Епа требало комбинирани, може утнале. Јас носам леќи, ама си имам и наочари од доктор препишани како резерва. И со нив гледам многу убаво и на блиску и на далеку.
Значи вака штотуку ми открија дека треба да носам наочари. Сакам да знам дали може уште веднаш леќи или прво треба некое време наочари па потоа леќи
Нема врска дека треба прво некој период наочари па потоа леќи. Јас прв пат кога почнав да користам помагала зедов и наочари и леќи. Наочарите морав да ги земам затоа што не може леќите нон-стоп да се носат бидејќи и окото треба некогаш да се одмори од нив и да дише. Така да слободно можеш да си земеш леќи но земи си и наочари, не мора наочарите да ги носиш некаде надвор, може за дома само, колку да ти се одморат очите од леќите.
Прочитав некаде имаат некои што почнале одма со леќи. Мене докторката ми рече прво наочари, да се навикнам 6 месеци, па потоа можам леќи И еве веќе и на леќите сега се навикнав
Барав да си купам вештачки солзи од истата фирма од која ми е и растворот и немаше нигде такви... Е сега ме интересира дали е во ред да земам од друга фирма, страв ми е да не добијам некоја реакција на очите или нема врска тоа од која фирма се ?
Нема врска од која фирма се, ист им е составот, нема ништо да ти биде. И јас не користам вештачки солзи, изледа зависи до вид на леќа каква е и како реагира окото на леќата
Јас досега имам сменето три вида на леки(секак9о во консултација со лекар) и со сите ми е иста ситуацијата. Сменив и раствор и пак ништо. Изгледа до окото ке да е, па затоа сакав да пробам со вештаки солзи. Неколку пати заприметив дека единствено ми се удобни и не ми го сушат до толку окото кога ке ги ставам веднаш по првото отварање на нов пар леки , притоа без да ги измијам со раствор. Не знам во каква течност стојат внатре, ама одлична е. Инаку се мислам дека можеби проблемот е до тоа што носам леки од една фирма а раствор користам од друга, па затоа до толку многу ми се сушат, не е можно со секој раствор дам ми е така. Појма немам и одговор никако да најдам, а на преглед одамна немам појдено..
И јас имав такви проблеми,ги чувствував суви и уморни очите.Мислам зашто работев баш на таква работно место со многу прашина,ветар дури и греењето во зима ,од греалки ,ми сметаше.Затоа вештачките солзи беа тука за освежување.И нема врска тоа што леќите и растворот не се од иста фирма.Јас без вештачките солзи,признавам ,не можев да функционирам.
некој нема ми каже на колку време треба да се менуваат леќите, односно колкав временски период може да се користат за да не дојде до некој инфекција на окото....позз
Дали е можно да ми требаат очила, бидејќи гледам, а супер гледам и со очила? Некогаш чувствувам болки во очите и слепоочниците... Ако некој има такво искуство нека ми каже
Не те сфатив нај, нај... Чиви очила носиш? Ако не се твои, и ако не ти препишал лекар, не си играј играчки... Можеби носиш некои со многу поголем диоптер, отколку што ти треба. И јас еднаш пробав едни очила со многу поголем диоптер, па почисто гледав, отколку со моите очила. Ама не е тоа работата... треба да се носат очила, со тој диоптер што одговара на твоите очи. Најчесто едното око послабо гледа, од другото (според мене). Оди на очно, и ќе ти кажат таму дали треба да носиш или не треба.
5 месеци носев очила, ама дека имам голем диоптер.. дебели ми беа стакленцата и ми правеа дупчиња кај очите, а и онака ми беа тешки на целото лице. Како некој товар да носев. Веќе 2ипол гоини носам леќи и сум презадоволна Не би ги менувала ни за ласерска корекција