офтопик сум* знам ама темава е најсоодвтна за да прашам: Дали цената на леќите зависи од големината на диоптерот? Деновиве ќе одам на преглед ама сигурна сум дека имам гооолем диоптер, па да знам дали ќе ми требаат повеќе пари за леќи да ставам...
Колку е покомплициран диоптерот толку се поскапи. Јас моите ги платив 4600 ден, а читам некои сте купиле за 2400, 2600, значи до диоптерот е. ИНкау да ве прашав баш со доктори сум зборела очни и кажуваат дека со висок диоптер не е препорачливо природно пораѓање. Далеку сум од пораѓај, ама да ви кажам страв ме фати. Сестрата ми објасни дека жени со висок диоптер, посебно во минус не треба да се напрегаат и дека може да биде сериозно, да се одлепи рожница и дека мора со царски рез. Ми кажа “кога ќе ти дојде редот за тоа, ќе си бараш написмено дека не смееш природно да се пораѓаш“. Има ли некој искуство енка ми каже и ако знаете нешто пишете.
Јас колку што знам не зависи. Еве јас носам диоптер -2, братучетка ми -7, а и двете ги купуваме Bausch & Lomb меки леќи по отприлика 1800 - 2000 денари од едно пакување. За леќи од друга фирма искрено не знам.
Дали некој пробал третмани за миопиа со кои може да се намали диоптерот минимално?Може да успее, а може и не. Јас бев 10 дена и сега докторот вели дека на едното око има минимално подобрување. Дали сте имале искуство со вакви третмани?
Да ве прашам, можам ли да го сменам растворот којшто го користев долго време за леките на своја рака ??
Па да, зошто не би пробала и некој друг. Јас имам неколку раствори сменето затоа што имам приметено дека од време на време им се менува квалитетот. Само внимавај да биде за соодветниот тип на леќи и не би требало да имаш проблем.
A како тоа да биде соодветен за леките, јас досега имам сменето повеке видови на леки и секогаш го користев истиот раствор... ? Инаку исто имам заприметено дека со тек на време ко да му се менува квалитетот и не ми прија добро па затоа сакав да го сменам ... И уште нешто, кога ке купам друг дали да почнам да го употребувам кога ке отворам нов пар леки или можам и на старите ( оние кои ги миев и чував досега во стариот раствор). Мислев на тоа у смисол да не се мешаат растворите така... или нема врска тоа??
Има различни раствори за меки, полумеки и тврди леќи, не знам какви имаш. Јас имам полумеки и тие траат подолго време, па ми се случило да користам различен тип на раствор на истите леќи. Е сега, кај меките е поразлично, бидејќи се менуваат почесто мислам дека подобро е со нов пар да пробаш и друг раствор.
Фала ти тајгрлејди Јас не сум сеуште доволно информирана , инаку користам меки леки. Само не знам дали е до растворот или до самите леки ама многу ми ги сушат очите, не се удобни да се носат подолго време. А полумеките со поголема содржина на кислород се или..? И дали видот на леките зависи од диоптерот , јас на пример имам само обичен диоптер и можам ли да носам друг вид леки освен меки ? Исто имам слушано дека може да се случи леката сама да ти падне од око но тоа за кои видови леки важи..., за меките мислам не, барем мене досега не ми се случило никогаш да ми испаднат...?
Видот на леки го одредува офталмолог, не можеш на своја рака да го менуваш видот на леките. Јас носам меки леки повеќе од 10 години и никогаш до сега не ми се случило сами од себе да ми испаднат. Треба да внимаваш на море-да не ти влезе солена вода во очите.
Ако ти се сушат очите, има и посебни капки за тоа. Ова со паѓањето на леќата на меки не би требало да се случува, бидејќи со меки, леќата ти е прилепена за окото. Кај полумеки се случува да падне леќата, мене ми се има случено при лошо трепкање. Видот на леќи ти зависи од тебе, апсолутно личен избор е, мада лекариве се повеќе одат на меки, ова е и во светски рамки. Јас почнав со полумеки бидејќи и мајка ми носи такви и мене ми пријаат, сепак работа на навика е. Имам пробано и меки леќи, и тие се попрактични ама мене ми беше незгодно ставањето.
На вештачки солзи мислиш? И уште едно прашање имам до тебе само. Бидејки прочитав дека ги користиш леките долго време, седиш ли со нив и пред компјутер? Инаку си купив сега нов раствор, Рену се вика ама читав онака на интернет и пишува за него дека бил штетен??? АКо знае некој нека ми препорача некој друг раствор за меки леки. Каков вие користите?
Јас користам Opti-Free од Alcon цело време. Имаш и раствор и вештачки солзи од Alcon. Јас сум пред PC мноооогу саати во текот на денот со леки, немам никаков проблем. Ако осетам дека ми се суви очите, си ставам вештачки солзи. И треба повеќе да трепкаш со очите, на тој начин се влажни окото.
SE IZVINUVAM DA PRASAM DALI SE PODOBRI OVIE LEKI STO GI VADIS SEKOJ DEN ILI OVIE STO GI MENUVAS NA 2 MESECI (GI VADIS NA DVA MESECI) I KOI SE POSKAPI SPORED TEBE
Јас користам леќи меки, ги вадам еднаш неделно ги премивам и ги ставам пак. Многу сум задоволна и овие баш после 2 месеци еден пар се фрла. Био торик се и ме чинеа 4600, ама тоа е затоа што имам сложена диоптрија инаку можеби и се поефтини за друга диоптрија.
Леќи. Ем немаш тегли на лице, нема да знаат дека имаш проблеми со видот, а и не се тешки за оддржување кога ке ги навикнеш.
^ И јас така мислев ама некој велат дека многу биле тешки за одржување и 2-3 месеци немало да смееш да се наведниш со нив, вистина е ова???
^ Нема врска тоа со наведнувањето, затоа што кога леќата се прилепува за зеницата, меѓу нив нема воздух. Мене дури некогаш после долго време поминато со леќи, тешко ми е да ја одлепам за да ја извадам. А за одржувањето - се е ствар на навика. Малку повеќе треба да се внимава на хигиената, тоа е нормално, ама со тек на време се навикнуваш.