Ти си почетничка,знам затоа што ми пиша .пробај со кратки потоа ќе можеш и со долги.со долги можеш да се повредиш или да ја скинеш или оштетиш леќата.поз
Ти си почетничка,знам затоа што ми пиша .пробај со кратки потоа ќе можеш и со долги.со долги можеш да се повредиш или да ја скинеш или оштетиш леќата.поз
Кога отидов прв пат да земам леќи имав многу долги нокти. Докторот ми рече - Бирај нокти или леќи. Јас не носам скроз кратки, но не се поголеми од 3,4 мм почнувајќи од коренот. Разлика забележував кога ќе ги оставам малку подолги при вадење, не при ставање, понекогаш знаев малку да го гребнам окото. Е сега јас си имам мака. До сега носев скроз обични стакла, без заштити и глупости. Сега кога земав нови очила, ставив стакла со заштити и што ти знам друго ама забележувам дека главата ме боли, што малку ми е чудно зошто нели таа заштита треба да е добра и да не го заморува окото. Се мислев да не не сум навикната ама еве недела и повеќе помина, кај мене главоболката е се поголема. Сте имале ваков проблем?
Може. зошто да не. Само, во оптиката ќе ти кажат колку пари. Секој диоптер си има цена. А влијае и тоа дали се обични стакла, пластични, титаниумски.
Тие стакла со заштита и јас неможам да ги трпам, незнам зошто но неможам. Мене не ме боли глава, но некако видикот низ стаклото не ми е исти. Плус заштитните слоеви многу брзо ми се гребат и оштетуваат и тек тогаш имам проблем. Гледам рецки во видното поле. Е сега најново оптичарот ми кажа имало некои нови стакла со заштита кои не се гребеле но коштаат околу 4000 денари само стаклата. Сепак ти провери си да не те боли глава од нешто друго. Пример погрешен диоптер, неточно измерено растојание, ако драстично си ја променила формата на стаклата (мене така ми се случи ја сменив формата на стаклата но скроз различни и цела недела само рабовите и рамката и шајчињата кои беа во стаклото ги гледав и ме болеше глава).
Јас од кога ги земав наочарите имам заштита, значи претходно не сум носела обични и повремено имам главоболки.. ама не верувам тоа да е до заштитата. Нема логика некако.. o.O Од голем диоптер да не е или ваљда треба време за да се навикнеш на такви стакла.
Носам очила можеби од мои 10години(сега сум 19). Незнам дали да земам леќи. Дали има некоја феминка што од очила се префрлила на леќи?
Леќите се супер. Јас скоро 15 години носм меки леќи. Супер се леќите , големо ослеснување се. Гледаш поубаво со нив, и ког е надвор ладно , а влегуваш во затполена просторија немаш змаглување како кај очила. Единствена маана е што бараат повеќе хигиена и после подолг временски период носење почнуваат да прават проблем на очите бидејќи се сушат ( леќите се 70% вода).
Јас ги носам 6 месеци и ептен ми легнаа добро. Нити ми се сушат покрај печка, термо, ниту ми требаат вештачки солзи. Кога преминав од очила на леќи мислев дека имам нов пар очи.
Еднаш, кога ја прашав лекарката за леќи, ми рече дека сум немала потреба толку да ги оптоварувам очите, сум имала многу мал диоптер. На почетокот, многу повеќе сакав да земам леќи. Ама изгледа излегуваат поскапо. А сега кога ќе размислам, не би можела да си ставам нешто во окото. Мене кога ќе ми за закачи трепка, се вознемирувам, а не пак нешто друго. Мислам дека на мене ќе ми треба многу време да се навикнам, така што си останав на очила... Требаше сега да одам на контрола, на почетокот на декември. Ама ме мрзи да одам прво кај матичен, да закажам. Што убаво беше преку телефон.
Не сум ги ставила од петокот леќите и утре и задутре нема да ги носам во среда сум пак на очно,така ми рекоа уште една проверка. Уште 2 дена мачење со очите. (слаб ми е диоптерот на наочарите ) Е сега некој поискусен да ми каже од почеток треба помалце да се носат по саат-два или нема врска? Јас тогаш ги носев два часа и немав ни црвенило на очи,очите супер ми ги прифатија леќите. Е сега значи сакав да прашам вака во среда сабајлето одам на очно и после ќе одам директно во школо ќе ги пропуштам првите часа и после дали можам да си продолжам со леќите,да не се мачам со наочарите(и така не ми помагаат многу)или да ги извадам леќите,па пак со наочарите? Фала ви на помошта однапред.(знам досадна сум само прашувам нешто. )
Стави си леќи не се мачи. Јас уште од прв ден можев да ги носам без да ги вадам. Нема споредба и не се мачи. Сега јас не би земала очила. Мора ли секој да ме знае дека имам проблеми со видот.
Пред два дена за прв пат ставив меки контактни леќи со диоптер -1.5, е сега што е проблемот, кога ги носам надалеку гледам одлично но одблизу некако ми е заматено, па сакам да ве прашам дали е тоа е нормално дури се навикне окото или е нешто друго?
Колку блиску? Да речеме кога работиш ред компјутер ти се мати? Мене леќите ми пречат при читање затоа што ми се заматува видот, ама само под одреден агол. Значи ако ја ставам книгата во висина на очите, нема да имам проблем. Ама ако ја ставам на маса да речеме, тогаш ми се мати.
Да, баш кога сум пред компјутер ми се заматуваат буквите не можам убаво да фокусираам, стварно не знам што е проблемов, а докторот не ме предупреди дека може така да биде.
Консултирај се со очен лекар, не би требало таков проблем да ти се јавува. Таман работа да ти се заматува видот од блиску додека ги носиш, многу проблеми може тоа да ти направи. Ќе не можеш ниту да читаш, ниту да пишуваш, а леќите не се стави-вади како наочарите.
Сакам да ве прашам кои капки за очи/солзи ги користете за леќите?Јас си купив од леќите од фирмата Air Optix и докторот ми рече да ги носам по шест ноќи но многу ми се суши окото па затоа сакам да користам некои солзи.
ако ти се сушат очите вади ги на 2 дена,остави докторот што ти кажува.сите сме различни.не може секое око да го поднесе тоа
А зашто да ги носиш додека спиеш?? Јас носам леќи од Air Оptix сега а инаку леќи носам 10 години па не сум купила никогаш од тие што се спие со нив. И јас го имав истиот проблем, тоа е затоа што кога гледаме пред компјутер поретко трепкаме и се суши окото. Јас би ти препорачувам кога работиш подолго време на компјутер да носиш наочари со заштита. Јас бидејки работам 8-10 саата на компјутер на работа носам наочари, а кога излегувам или сум дома сум си со леќи.
А зашто да ги носиш додека спиеш?? Јас носам леќи од Air Оptix сега а инаку леќи носам 10 години па не сум купила никогаш од тие што се спие со нив. Затоа што купив од месечните леќи на Air optix кои можеш да ги носиш и до една недела,па почна да ми е тешко да ги ставам секое утро, да ме пецкаат и докторот ми кажа дека тие се премногу танки и за да не ги оштетам треба да ги носам повеќе ноќи.Затоа сакам да користам солзи додека да ги искористам имам за уште пет месеци па после ќе видам.Јас веќе 5 години носам леќи и до сега немав никаков проблем, дури мене лично повеќе ми се допаќаа леќите на Baush&lomb кои ги користев претходно иако се поефтини од овие на Air optix.Сакав да пробам затоа што сите ми ги препорачуваа но не сум премногу задоволна.