^^ Прво зависи какви леќи ќе носиш-полутврди, меки итн., понатаму зависи дали се месечни, тромесечни, годишни......има многу избор. Исто така, важно е дали на диоптријата имаш цилиндер или не. Јас немам, па моите леќи одат по регуларна цена, но другарка ми носи цилиндрични и нејзините леќи се многу скапи, бидејќи ги изработуваат по нарачка. (ова за цените за леќи со цилиндер ми е информација од другарка што ги користи, на неа и ги изработуваат по нарачка, јас лично немам такво искуство). Течностите за леќи се од 300-400 денари па нагоре, зависи која марка на течност за леќи. Јас носам месечни леќи, еден пар ме чини 600 денари. Порано носев годишни леќи кои во тоа време (пред 10 години) ме чинеа околу 3500 денари, ако добро се сеќавам. Но сега не знам која им е цената на годишните леќи, одамна не користам такви. Во секој случај, мораш прво да одиш кај офталмологот да те прегледа, да ти го утврди диоптерот на леќите (бидејќи не е ист со диоптерот на очилата), да утврди каков тип на леќи можеш да носиш, и потоа да ти препорача какви да купиш. Леќите се многу добра работа откако ќе се навикнеш на нив, јас ги носам 11 години, презадоволна сум, не сум имала до сега буквално никаква инфекција или некој друг проблем.
Иако сум оф-топик не најдов друга соодветна тема. Јас на 4/5 јануари ќе идам на очно за леќи да земам. Првпат ќе ми е и ја прашав дали може да идам ми кажаа над 12 години. Епа јас имам 12 години и можам да одам значи. Закажав само ми е страв што ќе ми прави првиот пат. Она ќе ми става леќи или како? Ај некој искусен нека ми каже. Фала однапред.
Ете јас ќе ти кажам...Прв пат ставив леќи на 17тина години не сакав да носам наочари.. Прв пат ми ги стави таа таму што продава оти мене ми беше страв... Значи едно многу битно за да не си створиш проблем со очите како јас што си направив-СЕКОЈА вечер менување на течноста и вадење на леќите...Пред вадење и пред ставање раце миење ОБАВЕЗНО и бриши се од чиста крпа!Еднаш месечно апче за прочистување од протеини по половина за двете леќи(тоа го има од таму од каде што ќе ги купиш леќите)! При ставање да внимаваш да не ти се сврти обратно леќата бидеќи и тие си имаат положба во која треба да се ставени оти инаку ќе те боцка и ќе ти солзи окото! При вадење на леќата од окото за полесно и да не ги оштетиш,изгребиш и леќите и окото да не си го повредиш ќе притисниш нежно на ирисот на окото(ќе ја видиш леќата се познава на белката со проѕирна плава боја е)значи ќе прицниш леќата ќе се одлепи од окото и само ќе тргниш! Мислам дека ти помогнав!
Ме интересира како знаете дека ви се подобрил диоптерот без да отидете на преглед? Дали почнува да ви се мати видот додека носите наочари? Конкретно за мене, кога ќе ги ставам наочарите на врв на нос подобро гледам отколку кога нормално ми стојат Ова ми се случува овие неколку дена, а на преглед планирав да одам дури во фебруари.
Женски, препорачајте ми некој раствор за леќи од фирмата Бауч и Ломб само да не е Рену..? И уште нешто, дали новиот раствор што излезе-Bio True што оди како поклон кога купуваш некои леќи го има веќе во продажба?
Што мислите за контактните леќи? Вака, од кога носам очила постојано ми се качува диоптерот и никако не ми се намалува. Скоро на секои 3 месеци менувам стакло бидејки ми се качува диоптерот. Докторката ми кажа дека можно е така да биде до мојата 18 год. Ми препорача леќи. Не се многу скапи една е 350 но треба да земам 2 пара бидејки ми е разлишен диоптерот. Кажете мислење, да ставам или не?! Благодарам однапрет.
