќата. Една феминка имаше пишано погоре дека си зела очила за сонце со диоптер. Ми се чини навистина практична работа :)
     
  13. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.425
    На плажа да, но пливање и гњурење со нив никако.
     
  14. sweet-bebufce

    sweet-bebufce Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    23
    Јас веќе 3 години си ги носам леќите на плажа, си се бањам со нив, си гњурам во водата, не сум имала до сега никаков проблем, ни па не дај боже да ми падне да ја изгубам во вода. Али практикувам да ми се при крај леќите (да треба да ги сменам после одмор) чисто за не дај боже :D
     
  15. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    363
    Мене искрено ми е страв, ама слушнав некои си се бањаат најнормално, викам дај да си прашам да не е до мене проблемот :D
    А која цена се стаклата за наочари за сонце со диоптер ако знае некој?
     
  16. Milky.Way

    Milky.Way Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2013
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Мене оптичарот мој ми рече дека се и до 2 000 , јас сакав на полу пластични стакла што се 200 денари поскапи од обичните. :)
     
    На K.e.ll.y му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Бев на лекар пред некој ден да отворам леќи и баш се распрашав кај докторката за очилата при работа на компјутер.

    Ми рече дека очилата какви и да се не прават некоја разлика за замор на очите при работа на компјутер. Проблемот кога се работи на компјутер, не било толку зрачењето, колку што е проблем тоа што сликата постојано се движи иако ние тоа не го перцепираме и недоволното трепкање, а било какви наочари не можат да го сменат тоа. Затоа, најдобро е да се прават редовни паузи. 45 минути работа на компјутер, па 10/15 минутна пауза со гледање на подалеку и/или во зеленило.

    Истово со паузата ми го кажаа кога вадев лекарско за возачка.

    Јас на мојата докторка за леќи навистина и верувам, мајка ми е една од првите во Македонија што почнала да носи леќи и прво била кај еден ненормално добар доктор и медицинска сестра, а кога тој отишол во пензија се префрлила кај оваа што мене ми е доволен показател дека е добра. Кај неа сум скоро 7 години и секогаш била одлична. Така да, од идејата за наочари за заштита од компјутер се откажувам. Деновиве практикувам паузи со тоа што излегувам на тераса и ги одмарам очите и приметувам дека не ми се зацрвенуваат и не ги чувствувам уморно.

    Од мене, тоа. :)
     
    На Mishela и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.404
    Допаѓања:
    114.555
    Пол:
    Женски
    Во врска со болдираното; Апсолутно не се согласувам со ова. Јас носам очила од 15 години, сега имам 34 години. Работам 8 часа пред компјутер и кога не носам очила со заштита за компјутер се осеќа и тоа каков замор. Разликата е во тоа што премазите на стаклата не дозволуваат прекршување не светлината и уморување на окото. Ајде ти си дома, можеш да излезеш на тераса после 45 мин на компјутер пауза да правиш. А што ако не можеш да станеш 10 мин и да застанеш?? Јас имам очила со 300 премази и сум пре пре презадоволна. Дури и на сонце не ми смета сонцето, имам антирефлекс премаз.

    Леки носам кога излегувам или кога носам очила за сонце, но на компјутер не, затоа што при работа на компјутер помалку трепкаме и го влажниме окото а за леки не е убаво да ти се суви очите.
     
  19. ribce27

    ribce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    54
    Edno prasanje do site veke 3 dena nosam lekji no cudno mi e kako biz solzi da gledam vezden Dali I vas vi bese is to? Ps ovie mi se probni za dva dena ke mi stignat pravilnite poso imam stigmatizam I doktorot mi poraca specijalni ovie se probni.
     
  20. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Леќите ги носам на плажа и секако дека се бањам со нив, но јас не нуркам чисто ради солта, ме печат очите, а инаку за меките леќи мала е веројатноста да ти испаднат во вода или како некои што викаат на ветер паѓале :lol: тврдите леќи, можеби, но меките не. Некаде прочитав дека не се спиело со леќи, јас ке кажам, зависи какви леќи носите, дали се со збогатен кислород или не. Ако се како првите тогаш не е проблем и да се спие со нив, а нормално притоа да се користат вештачки солзи (јас ги користам прокулин)
    Ова не е рекла казала муабет, туку мое лично искуство и дружба со леќите веќе петта година.
     
    На sweet-bebufce му/ѝ се допаѓа ова.