Според мене најубави се вградените леќи, или фокусирање на видот ласерски како што има во Свети Вид ама слушам и во Македонија работеле стручњаци од С.В. само во договор со Систина ли не знам како така ми рекоа. Тоа е најубавата работа.
Јас носев со години наочари, и пред четири години се префрлив на леќи Искрено многу ми е поубаво вака. Кој што сака нека збори, ама се додека некој не нозел наочари, не знае како е да те вреѓаат кога ги носиш, а посебно како деца кога од се си баравме рчки Леќите го стабилизираат диоперот што им е голема предност. Одржувањето на хигиената реално е како да ги избришеш наочарите, буквално толку кратко одзема. А и се многу згодни кога патуваш или за пливање (зборам за меките леќи), а не без наочари во вода, ко мене слепец на се ќе се утепаш јас давам големо браво за леќите , а во иднина може и ќе се решам за операција
Јас носам леќи веќе 2 години, а претходно наочари 7 години. Мислам дека откако ги ставив леќите с препородив Инаку носам меки леќи безбојни, од линијата на pure vision , кои се на база на кислород и се месечни. Добрата работа кај овие леќи е што можеш и да спиеш со нив, да с бањаш, јас бев на одмор и во море влегував со нив, така да јас сум презадоволна. Прочитав некаде на темава демек , требало многу хигиена, тешко се навикнувало на нив итн. Од мое искуство ќе кажам сао дека не е воопшто тешко, а ,, навикнувањето,, трае 4-5 дена. П.С. Каков раствор за плакнење користите? Јас го користам Solo Care Aqua и сум задоволна , ама некао изгледа скапо го плаќам Поздравче
Незнам, само некако гадно ми е да ги ставам и да вадам од око. Знам една другарка, цели очи и се солзат коа ги носи.. Ама па и секое око е различно..
^^ И солзат зошто веројтано не ги одржува како што треба. Инаку јас користам Total Care растоври, имам полупропустливи леќи, значи не меки. Ги најдов раствориве и се нешто поевтини од тие птретходно што сум ги користела на Boston, ама не се сум нешто задоволна. Ми прават цвенило некако во очите, па да се дотрошам купувам пак на Boston.
Па јас имам три течности, една за одржување, другата за миење, а третата е само за плакнење на леќите(натриум хлорид). Таа за одржување е околу 600 денари и е поголема, а таа за миење е околу 800 и е малечка. Малечката ми трае многу долго зошто многу малку ја користам, речиси пола година. А поголемата ја купувам на 2 месеца. Ама дефинитивно се најдобри. Овие Total Care, се нешто поефтини, ама веќе 2 месеца ги користам и забележувам дека не ми одговараат баш. Можеби и зошто самите леќи ми се од Boston, па таа формула им одговара најмногу. Како и да е, планирам уште малку да се решам и од леќите и од наочари и да одам на ласерска.
Јас почнав со полутврди леќи и за нив користам Total Care, за чување и миење, а физиолошки раствор за плакнење и него најбрзо го трошам. Е сега по препорака на докторката ми мила, си земав и еден комплет меки и леќи и не заалив. За летен одмор, патување и сл. си носам меки леќи, после еден месец тие се фрлаат и си продолжувам со полутврди
А цената на леќите како се движи, и дали можете да ми кажете нешто повеќе за тврди, полутврди и меки леќи?
Носам очила дома и леќи (меки, precision) надвор од дома. Леќи прв пат ставив пред 6-7 месеци. На почетокот ми беше језива помислата секој ден да си брцам страно тело во око но си се навикнав. Со леќи ми е подобро од очила затоа што почисто гледам бидејќи очилата ми се замаглуваат од време на време и мора да ги бришам, замарање е. Исто не можам да лежам на страна со очила (можам но сметаат), кога гледам филм или читам книга со леќи немам гајле. Сакам да прашам некој искусен дали смее да се плива со леќи?
Сите меки леќи се носат по еден месец, ама не можеш воопшто да не ги извадиш. И тие се вадат вообичаено навечер за да се изчистат и за да се одмори окото. Но јас на пример летово патував многу и поминував по цела вечер во автобус. Сигурно нема во автобус да вадиш леќи, а со меките можеш да си спиеш без проблем. Со полутврдите ми се има случено неколку пати да заспијам и после тоа очите ми се многу црвени и уморни. Плус со меките леќи можеш да се бањаш, што е супер за на одмор
Јас носам леќи веќе неколку години (и дома и надвор) очила не сум носела ни па ќе носам(бидејчи не ми стојат убаво, блазе си им на оние на кои им стојат). Иначе носам тврди леќи.
надвор е од темата но да ве прашам која е разлика меѓу диоптриски стакла со цилиндар и без цилиндар.Во оптика ми рекоа само дека со цилиндар се поскапи ,ама не знаеа да ми ја објаснат разликата
Колку што сум запознаена,ако мораш да носиш цилиндар,значи дека не само што не гледаш убаво на далечина,туку некои форми не можеш јасно да ги дефинираш.Затоа нема избор со или без цилиндар,ако мораш да носиш со цилиндар,такви ќе си земеш. Како бе у оптика да не знаат да ти кажат,бог да чува.Мене ова практично ми го објасни докторката,ако таа не знаела,не знам ни јас,а право да ти кажам,не ми ни текнало нешто више да се заинтересирам,баш ќе побарам сега да се дообразувам.
за да носиш цилиндар мора тоа да ти биде напишано во резултатот/рецепта од докторот што го правел прегледот, што значи дека неможеш да бираш ти туку или така бара окото или не друго нема. а тие во оптика.... без коментар. јас носам наочари со цилиндар, а леќи никогаш не сум носела, иако сакам да пробам некако ми стојат позгодни. е сега незнам дали навечер има многу процедури за миење вадење итн ајде ќе ги прочтам претходните коментари па белки ќе се одлучам и за леќи
Како помала немаше сила што ќе ме натера да ги носам кога ќе бидам голема ако треба, мислев нема да стигнам до наочари . Кога одев на систематски тие упатите ги кинев мајка ми да не види , а денес еве носам наочари . Од се што бегам по некое време ме снајдува
јас носам наочари ама само дома и на факс бидејќи ми е срам онака, а имам 2ка диоптер за на далеку.. сакам да си купам леќи.. Дали има разлика во цената кај меки, тврди леќи и какви да купам како за почеток? Ви благодарам