Точно, до одреден период, до 20 и неколку години ќе ти се качува диоптерот, ама качување на 3 месеци е екстремно и треба да си бараш решение. Леќите не се решение. Прво обидувај се да не ги уморуваш очите на слаба светлина, немој да работиш на компјутер во темна соба, немој да гледаш телевизија во темна соба, немој во телефонот да жмуриш во темна соба.
Феминки ќе може ли мала помош. Пред една недела кога ги ставив леќите на очи ме болеше главата од нив цело време и ги извадив. Помислив дека можеби сум ги помешала лево/десно око оти не бев сигурна кога ги извадив последниот пат како ги наместив.. Ок, ги фрлив. Вчера отворив нови и ги ставив на очи директно од кутивчето во кое беа пакувани. Убаво ми беше со нив, ги носев цел ден, ни глава ме болеше ни ништо. Откако отстоија во растворот преку ноќ, денеска пак ги ставиам на очи и пак глава ме боли од нив.. а внимавав на нив, да не ги помешам, ги измив повторно па пак ги ставив но пак ништо. Можно ли е до растворот да е проблемот??
Девојки, ги користи ли некоја од вас Air Optix меки леќи? Како сте задоволни од нив и во која оптика во Скопје се најефтини? Исто така сакам да прашам дали е неопходно откако ќе ги купам леќите да одам на вежби за ставање/вадење или можам сама да се снајдам?
Јас ги користам и ги купувам од оптика Елени - ГТЦ 1 спрат ... Цената секако се менува во однос на големината на диоптерот , и зависи од количината што ја земате . Јас имама диоптер 4.75 ист и на двете очи и си купувам 2 кутии . Во една кутија има 3 леќи и цената на една кутија е 1600 ден. Инаку две леќи користам 1 месец и 15 дена и потоа земам нови две леќи . Со две кутии јас имам 6 леќи или 3 пара па така поминувам 5 ипол месеци со две кутии . Сепак ке кажам цената се менува и не е истата ако диоптерот е помал . Пред две години кога диоптерот ми беше 3.00 една кутија купував за 1100 ден. Е сега во врска со вежбите јас научив да ги ставам на клиника .. Сестрата ми покажа и лесно беше одма научив .. После немав проблем .. Инаку можеш и сама да се снајдеш на интернет има многу видеа и инструкции како да ги ставиш леќите ...
Здраво девојки,јас носам меки леќи веќе 8 години и да ви кажам тие се најдоброто нешто што ми се случило во животот.совет за сите почетници:првите неколку дена леќите нема да ги носите долго време,на очите им треба време да се навикнат.како што напиша nice girl може да имате главоболки,солзење на очите,вртоглавица и сл.тоа со ставањето многу брзо се учи,застанете пред огледало и вежбајте.може да имате непријатности и ако леќата ја ставите од погрешната страна.тоа многу лесно се гледа.пред да ја ставите видете ја на светлина,доколку е превртена рабовите ќе бидат поостри.внимавајте да не ги помешате,затоа на касетата за леќи секогаш има букви која е лева,а која десна страна.менувањето на диоптерот е индивидуално,мене престана да ми се зголемува на 18 години.прекрасно ми е со леќите ги носам цел ден,можам да се шминкам,немам проблеми со читањето,едноставно воопшто не ги осеќам.се надевам дека барем малку ви помогнав поздрав
Прашај во фонд. Јас за моите пробав, ама ми кажаа дека за таа дијагноза не покриваат ништо. За твоите може ќе покријат 10 - 20%.
Женски да јас нешто да прашам? За Божиќот од фб од една оптика добив очила за сонце подарок, па сакам да прашам дали можам да им кажам во оптиката да ги сменат стаклата и да бидат диоптерски? И одприлика колку ќе ме коштаат тие стакла?
