Една информација за сите што користат вакви леќи Имам пишано и претходно дека е тешко да се најде оптика каде што ги продаваат на парче, скоро секаде ги даваат 6 пара во кутија. И тоа е многу зезнато за ние што носиме различен диоптер на двете очи, ќе треба наеднаш 12 пара да купиме. Јас ги купував од DioptraOptics од Лептокарија, па последен пат кога бев ми дадоа визит карта и видов дека имаат оптика и во ГТЦ и Струмица. Во ГТЦ имаат оптика на приземје, еве ви бројче 23 231 660 А во Струмица адресата е Маршал Тито бр. 42, телефонски број - 34 552 0171 Има пишано и сајт на картичкава, ама нешто не го отвара
Јас вчера за прв пат ги сефтосав леќите......Е сега осеќам боцкање и малку матно ми се гледа...ептен ми е чудно...дали е ова нормално? Нели дури да се навикни окото оти пред тоа носев очила...да напоменам дека диоптерот ми е -3,50 и плус со цилиндер....Дали ова игра некаква улога? Еве во моментот ги носам и само трепкам Упатете ме...просветлете ме вие со поголемо искуство во носење на леќи
Пак јас и леќите Или сум јас неписмена или нешто е чудно со леќите Се поднавикнав тро, сега проблемот е шо....на пример ко ќе се загледам во една точка, на пример во компјутер или да пишам нешто па да го кренам погледот ми се гледа матно, многу матно......нормално е ова или да го рачунам како проблем? И уште не престанва боцкањето и чуството како да имам нешто во окото Уште колку време ќе треба да се прилагодат очите? Јас стварно не знам шо да превземам....почнува нерва да ме фаќа....
Сакам да купам леќи во боја, но во Optica Italiana во Веро Џамбо ми рекоа дека морам на диоптрија. Сакав да прашам каде има диоптрија во Скопје и колку пари е?
Можеш да купиш леќи во боја и ако немаш диоптер, но не те разбирам каква диоптрија бараш? Да одредиш диоптер?
Пробај ставај вештачки солзи, да ти го навлажнат окото. И јас ги земам овие, ги има исто на парче во Бисер, Оптика Ели. Туку да прашам, сум земала две, ама една никогаш не сум купила. Сабајле кога ја ставав леќава приметив дека ќошот најверојатно го имам потскинато и фали. Малку ме боцка леќата, ама можам да гледам, не ми мати. Прашањево ми е, има нешто штета ако ја носам вака? Нема 2 недели кај што ги земав
^ Уф, јас не би ти препорачала да ја носиш Штом ѝ фали парченце и те боцка, купи нова. Барем овие што ги користиш не се кој знае колку скапи. За 300-350 денари јас не би ризикувала
@Antolinaa земи си нова обавезно, јас мојата ја скинав после 5-6 дена носење и тоа премногу лесно се скина али ајде, 400 денари си земав нова.
Девојки плис дали некој знае каде може да набавам леќи во боја на fresh look во која оптика во Скопје, дали некој знае каде се поевтини, фала ептен
Бев денеска да си земам леќи, за прв пат. Наочари имав, но не носев, никако не можев да се навикнам, не од аспект на естетика, туку... ми сметаше тоа што е ограничено видното поле, нели периферно, горе и доле над и под рамките...и така ми се зголеми диоптерот дупло и кога бев да сменам стакла се решив и за леќи. Бев сега, ми одржаа лекција во ординација за ставање/вадење и се остало... леле, смешки бев додека пробував, 30 минути се мачев од страв дека ќе ми се скине или ке ми падне леќата, дека се многу тенки и меки, ми се тресеа рацеве... Кога конечно успеав да ги ставам, воопшто не ми сметаа ниту пак ми солзеа очите, ништо, се супер... Сега стискам палци да се навикнам на нив и да ми стане рутина целиот процес што побрзо... Е сеа, се си прашав ваму, само заборавив да прашам дали ако се скине или изгуби една леќа има да се купи една посебно? Или строго во пар се продаваат?
Јас со неколку прашања,можеби ми се глупави,но се извинувам. Девојки цените на леќи во боја и обични исти се? Друго -1,50 диоптер,какви леќи треба да се носат меки,тврди? И трето може ли да ми препорачате некој доктор во Скопје,и цена кај истиот ако може.Месецов треба да одам на преглед,па ме интересираше. Однапред благодарна.
Девојки ај помош малце Купив леќи во боја за 6 месеци ми кажаа ги немам ни 1 месец ама водичката што е за 6 месеци скоро пола ја потрошив многу ставав и ги миев од најмала прашинка , сега леќите се за 6 месеци или водичката (1 пар е само)
Леќите се за 6 месеци а течност за леќи ќе си купиш кога ќе ти се потроши. Можеш и од аптека да ја купиш.
Абе земи си упат од матичен доктор,и мислам дека земаат само 80 денари за преглед со сини картончиња.