во познатата ицо оптика и јас ги купувам моите рамки хаха да ве прашам,кога може да носам леќи? бев во лептокарија кај приватен,па во турската очна..и таму и таму ми кажаа после 18 год. НАЈВЕРОЈАТНО. еден на одмор лани,му дале да носи дури после 22 год. има девојчиња што ги знам,14 год и носат леќи..
Има и од 400 ден., 1000, 1200 па до 2500 ваков модел. По нормална цена здравје Еве и слики има од некои тука https://www.facebook.com/ico.optika/med ... 119&type=3 Иначе деновиве даваат клуб картички за попуст, па ако сте во план за купување може добро да ви дојде Препорачливо е носење леќи од 17,18години. Ти ако запнеш можеш кога сакаш да ставиш, никој не може да ти забрани, ама нема да направиш добро.
Јас имам 12 ипол години и скоро веќе 3 недели ги носам. Ма нема врска оди во Букурешт на сите даваат,супер се,по цел ден сум со нив,наочарите не знам ни кај ми се,станувам,мијам лице одма ги ставам,вечерта пред спиење ги вадам и легнувам и секој ден така. Одлична работа,да си земеш,немој да чекаш.
Моите се 1 пар за да се носат 2 месеци, ама сега ги носев неколку дена плус. Дали практикувате да ги носите нешто подолго од 2 месеци?
ми викаат дека можно е после проблеми да си имам..фала сепак,ќе пробам ќе отидам да видам што ќе ми кажат
Денес прв пат ставав леќи таму во ординацијата, значи 45 минути се задржав ја измачив таа сестрата иако сам ги ставав, таа мораше да ми вика трепкај не трепкај повисоко прстот поцврсто држи го капакот хахаха :3 а за вадење од втор обид ги вадам
Дефинитивно неможам да ги наместам -.- деснава ја стаив за 10 мин левата од 7 и 40 ја ставам и неможам да ја наместам, само шо трепнам излегува се изнервирав брцнав два прста у десново и ја извадив и таа
StayCalm и јас мака мачев на почетокот, ама со десното. Не можев на него да ја ставам леќата никако. Со чинија, крпа, течноста и огледалото седнав на биро и после не знам колку неуспешни обиди успеав. - Прстот нека ти е сув скрос ( гледај да нема влакненца од крпата) а леќата доволно влажна.
Пред 20 минути почнав сеа ни на десното неможам, а вчера се откажав почна окото да ме боли едит: ги ставиииииииииииииииииииииииииииииивввввввввв инаку мене ми кажаа да сум ги вадел на 2 саати па пауза 1 саат па ова па она и така секој ден да се зголемува носењето намалува паузата, да го правам тоа или нема врска? не ми се губат 5 саати на ден за ставање
Како се одржува ова кутивчето кај шо стојат леќите? Слушнав дека на период се провривало, точно ли е? Друго сакам да прашам, како ќе осетам дека леќите ми се при крај?
Јас не правев паузи. Ги носам од сабајле 9-10 саат, па додека се вратам од факултет и накај 8-9 ги ваѓав. Кутивчето немој со вода да го миеш. Нормално нели течноста ја менуваш и пред да ги ставам леќите во ставам малку од течноста и ги протресувам, па ја истурам.
Јас кутивчето го менувам секогаш кога ќе купам нов раствор за леките. Инаку, го мијам со физиолошки раствор (купи си од аптека, не е скап), не го бришам-чекам да си се исуши (за да не останат влакненца), немој да го миеш со вода. Очите ќе те пецкаат, ќе ти бидат суви и ќе гледаш малце матно - така ќе знаеш дека треба да си купиш нови леки.
Ги носев јас 3 месеци, демек ништо не им е, ама си заработив инфенкција на окото. Тие месечните леќи се по правило за 1 месец, ама доктор дозволува да се носат месец и пол најмногу два. За неколку дена не ти е ништо ама немој да практикуваш да ги носиш повеќе. Најдобронамерен совет
Јас планирам утре да идам да купам нови, зашто надминав една недела. Ме интересира од која фирма земате, препораки нешто
Пред 5 минути ми се скина десната леќа додека пробував да го тргнам тоа влакненцето мало од крпата .. само 5 дена ги износив а 800 денари се, се продава ли само една и во мојот случај 400 денари ли ќе биде затоа што диоптерот ми е ист на двете очи.
https://www.meandmyeyes.com/media/Image ... pliada.jpg Јас ги користам овие, 2300 се 6 леќи, а има едни други добри Air Optix, тие се поскапи едно пакуванје од 3 леќи е 1800 денари ама се многу подобри. Мислам дека не, ама најдобро прашај си во оптиката кај што ги земаш.
А супер уште тоа ми фали дома да кажам дека треба нови да земам, инаку можам ли да земам од друга оптика леќи а не од таму каде што одев на преглед?
Ее си требал да внимаваш,јас од почетокот,сега пред неколку дена де,кога ми падна леќата леле 15мин не можев да ја најдам,ја чистев ова-она и ја носев и инфекција на око си добив,па црвенило ова-она,ама ај помина уште ја носам таа,што да правам. Инаку сега заборавив дека носам леќи и се избањав со нив,ќе има некој проблем или ништо не е? Ах нежна работа биле леќиве...