Долл можам да се кладам дека одиш на прегледи кај една плава докторка, крупна со многу строги очи и многу брзо збори. Се кладааааам ! Mислам дека Данка Новевска се викаше. Не е битно, имам и понапред во темата пишувано за неа. Сакам да ви кажам на сите: НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ВЕ НАТЕРА ДА КУПИТЕ НЕШТО ОД КАЈ ШТО ВИЕ НЕСАКАТЕ! (јас се извинувам ако долл не е пратена од докторката во елени и ако грешам со ова) Многу е чест случајот да докторите имаат соработка со оптиките и да си кркаат процент у смисла "јас као доктор ќе ви праќам пациенти кај вас, ама вие на три месеци ќе ги собирате рецептите со кои јас ќе ви ги пуштам, и ќе направиме договооооооор" Е така мили мои оди тоа. Јас имам најдено леќи и поефтини од 1100 ден, ама бидејќи далеку ми беше оптиката од дома, за понатамошно купување не одев кај нив. А ако сте доволно бистри, ќе си појдете во оптика и сами ќе си направите договор. Јас во таа сега кај што купувам и реков на оптичарката дека имам намера стално од кај неа да земам (сакала-нејкела и леќите имаат рок на употреба) и дали ќе ми дава попуст во иднина. И, да. Дури и очила кога си купив, за рамката и изработката имав попуст. Па гратис ми даде и раствор за леќите (кој што дополнително немора од оптики да го купувате туку и од аптеки, каде што мислам дека е и поефтин). Дечки, прашувајте си у која оптика и да ја видите. За прашање не боли ниту пак наплаќаат. А за вежбите, немораш да одиш. Ако пробаш и можеш сама...немаш гајле. Јас прв пат ко бев, во буквална смисла неможев да дозволам некој друг да ми брцне на око да ми стави леќа. И дома сама си се научив. И за ставање и за вадење. Тоа е толку едноставна рутина од реални 10секунди што само треба да имаш убаво измиени раце. Толку. Попрво ќе се превртам од стол, отколку да дозволам некој друг да ми брцне у око. Не, не, не Занчи во Македонија нема фабрика за леќи ниту за раствор за оржување. Нека не ве лажат дека леќите што ви ги напишал лекарот се премногу посебни и бараат посебна изработка. Сигурно нема да се јават во Канада или САД да ги нарачаат у фабриката, да отворат посебен погон за да ги направат леќите Затоа кога ќе прашате во оптика колку чинат таквите леќи, ќе прашате и колку време треба за да се набават (у смисла да се дистрибуираат од увозникот) и ако сте ценкач ќе прашате дали можеби во иднина кога пак би земале од тука леќи би имале попуст, па може и да си побарате визит картичка, нека ви стават печат позади на картичката дека ви е одобрен попуст....Не туку се залетувајте ако д-рот ви кажал оптика Елени и толку...И на крај краева зошто лекарката би се лутела ако јас не купам од наведената оптика?! Може вујко ми е газда на фирмата што ги зема од странство и ете јас по набавна цена сум ги нашла! И сеа?! Што праиме?! Нема да сака да ги отвори а? Извинете што ми е долг постов ама морам бе дечки....бидете малце итри, снаодливи...
Има ли некоја што го користи РЕНУ растворот за леќи ? Како сте задоволни од него?? Мене ми го препорачуваа порано да го користам но некако страв ми е , читав некои негативни коментари за него као содржел некои штетни супстанции а и порано бил повлечен од продажба а колку е точно тоа не знам. Некој??
Сакам да прашам дали за контактни леќи пожелно е да се има кратки или долги нокти. Инаку го одложив прегледот за 17 јануари поради обрвски и така. Инаку и јас сум кај Данка Новевска т.е таму закажав. Ако ми дадат леќи ќе ве известам,се надевам се ќе биде во ред.
^ Ако не си носела леќи до сега, препорачливо е да немаш долги нокти кога прв пат ќе ги ставаш, затоа што можеш многу лесно да ги оштетиш. Јас носам леќи подолго време, ама не можам со долги нокти да ги ставам, а еве сестра ми нема гајле.