Многу зависи од окото - ако имаш посуви очи (или густи солзи), нема ниту да можеш да ги користиш леќите кои се вадат на два месеци. Со оние кои скојдневно се вадат на околто му даваш и шанса да се одмори. Дополнително - леќите овозможуваат некаков проток на кислород, но сепак се страно тело и "барикада", па паузата во носењето е и пожелна.
Вадење ставање само со чисти раце и за да бидеш сигурна дека не ти паднала негде на страна ( ми се случи мене) затвори око и провери дали гледаш бистро. Нема да ти паднат, не е точно тоа. Кога ќе ја местиш директно на зеницата нишани и правилно ќе ја наместиш и паѓање нема. Ако нешто криво ја запелиш на око може да ти се лизне од окото и да падне. Еден пар 2 месеци и фрлај, земај нов пар т.т отварај.
Некоја поевтинка оптика во Скопје? Овие веќе 3 години ги изнаносив, башка изгребани ми се стаклата. Прашав на неколку места, со се' стакла цената е од 3600-3700 па нагоре. М?
И јас исто барам некоја поевтинка оптика во Скопје. Ми требаат цилиндрични леќи(-3.50 и -2.75) и прашав во ГТЦ во една оптика и ми викаaт годишни се 9000ден. Ама некако не ми се даваат толку. Знае некој каде можам да најдам поефтини?
И јас имам ист диоптер како тебе прво ми беше -2.75 па ми се накачи на -3.50. Баш вчера си зедов леќи од една оптика од Зелен пазар. Меки леќи си зедов 2.100 денари 3 пара месечни се. Еден пар носиш еден месец така ми рекоа од оптиката. Јас ги зедов повеќето поради свадбата што ме чека сега на почеток на октомври дека невеста ќе бидам да ги носам. Инаку наочари си носам, бидејќи седам на компјутер по 10 саати во денот, а леќата нема заштита додека наочарите што ги имам се со антирефлекс и не знам таму уште со што се имаат веројатно некоја заштита (така бар ми рекоа од оптика кога ги земав). Е сега, сакам да ги прашам девојките кои носат леќи, бидејќи јас тазе сум вака со леќи и за прв пат си зедов леќи вчера. Нели невеста ќе бидам па ќе треба од сабалје негде од кај 9 часот сум на фризер, па шминкер и ми рекоа дека прво да се стават леќите па да се нашминкам. Е сега, прашањето ми е од оптика ми рекоа дека најмногу во денот 8 саати да ги носам леќите, а јас ако сметам така 8 саати ми доаѓа да ги извадам негде накај 17 часот. Тоа сакав да ве прашам, дали ќе можам до кај 12 барем да ги носам, или ќе почне да ми се заматува видот или да не почне да ми солзат очите. Ќе ве замолам доколку знае некој да ми каже дали е можно да ги износам до крај цел ден. Фала девојки и поздрав !
се зависи од окото,можно е да почне да ти солзи можно е да ти се мати видот и така натака.. а можно е и да не осетиш ништо. Какви леќи си земала?
^ Зедов меки леќи диоптријата ми е -3.50 и некако ми е страв да не не можам до крај да издржам со леќите цел ден. A искрено не знам што леќи се како им се вика фирмата/марката (не знам како да се изразам).
Кога ти е свадбата? Ако имаш време, почни уште сега да вежбаш подолго да ги носиш. Не да претеруваш, него секој ден накачувај по еден саат за да ти се навикне окото.
Леќи. Година дена носев наочари и се кајам што од одма не сум почнала со леќи. Со очилата некако се осеќав удобно, ја изгубив самодовербата кога требаше да се сликам обавезно ги вадев, кога искачав не ги носев ама среќа немам некој голем диоптер, така да не беше страшно. сега со леќите неам гајле. 3минути работа насабајле и навечер. Рутина исто како заби миење. Е сега можеби не се трајни како очилата ги купуваш еднаш и ги носиш неколку години ама па вреди. затоа, кој има сомнеж во врска со леќите, нека си купи и нека виде дека е 100 пати поубаво и полесно за носење
Bausch and lomb (softlens) меки контактни леќи со 59 % кислород се тие што ги зема Инаку немај гајле ќе ја издржиш свадбата
Последниот пат коа бев на преглед, во консултација со докторката сменив марка на леки и сега ги користам Pure Vision 2. Во едно кутивче се 3 леки. Докторката ми кажа дека една лека можам да ја носам 2 месеци , а на кутивчето пишува дека се за месечна употреба. . И сега не ми е јасно како таа едно кажува а упатството друго. Можно ли е да згрешила или да ја послушам да не се водам многу од упатсвото..?
Свадбата ни е на 5 октомври. Денес еве ги носев од 12 часот до пред малку ги извадив, што зачи скоро 11 саати ги носев. Не ми солзат очите ништо ок се. Бидејќи не сум се уште навикната со леќите и осеќам како да имам нешто во око, како трепка да имам, како нешто кога од шминката ќе ни влезе во око така осеќам. Се надевам дотогаш ќе се навикнам уште повеќе. Да тие се леќите Bausch and lomb (softlens). Се надевам и јас ќе ја издражам свадбата. Фала ви на советите. Поздрав !!!
Немај гајле. Сите така праат. Дури сум слушала и некои ги носат повеќе од 2 месеци, но јас на секој 1ви на 2 месеци. Мислам ти можеш да ги менуваш на секој месец, но вака е поекономично Јас наместо на секои 6месеци да купувам леќи, јас купувам во годината еднаш по 6 пара
Ok.. И уште нешто да прашам. Јас леките ги носам само за надвор ( по дома си носам очила) но се случува некогаш и по 10 дена да не ги ставам ако ме мрзи. И сега штом е така, дали можам да ги користам и подолго време од 2 месеци бидејки некогаш не ги користам многу често ..??
Јас ги носам многу подолго од два месеци, бидејќи не ги носам секој ден. Ги ставам по потреба, некогаш се случува два пати во месец да ги ставам. Ги носам се додека не почувствувам дека ми пречат. И во тие 10 дена смени им ја водата.
носам очила скоро 2 год,немам некој диоптер голем,левото ми е 0,70 со цилиндар,а десното 0,50,е сега пред некој ден спомнав дека сакам леќи да си купам пошто неможам со наочари,утре другиден ке се мажам и невеста со наочари треба да бидам ,малку ми е глупо тоа,не се секавам со кого правев муабет но ми кажаа дека за леќи под 1 диоптрија не давале да се носат ,дали е ова вистина или не ќе може ли некој да ме упати и информира,ви благодарам многу
Според тоа што ми кажал офталмолог ако ти се предвидени леќите на пример за два месеци, треба веднаш после два месеци да ги фрлиш и замениш со нови без разлика колку пати си ги носела. Сепак мене ми се има случено да ги носам и подолго од предвиденото, а не сум имала некаков проблем, така да зависи ти како сакаш.
Земав наочари за гледање од далеку дека ми требаа за да гледам на часови од табла. И гледам добро од далеку ама сега ми текна дека кога ќе треба да го запишам во тетратка тоа од табла мене ми е матно :/ Не знам дали ми го утнале диоптерот или вака треба да биде со сите наочари за далеку. Help please