Се извинувам за офф топик бидејќи неможев да најдам соодветна тема.Може да ми препорачате добар очен лекар бидејќи треба да одам на преглед?
Јас имам едно прашање. На 17-18 години има ли надеж да се намали диоптерот,или поголема е веројатноста да се зголеми? Со носење очила,со диоптер -1,50? Фала однапред,за одговорот.
Пред некој ден си купив нова крпичка за бришење наочари. Патем, една комшивка ме советуваше да не ги бришам наочарите со секаква крпа, оти таа што ја земав е од една фирма и демек можно било да е наменета само за стакла што се од истата таа фирма. Ке сум ги оштетила моиве... Јас прв пат слушам вакво нешто, крпа за наочари како и секоја таква има иста функција. Што мислите вие ??
Таа крпата од еленска кожа ли ти е? Таква даваат во кутијата со наочарите(добро барем треба да дадат).Јас искрено не ја користам таа крпа него ги чистам со едни како влажни марамици од кам наменети за очила.И со нив ми е стопати поубаво многу поубаво ги чистат наочарите.Ама и таа крпата ако ти е од еленска кожа добро брише.Иако мислам дека крпа како крпа си е исто.
^^ Ма каква крпа-какви бакрачи. Со што стигнам. Маица, блуза, дуксер, тренерки, пижами, наметка... Којзнае каде сум го забутала тоа крпчето што ми го дадоа заедно со ќоровинкиве. Само да не биде некој груб материјал, за да не се изгребат. На почетокот сум ги тинтрела ко божем злато се, сега... Минатите ги носев 3 години, ништо не им беше. Освен што ги фрлив на земја, и ми се изгребаа. Иначе знаете каков имунитет сум им изградила? Оооо. Ова ептен дека ги учукав у земја, и мораа да се изгребаат, иначе... И уште може да се гледа со нив. Обично ги носам, кога не можам да се сетам кај сум ги оставила сегашниве. Колку повеќе ги тинтрите, толку повеќе ќе им ослабне имунитетот. Ај доста трескав зелени. Ама озбилно, според мене нема врска тоа со крпите.
^ Елена, јас не го прочитав прашањето на претходната страна, директно на твојот коментар отидов, па збунка направив. Помислив дека збориш за леќи, па си викам: Леле, како може девојчево толку невнимателно да биде со леќите, некоја инфекција Бог да чува ќе си направи Инаку lav4ence.e.e - материјалот на крпчињата е важен само за да не ти ги замрси уште толку стаклата. Затоа што има материјали што не ги чистат, туку само ги замачкуваат уште толку.
Здраво феминки. Ме интересира дали леќите пред да се стават на очи треба да се измијат само со истиот раствор во кој се чуваат ? Може ли со дестилирана вода да се мијат? Како правите вие? Однапред ви благодарам.
Во кутивчето, леките мораш да ги чуваш во специјалната течност за леки (јас користам Opti-Free), а кога ги плакнеш пред да ги ставиш на очи или во кутивчето, можеш да користиш физиолошки раствор-купи си во аптека. На овој начин, течноста ќе ти трае подолго. Инаку, ова ми е препорачано од офталмолог, така да слободно користи физиолошки раствор за плакнење.
Јас ќе идев да ги мењам наочарите, сфатив дека ми е до крпчето, абе една синтетика шта да ви кажем, лудница. Со овие од КАМ ги бришам ама кога немам во моментов ги бришам и со крпчето, катастрофа невидена. Ама не знам што стакла ќе беа овие еј, одма се мастат, чим оставам малку време, внатре-надвор и одма се мастат. Ништо одсеа едно пакетче од КАМ крпичките во ташна, едно дома и едно на работа
^ И јас така со очилата те ми се замастуваат и ги бришам со тие од КАМ што се како влажни. А и леќи носам некогаш, а нив си ги чистам со една специјална течност. Повеќето си ги носам очилата некако стави-вади не се замарам многу. А и поубаво ми е за пред компјутер со очилата зошто имаат антирефлекс.
хахаха......и јас така правам - во сите куќи/станови, во викендица, во ташна, на работа, во кола......сегде имам од марамчињата од Кам - супер се!
Тоа крпичето за бришење за кое ве прашував пред неколку постови ич не ми се погоди, ми ги масти многу наочарите. Вчера сестра ми ми купила нова и мислам дека конечно имам нешто асално за убаво бришење на наочарите. Крпата е на Супрема и е феноменална . Така да, кога ќе сте во план за купување обавезно земете си ваква
Јас секогаш кога ќе ги земев наочарите од оптиката, ми мирисаа многу убаво. Заедно со целото кутиче Ги прашав што им ставаат и ми рекоа дека ги пребришуваат со парфем, бидејќи така најлесно се чистеле. Па си најдов дома спрејчиња за тело што не ги користам, од оние од Авон, прскам по малку на стаклата и ги пребришувам. Ем ми се чисти, ем ми мирисаат убаво
Јас носам очила веќе 6 години :geek: и онака ептен се навикнав, не ми сметаат ама некако за излегување не се баш.. Па би сакала да пробам со леќи, гледам сега повеќето се позадоволни од леќите.. Па би сакала да ве прашам колку се движи цената на леќите и плус тие течности со кои се одржуваат?