Јас си носам очила веќе3-4 год и баш ми е супер иначе сакам да носам леќи ама тато ми вели дека е поубо очила и зато очила
Леќи дефинитивно! Многу подобар избор од очила.Поскапи се очилата, треба да се плати стаклото, рамките, да се пазат да не паднат...А леќите само треба да ги одржуваш чисти, а и ако се безбојни никој нема да знае дека ги има воопшто. И не стојат очила на секаков тип на лице.
Кога го правев последниот преглед и јас бев решена за контактни леќи, но ми рекоа дека за мојот диоптер не се препорачливи, па се подновив со очила... Ми понудија варијанта за некои кои требало да се менуваат на 6 месеци, а истите ми беа некако скапи (околу 10 000ден), па баш и немав избор во моментов.
Јас носам очила веќе 2 години и супер ми е со нив и диоптерот ми е 1,25 и на другото 1,50 и не ми сметаат ама сакам да пробам леќи пошто изгледа не се менува диоптерот ама пак незнам можеби се проблематични за хигиената или кога ти влезе нешто во окото што ке правиш Вие што ми препорачувате ?
Ма само така викаат дека се тешки за одржување. И мене сестрите во очна ординација ми кажуваа со леќи да не се шминкам, па се шминкам и не се случило ништо. Јас моите леќи ги носам 7 дена, седмиот ги вадам , премивам и ги враќам во очите. И поубаво е, не мора секој да знае дека имам проблеми со видот. Кај нас има многу прост народ. Мене комшика ми викаше “Еееј па ти не само пред компјутер, и сега си ги носиш очилата?“. Како да очилата не се за луѓе.
За да отидеш во оптика мораш ли прво да одиш на очен лекар? Во сите ли оптики имаат уреди за одредување диоптер и слично.. Јас треба да одам за очила ама несакам на лекар, туку право во оптика. И некој што е бил да ми каже подетално што-како.
Здраво Сакам да ве замолам да ми препорачате добра оптика во Скопје, каде што ќе можам само стакла да си направам, бидејки непланирано си купив рамки за многу поефтина цена од оптикиве. И дали би знаеле да ми кажете од прилика колку би ме коштало. Дали некој правел само стакла во оптика на свои рамки. (Стаклата да бидат со заштита од зраци од компјутер, како што вообичаено ги продаваат )
Девојки ми требаат очила за одмарање, пошо после 20 мин читање мн ми се матат буквите , ептен, се напрегам да прочитам и ако ми е нештото блиско. Сакав да прашам низ Скопјево каде да појдам и од прилика колку пари се очилава за одмор?
Бев на очно и ми одредија диоптер -1,50 докторката ми рече некое време да носам очила,па после тоа да се префрлам на леќи.Не ми кажа на колку време да појдам на преглед повторно,па би сакала да ве прашам после колку време да појдам повторно? И ме интересира одприлика како се движат цените на рамките? конкретно од овој тип? Фала ви однапред.
После 3-4 месеци отиди на преглед за леќи. А за цена на рамки имаш секакви, зависи од кај ќе купуваш, почнувајќи од 400ден па нагоре Ама ако за брзо се префрлаш на леќи подобро земи си некои поефтини рамки.
Со леќи е дефинитивно подобро. Јас носев очила и ми се допаѓаа, но кога докторот ми препорача леќи, веднаш ги ставив и сум презадоволна. Точно е дека треба поголема хигиена, да ги измиеш пред да ги ставиш со посебна течност и пред спиење да ги вадиш и пак да ги измиеш, не смееш да се бањаш со нив, ама се надалеку подобри од очилата. А и на леќите имам помал диоптер бидејќи се залепени на зениците, а со очила окото се напрега малку. Значи на сите што се мислат дали да си земат леќи, обавезно да земат, нема да зажалат. Позз
Девојки ми ги препишаа Air Optix меки леќи, па ако некоја од вас ги користи, ако може да ми каже која цена се и во која оптика се најефтини, за да не лутам многу Инаку ме зачуди што на преглед докторката не ми стави пробни леќи, а од други сум слушала дека ставаат за да видат дали окото ти поднесува леќи? Колкава е веројатноста да окото не ми ги прими?
И јас имам слушнето дека со леќите се стопира диоптерот Јас имам 14 години и носам очила и имам диоптер 1,50 и сакам наредна контрола да прашам дали ке можам да носам леќи . и имам слушнато многу пофалби за леќите
Мајка ми носи леќи и има доста пофалби за нив Значи според тебе да побарам леќи? Мама ми вика мала сум била да сум почекала уште година дена барем па во средно да ставам ама се плашам дека до тогаш уште многу ќе ми порасне диоптерот(недај боже)
Нема проблем тоа со годините една моја другарка имаше уште поголема диоптрија од твојата и си стави леќи кога имашее 11 или 12 години и сега и е многу подобро Па јас би ти препорачала да си земеш бедејќи сега си во пубертет и ке може да ти се подобри видот затоа земи си леќи и јас ке си земам па пиши што си направила
Носам наочари и многу ми е убаво,послатка сум со нив(така викаат ) Помислив на леќи али да ти кажам сум гледала како ги ставаат,гадно ми е тоа и страшно неможам да ставам Носам наочари веќе 3 години,пред 5 месеци бев на контрола и диоптерот ми беше ист како пред една година Постојано си ги носам.Инаку за далеку ми се,а сум слушнала дека потешко се поправа,за блиску е лесно.
Дали сте виделе или знаете каде можам да најдам вакви рамки за очила- Барав низ гтц низ оптиките кај златарскиот пролаз ама немаше нешто слично или убаво на око. Кај онаа кај ботони имаше ептен фини модели, само малку беа поскупи, ама фин избор на рамки, ама вакво нешто не.. Кај на друго место да барам, одамна немам земено нови рамки на очила, сама нешто асално, нека биде и поише пари, само да се квалитетни и да си земам кои добро ми стојат во неутрална боја што одговоара на се(имам розеви и зелени моментално ) Не е темава баш баш погодена за рамки за очила, ама ете не е страшен оф топик.